You are on page 1of 1

Карневалската маска во мене

Ноќта тивка со крилјата мрачни свои,


Приказни карневалски почна во мене да крои.
Со дланките нежно како изгубен патник ме води,
Во светот на карневалот ко низ река броди.

Низ цела Струмица, детскиот весел глас почна да ми се слуша,


Кога сите се здружуваат и си играат радосно од душа.
Некои од девојчињата се прават вистински манекенки,
А некои, пак други – Пипи Долгиот Чорап со интересни плетенки.

Момчињата како Спајдермен и Бетмен по плоштадот ги гледам,


А, принцот и принцезата нетрпеливо ќе ги пречекам..
Самовили или вештерки страшни, ќе се наредат во ред,
Мали дечиња маскирани – слатки ко мед.

Гордиот танц на самовилите смели,


Играта нивна – илјада приказни реди.
Како несопирлива, жуборлива река во својот тек,
Се нижат сказни со глас спокоен,мек.

Традицијата секој Струмичанец ја чека да се одржи,


Маските волшебни во срцето негово, да ги подржи.
Да ја види таа прекрасна, шарена карневалска слика,
Која по улиците во Струмица, на 16 март сјајно ќе блика.

Посакуваш ли да бидеш дел од овој чудесен свет?


Подај ги дланките кон струмичкиот карневал и започни го својот лет.
Не плаши се од боите на ноќта темна, мрачна!
Слушај... надоаѓа бајката чудесна, зрачна.

You might also like