You are on page 1of 2

Лирски видови

Лириката како литературен род опфаќа повеќе литературни видови. Тие се менувале и се
развивале уште од антиката. Некои се изгубиле (молитвата, дитирамбот, албите, канцоните,
пасторалите, идилите и сл), а некои продолжиле да постојат до денес.
Денешната лирика разликува неколку лоирски видови: лирска песна, ода, елегија, сатира,
хумористична песна, епиграм и епитаф.

Поделба на лирските видови


Лирските видови се делат на 4 групи според чувствата кои се изразени во нив:
1.Субјективна лирика
2.Возвишена лирика
3.Елегиска лирика
4.Сатирична лирика

Субјективна лирика-
-со овој вид лирика се изразуваат субјективни доживувања на различни животни состојби –
вљубеност, размислувања за интимата, импресии од пејсажот, љубов кон татковината, ставови за
смислата на живеењето, за социјалните разлики во општеството и сл.(интимна, љубовна,
пејсажна, патриотска, социјална, рефлексивна лирика)

Возвишена лирика-
-Ги опфаќа сите видови на субјективна лирика кога имаат возвишен и свечен тон се возвишена
лирика). Такви лирски песни се:
а) ода – пофална песна во која се изразуваат возвишени чувства посветени на јунаци, херои и
истакнати личности
„О, младост, дај ми крилја!
О, младост, над просторот земен проникнувај!
О, младост, чашата медна е слатка кога со друг се дели!“
„Ода на младоста“-Адам Мицкјевич
б) химна – свечена пофална песна (политичка, национална, воена). Се изведувапридружена со
музика на различни настани, приеми, пационални празници и сл.
Денес над Македонија се раѓа
Ново сонце на слободата
Македонците се борат
За својте правдини...
„Денес над Македонија се раѓа“-Владо Малески

Елегиска лирика-
-а) лирска песна- лирски песни во кои се изразува длабока тага заради различни животни
несреќи (загуба, несреќа, смрт, изгубена љубов, осаменост и сл.). произлегла од тажачките песни
кои се пееле за покојите лица, а подоцна се опевале и тажни љубовни, социјални и интимни
настани.
б) епитаф – кратка елегична песна за починатиот човек во која најчесто се изнесуваат податоци
од неговиот живот.
Сатирична лирика-
-Сатирична лирика опфаќа песни во кои се исмеваат недостатоци на луѓе и на општествени
слоеви со цел да се укаже на некои недостатоци кои треба да се искоренат.
а)хумористична песна-има благ хумор, поетот сака само да насмее, не и да навреди
б)сатирична лирика(политичка, социјална, лична)-поетот користи сарказам и иронија со цел да
исмее и да жигоса некој личен или општествен недостаток
в) епиграм-кратка хумористично-сатирична песна насочена против лични или општествени
недостатоци

Лирски видови со утврдена поетска форма


Сонет-
претставува лирска песна со утврдена форма. Составен е од 14 стиха групирани во 4 строфи.
Првите две се катрени, а вторите две се терцини. Најпознат поет кој пишува сонети е Франческо
Петрарка кој пишувал сонети инспириран од љубовта кон девојката Лаура. Во неговите сонети
во првата строфа има вкрстена рима, во втората-обградена рима, во терцините се римуваат
првиот стих од третата со првиот стих од четвртата строфа, исто и вториот и третиот стих.
Сонетен венец-
најсложена лирска композиција. Се состои од 15 сонети од кои петнаесетиот се нарекува
магистрал. Магистралот е составен од првите стихови на претходните сонети. Сонетите се
поврзани меѓу себе на тој начин што последниот стих од првиот сонет е прв стих во вториот
сонет итн.
Магистралот треба да биде напишан како акростих- почетните букви од секој стих дава име на
оној ому му е посветен сонетниот венец.

You might also like