You are on page 1of 9

Вовед

Национална опера и балет

Основана е во далечната 1945 година во рамките на тогашниот Македонски


народен театар кој беше составен од драмски, оперски и балетски ансамбл,
националната установа Македонска Опера и Балет (МОБ) е најголемата
институција од областа на културата во Република Македонија.
Од тогаш до денес на сцената се изведени огромен број дела од светската
оперско-балетска литература кои се на репертоарот на најголемите сцени во
светот. При тоа се реализирани огромен број на гостувања на познати европски
и светски уметници, и автори.
Во современи услови Македонската опера и балет ги интензивира своите
програмски определби кои покрај класичниот репертоар, ги опфаќа сите
современи музичко-сценски изрази, следејќи ги потребите на уметниците, но и
на публиката кои имаат свој развоен пат. Во изминатиот период одржани се
преку 350 претстави, со над 1600 учесници од целиот свет и посетеност од
околу 800 000 гледачи.
1.ОПЕРА
Опера е музичко сценско дело, музичка драма, каде глумци го прикажуваат
дејствието на драмската приказна пеејќи го текстот, пратени од оркестар. Се смета за еден
од најкомплексните облици на уметност. Претставува извонредна фузија на пеење, глума,
оркестрална музика, костими, сценарио (либрето), ликовен сценски израз, а често и балет
како форма на танцување.
Зборот опера е скратен облик од италијанскиот израз opera in musica, што во
буквален превод би значело „музичко дело“. Целта на ваквото именување, била желбата
да се опише операта како збир од музички дела сплотени во единствена музичка форма.
Со терминологијата се поврзува и латинскиот збор opus, со значење „драма што се пее“.
Операта „Дафне“ (Daphne) на италијанскиот композитор Јакопо Пери од 1597
година, се смета за прво оперско остварување. Текстот за операта е дело на Отавио
Ринучини, а истата била напишана за елитниот круг фирентински хуманистички уметници
кои се собирале во просториите на „Camerata“. Намерата била со операта Дафне да се
оживее класичната грчка трагедија, како дел од целокупното будење на античките
вредности во периодот на ренесансата. Следната Периева опера „Еуридика“ (Euridice) од
1600 година, е најстарата сочувана оперска партитура.
Изговорниот, декламиран дијалог и музиката на оркестарот во позадина, нешто
што во операта се нарекува рецитатив, е темелна особина на мелодрамата, во нејзината
изворна смисла. Најпознатиот пример за таква музика е Менделсовата музика за „Сон на
летната ноќ“. Невидливиот оркестар кој во мелодрамата на XIX-тиот век го нагласуваше
драмскиот елемент, денес може да се препознае и во филмската музика. Филмските
спектакли со сериозна музика дирекно ја наследуваат традицијата на мелодрамата, а
нивните специјални ефекти може дури да се толкуваат како наследници и конкурентни
облици на големите опери. Меѓу раните елементи од XVI век, кои сеуште не беа сложени
во препознатливата оперска форма, треба да се спомене и дворската парада, едноставно
наречена маска. Нови елемети на маската може да се забележат во Шекспировата драма
„Олуја“, од 1611 година. Дополнително, музичко-драмски елементи може да се видат и во
мадригалите од XVI век, кои верижно се надоврзуваа, за да би се постигнала една драмска
целина. Ако се осврнеме на уште подамнешните периоди, неминовна е забелешката дека
музиката се користела уште во средновековните мистерии. Сочувано е едно музичко дело

2
постаро од „Дафне“, „Филотеја“, дело компонирано според еден религиозен верски текст
од свештеник по име Силберман. Освен тоа, музиката за „Хилдегард од Бинген“ се
изведувала на сцена во драмски облик.
Пеењето ја претставува срцевината на операта. Во големата опера (grand opera),
форма на опера која најчесто се изведува во денешно време, се пее целиот текст. Ваквите
опери, покрај соло пеењето, опфаќаат и хорски делници и играчки нумери (воглавно
балетски), а често се и брилијантни примери на ликовната уметност, во поглед на
сценографијата и костимите. Спротивно на ова, во комичните опери (opera buffa), најчесто
нема големи, грандиозни сцени, а и хорот не е толку застапен. Во ваквите дела, дејствието
помеѓу ариите е прикажано со рецитативи, полу-говорни, полу-испеани пасажи,
пропратени најчесто само акордски од редуциран оркестар или клавијатурен инструмент
(пиано или чембало). Самиот термин комична опера не имплицира на забавна содржина.
Називот претежно се однесува на опери со ведри теми, а бил воведен со цел да се направи
разлика од т.н. сериозни опери (opera seria). Ваквото разграничување се појавило во XVIII
век, кога се сметало дека комичните опери треба да се бават со обичните луѓе и места и да
имаат среќен крај, додека сериозните опери разработувале митолошки и историски теми
кои завршувале трагично. Нешто подоцна, терминот комична опера станал основа на
верските опери, но и тие најчесто завршувале трагично. „Травијата“ на Џузепе Верди,
„Кавалерија Рустикана“ (Селско витештво) на Пјетро Маскањи, „Боеми“ и „Мадам
Батерфлај“ на Џакомо Пучини се можеби најистакнатите примери. Повеселите теми од
XIX век биле основа за појавата на оперетите, кои пак нешто подоцна, во XX век, се
развиле во водвиљи (кратка и лесна театарска игра, со сатирична содржина и без голем
заплет) и мјузикли. Мјизиклите најпрво се појавуваат во Соединетите Американски
Држави.
Пеачките улоги во оперите се разликуваат по распонот и бојата на гласот. Машките
гласови, подредени од највисокиот до најнискиот, може да бидат: контратенор, тенор,
баритон, бас-баритон и бас. Женските пак се класифицирани на: сопран, мецосопран и
алт, кој некогаш се нарекувал и контралт. Секој од овие гласови може да има и своја
подподелба. Така на пример, кај сопораните се разликуваат: лирски сопран, драмски
сопран, колоративен сопран, спинто сопран и како посебна врста, вагнеријански сопран.

3
За создавањето на едно сложено, вокално-инструметално драмско дело како што е
операта, од огромна важност е работата на многу луѓе. Подеднакво важни за создавањето
на оперското дело се и композиторот и либертистот (текстописецот). Покрај
софистицираната и тешка задача на солистите, неодминливо е и значењето на хорот,
најчесто поврзан со масовните сцени во кои е претставен народот. Балетските делови
може да ги изведуваат самите пеачи, или професионални балерини и балетани, а сé со цел
да се зголеми воодушевувањето кај публиката. Од овој аспект, особено значајна е и
работата на костимографот, чии креации секогаш треба да бидат прилагодени на местото
и времето на настанот, како и сценографот, задолжен за целиот визуелен дел на операта.
Корепетиторот е пијанист кој вежба со пеачите и членовите на оркестарот, свирејќи им ја
главната мелодија. Улогата на режисерот е да го осмисли и организира целиот тек на
операта. Симфонискиот оркестар го придружува пеачкото исполнување и го потенцира
оперското дело. Во почетокот на дејствието, оркестарот самостојно ја свири увертирата,
која пак претставува вовед во кој се вметнати елементи од сите позначајни мелодии, од
целото оперско дело. Оркестарот за време на изведбата обично е сместен на ниво пониско
од самата сцена, а целата опера ја води диригентот. Тој се наоѓа на средно ниво на
сцената, како би можел да го диригира и оркестарот и сценските актери.
Отварањето на оперската сцена во рамките на Македонскиот народен театар беше
очекуван и нужен чин. Сите предуслови за скромното отпочнување на оваа дејност беа на
виделина. Со кадри, учесници во музичкиот живот на Скопје и а другите македонски
градови, школувани музичари и аматери, беше оформена првата генерација на музичко-
сценски работници кои со голема жар и љубов се зафатија во извршувањето на своите
задачи. Иницијативата за отварање на првата македонска оперска сцена потекна од
Здружението на музичарите на Р. Македонија.
Во развојот на операта при Македонскиот народен театар (МНТ) се издвојуваат
четири периоди: 1948-1963 (до земјотресот во Скопје, кога се урива зградата на МНТ),
1964-1983, период на работа во објектот на монтажниот театар; 1983-1992, период поврзан
со работата во новиот објект на МНТ, а последен е периодот од осамостојувањето на
Република Македонија до денес.
Комлексниот развој на оперската уметност во Македонија датира од 9 мај 1947
година, кога на сцената на Македонскиот народен театар е поставена операта Кавалерија

4
рустикана на Пјетро Маскањи. Иницијатор на овој настан е Здружението на музичките
уметници на Македонија, чиј тогашен претседател е Живко Фирфов. Значајни носители на
оваа иницијатива и реализација, исто така, се Тодор Скаловски, Стефан Гајдов, Петре
Богданов-Кочко и Трајко Прокопиев. Протагонисти на оваа претстава според програмата:
диригент Тодор Скаловски; режисер Бранко Поморишац; корепетитор Лилјана Костиќ;
хорот го увежбаа: Петре Богданов-Кочко, Тодор Скаловски, Стефан Гајдов; инспициент
Стефан Гајдов; суфлер Живко Фирфов; Сантуца – Елисавета Савченко, Данка Фирфова;
Лола – Милка Гушевска; Туриду – Петре Богданов-Кочко; Алфио – Стефан Русјаков;
Лучија – Ганка Атанасова-Марковиќ; учествуваат Симфонискиот радио-оркестар, Радио-
хорот и Студентскиот хор.
По оваа премиерна изведба беа изведени уште 17 во текот на истата година. На 1
јануари 1948 година е донесен Указ на Министерството за образование за формирање на
Опера при Македонскиот народен театар. „Кавалерија рустикана“ е прва од серијата на
оперски партитури што ќе бидат и се реализирани од колективот на Македонската опера
во наредните децении. Оваа форма и ден денес е присутна и дејствува како Национална
Опера при Националната установа – Национална опера и балет на Република Северна
Македонија.

5
2.БАЛЕТ
Почетоците на македонскиот балет се совпаѓаат со отпочнувањето на дејноста на
Операта на Македонскиот народен театар, која е организирана на 9 мај 1947 година. За
потребите на овој ансамбл се формира група која има задача да настапува во оперскиот
репертоар, толкувајќи ги балетските делници.
Одговорноста да го организира ансамблот, педагошко-репетиторската и
кореографската дејност ја понесува Георги Македонски. Својата едукација и сценската
активност тој ја остварува во Белград, а со решение на директорот на Македонскиот
народен театар (МНТ), Коле Чашуле, на 1 јули 1948 година, Македонски е прераспределен
на работно место во Операта, за да се формира балетски ансамбл.
Младиот ансамбл, составен од воспитаници на Пионерскиот дом „Карпош“, на
сцената на МНТ првпат настапува на 27 јануари 1949 година, во балетскиот фрагмент
„Валпургиска ноќ“ од операта Фауст на Ш. Гуно. Потребата од едуциран кадар, подготвен
да учествува во реализацијата на првите балетски претстави, ја наметнува идејата за
официјализирање на специјализирана едукативна институција. Со декрет на Советот за
просвета на Народна Република Македонија во учебната 1948/49 година балетското
студио прераснува во Нижо балетско училиште, каде што наставата ја реализираат Георги
Македонски, Анализе Асман и Рела Визнер. Истовремено со обуката на првата генерација
балетски уметници се одвива и сценската активност, која резултира со подготовка на
првата балетска претстава, премиерно прикажана на 30 декември 1949 година. Тоа е
четириактниот балет „Бахчисарајска фонтана“, музика на Б. Асафјев, во кореографија на
Георги Македонски.
Овој факт, уште од самиот почеток, ги навести остварувањето и триумфот на
замислата за поставување на цврсти темели врз кои ќе се гради еден целосен балетски
ансамбл способен за изведување на сиот тогаш и дотогаш познат репертоар во светот.
Оваа форма и ден денес е присутна и дејствува како Национален балет при Националната
установа Македонската опера и балет.

6
3.Стилови
Класичен балет
Класичниот балет се базира врз традиционалната балетска техника и вокабулар.
Постојат различни стилови на класичен балет кои се поврзани со нивните места на
потекло, како што се францускиот ,италијанскиот и рускиот балет. Неколку од стиловите
на класичниот балет се поврзани со специфични методи на обука, кои обично се
именувани според нивните создавачи. На пример, методот „Cecchetti“ е именуван по
неговиот создавач, италијанскиот танчер Енрико Чечети.

Неокласичен балет
Неокласичниот балет е стил на балет кој е во согласност со техниката и
вокабуларот на класичниот балет, но отстапува од класичниот балет преку ваквите
разлики како невообичаено брзо темпо на танцот и неговото додавање на
нетрадиционални технички подвизи. Меѓупросторот во неокласичниот балет е обично
помодерен или комплексен отколку во класичниот балет. Иако организацијата во
неокласичниот балет е поразлична, фокусот на структурата е дефинирачка карактеристика
на неокласичниот балет.
Тим Шол, автор на „Од Петипа до Баланчин“, смета „Аполо“ на Џорџ Баланчин во
1928 година да биде првиот неокласичен балет. Аполо претставувал враќање како одговор
на апстрактните балети на Сергеј Дјагилев. Баланчин работел со кореографот на модерен
танц Марта Греам, проширувајќи ја својата изложеност на современи техники и идеи, и
донел модерни танчери во неговата компанија (Њујорк балет) како што е Пол Тејлор, кој
во 1959 бил изведувач во „Епизоди“ на Баланчин. Во текот на овој период, Глен Тетлеј
започнал експериментално да ги комбинира балетот и модерните техники.

Современ балет
Современиот балет е вид на танц кој е под влијание и на класичниот и на
модерниот танц. Ги вклучува принципите на основната техника и контрола на телото

7
(користејќи ја абдоминалната сила) на класичниот балет, но овозможува поголем опсег на
движење од класичниот балет и може да не се придржува до строгите линии на телото или
одѕивот кој ги вклучува техниката на класичниот балет. Многу од неговите концепти
доаѓаат од идеите и иновациите на модерниот танц на 20-от век, вклучувајќи ги работата
на под и свиткување на нозете. Овој стил на балет обично се изведува бос.
Џорџ Баланчин често се смета дека е првиот пионер на современиот балет преку
развојот на неокласичниот балет. Михаил Баришников бил танчерот кој кратко време
танцувал за Баланчин, модел за обука за Киров балет. По именувањето на Баришников
како уметнички директор на „American Ballet Theatre“ во 1980 година, работел со разни
современи кореографи, особено Твајла Тарп. Тарп ја направила кореографијата за „Push
Comes To Shove“ за АБТ и Баришников во 1976 година; во 1986 година ја создала „In The
Upper Room“ за нејзината сопствена компанија. Овие две дела се сметаат за иновативни за
нивната употреба на јасните модерни движења во комбинација со употребата на шпиц-
чевлите и класично обучени танчери - за нивната употреба на современ балет. Тарп исто
така работела со компанијата „Joffrey Ballet“, основана во 1957 година од Роберт Џофри.
Таа ја направила кореографијата за „Deuce Coupe“ за нив во 1973 година, користејќи поп-
музика и мешавина на модерни и балетски техники. „Joffrey Ballet“ продолжила да
изведува бројни современи дела, повеќето кореографирани од коосновачот Џералд
Арпино. Денес постојат многу современи балетски компании и кореографи. Во нив
спаѓаат Алонзо Кинг и неговата компанија, „Alonzo King's Lines Ballet“; „Complexions
Contemporary Ballet“ - под раководство на Двајт Роден; „Compañia Nacional de Danza“ на
Начо Дуато; Вилијам Форсајт кој има работено интензивно со Франкфуртскиот балет и
денес ја работи „The Forsythe Company“; и Јиржи Килијан, моментално уметнички
директор на „Nederlands Dans Theater“ (Холандскиот денс театар). Традиционално
„класичните“ компании, како
што се Кировиот балет и Париската
опера и балет, редовно
изведуваат современи дела.

8
9

You might also like