You are on page 1of 1

Мојата идеална држава

Јас живеам во Република Македонија. Има многу карактеристики што ги


сакам за оваа држава но има и многу што мораат да се променат и тие дневно
и ги загрозуваат животите на народот во Република Македонија. Македонија
е демократска држава што значи секој човек има право на глас, но нашата
политичка состојба на државаата не е најдобра. Многу луѓе знаат да се
мразат заради нивното политичко мислење. Затоа јас мислам дека во мојата
држава луѓето треба да си ги почитуваат своите мислења и да сватат дека
секој има свој став. Но јасно е дека државата се грижи за народот. Таа
постојано гради нови згради. Не влеам дека тоа е нешто лошо народот да
има место каде да е сместен но некогаш претеруваме со тоа. Населбите
стануваат во градилишта и кога некоја зграда ќе почне да се прави или
реновира таа понекогаш не довршува. И со тоа се уништува зеленилото во
населбата и се рушат многу дрва за да има место каде да се дигне зградата.
Затоа јас би сакал проектите за згради да не се одложуваат, и организаторите
да бидат по одговорни. Многу луѓе насекаде во државата возат коли.
Насекаде каде што одат несакаат да одат пеш и одат со кола. И со тоа
воздухот станува многу ЗАГАДЕН. Но не е само колите изворот на
загадување. Највише е палењето на отпад. Затоа за да се реши до проблем
јас предлагам луѓето да купуваат материјали што може да се рециклираат и
да ги рециклираат материјалите. Ако се во можност да патуваат во јавниот
превоз и да одат со точаци. Но многу луѓе не сакаат да одат со јавен превоз
бидејки е многу не хигиенски. И тука јас се сложувам со нив, треба повеќе
да се грижиме за нашата хигиена во државата, не само кога има ваква
пандемија. Навиќите што ќе ги стекнеме за хигиена за време на оваа
пандемија да ни останат за секогаш и никогаш да не ги забораваме.
Образованието во државата е доста добро не сеуште имам неколку замерки.
Мислам дека децата не треба да имаат повеќе од 5 или 6 часа. Децата после 5
час се изморени и ја немаат таа концетрација да следат на часот и да прават
тестови и писмени. Ова како јас би сакал мојата држава да биде. Барем ако
некој од овие предлози што ги кажав можат да се остварат. И државата може
ќе стане подобро место за живеење.

Константин Симончев.

You might also like