Professional Documents
Culture Documents
„Тешкото“-Блаже Конески
Кој може да остане рамнодушен на звукот на зурлата и ударот на тапанот?
Текстот на „Тешкото“
Структура на песната:
Песната има десет строфи, со по осум стихови. Секој стих има по дванаесет слога освен
последниот стих од секоја строфа кој има пет слога.
Според местото во стиховите римата е вкрстена(рани-збрани, усти- пусти). Според
местото на акцентот има машка рима(пој-твој), женска(штура-сура).
Сликовитоста на песната ја даваат големиот број стилски изразни средства.
На почеток, самата симболика се открива во насловот на песната(орото-мачното вековно
минато на народот преполно со страдање, ама и борба за подобро утре).
Апострофата се гледа во емотивниот крик на поетот:,,О тешкото!“
Компарацијата е присутна во повеќе стихови:„да плачам ко дете“;
„од песна -за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет“
Намерното испуштање на сврзници со цел засилување на емоцијата ни ја дава стилската
фигура асиндет:„да превијам раце,да прекријам лик“.
Поетот ја употребил и спротивната на неа, полисиндет(зачестена употреба на сврзници):
„и чиниш...
и околу...
и враќаат ек“
Во следните стихови ја забележуваме покрај полисиндетот и анафората:
„ И во него шуми...
и во него рика...
и во него шепнат...“
Прекрасна е персонификацијата во стиховите:
„и земјата дише со пролетна ситост
со запален здив.“
Метафората ја најдовме во:„не идржа срце-сив сокол во клетка“
За да ја зголеми убавината на песната ја употребил и стилската фигура реторско
прашање:
„Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?“
Големиот број епитети ја потврдуваат маестралноста на нашиот Блаже Конески.
Пр. вековно ропство, родниот кат, бунтовната нога, листена гора, калеши моми,
пламнати ноќи, пеплишта пусти, лутите рани, радосна челад, слободен свет...
Научивме повеќе!!
Читајќи го „Тешкото“, откривме дека ритамот во песната е строг, а објаснивме дека
ритмичка стапка(е целина од нагласен и нанагласен слог). Во зависност од бројот на
рамномерно нагласени и ненагласени слогови има ритмички стапки од два или три слога.
Јамб(- / )двосложна ритмичка стапка од ненагласен и нагласен слог;
Трохеј( /- )двосложна ритмичка стапка од нагласен и ненагласен слог;
Дактил(/ - -)трисложна ритмичка стапка во која првиот слог е нагласен ,а другите два
ненагласени);
Амфибрах( - / - ) трисложна ритмичка стапка во која првиот стих е ненагласен,
вториот нагласен, третиот ненагласен);
Тапанот грмнува!!
ЗА „ТЕШКОТО“ ВО НОВА МАКЕДОНИЈА