You are on page 1of 3

Вклучувањето на родителите и заедницата е важен принцип за квалитет, како внатре,

така и надвор од училницата. Тоа е дури и порелевантно кај инклузивното образование, кое е
многу пошироко од формалното и не треба да се одвива само меѓу четирите ѕида на
училницата. Соработката на родителите не е корисна само за децата: постојат и можни
придобивки за сите страни, на пр.:
 Родителите имаат поголема интеракција со децата, стануваат поодговорни и
почувствителни за нивните потреби, и посигурни во своето родителство.
 Наставниците стекнуваат подобро разбирање за културата и разновидноста на
семејствата, се чувствуваат покомотно на работа и им расте моралот.
 Преку вклучување на родителите и заедницата, училиштата стекнуваат подобар углед
во заедницата.
Меѓутоа, со признавањето дека вклучувањето на семејството во образованието им користи
на децата не се објаснува како тоа станува позитивна сила. Првиот чекор на вклучување на
семејствата во соработка со училиштата е да се унапреди општествено-образовната атмосфера
во која родителите и партнерите ќе се чувствуваат добредојдени, почитувани, од доверба,
ислушани и потребни.
Културните фактори и традиции имаат силно влијание врз односите меѓу училиштата и
заедницата. Во многу места низ светот, училиштата се во центарот на животот на заедницата
и се користат за да се поттикне и да се постигне општествено учество. Ваквите културни
средини ќе го олеснат процесот: родителите, училиштата и лидерите во заедницата знаат како
да соработуваат и да изнајдат креативни решенија за подобрување на наставата во одговор на
економска криза и епидемии на болести, или како помош за населението погодено од
катастрофи предизвикани од природни непогоди.
Ова се докажува во Бразил, земја со долгогодишна традиција на општествено учество.
Постои центар за социјална акција и народно образование во училиштето „Александар де
Гусмао“ во Рио де Жанеиро, кој служи како инструмент за стимулирање и овозможување
иднина во која се опфатени сите деца. Трансформативното општеството станува главна цел и
начин за развивање свест и промовирање акција, со потенцијал да се триумфира над
општествено-економските детерминанти и услови на живот во заедницата, кои влијаат на
сите.
На овој начин, ги гледаме гореспоменатите општествени „состојки“ испреплетени во
продуцирањето на ефективен образовен систем. Училиштата како ова, во заедници со голем
недостаток на социјални политики, може да имаат значителна корист од партиципативниот

2
пристап. Училиштето претставува еден пример за тоа како да се операционализира култура на
учество на заедницата.
Не постојат „рецепти“ за создавање култура на соработка и училишна клима која е
погодна за инклузивни процеси во училиштата и заедницата. Соработката е резултат на
социјална, институционална и интерперсонална динамика, која се карактеризира со
комплексност. Бидејќи не постојат рецепти за одговор на таквата комплексност, клучно е да
се размислува креативно, да се сфатат ресурсите, можностите и предизвиците што постојат во
секој поединечен случај, и да се знае што функционирало во слични случаи. Соработката е
сложен процес кој не гарантира дека со ист пристап ќе се разрешат сложени проблеми.

Степенот на вклученост на семејството во образованието на децата може да варира во


согласност со можностите за учество што образовниот систем ги става на располагање. Кај
децата со попреченост, волноста на семејството да се вклучи во соработка може да биде под
влијание на видот на попреченоста, како и на социо-економскиот статус на семејството и
природата на односот родител-дете (т.е. старател-дете).
Се користат неколку скали за да се оценат различните видови и степени на соработка меѓу
училиштата, семејствата и заедниците. Корисно е да се разграничи меѓу различните видови и
цели на соработка. Иако бројни научници ги проучувале разликите во пристапот, динамиката
и последователната ефективност и одржливост, вредноста на разбирањето на тие разлики не е
само академска. Напротив: тие овозможуваат да се систематизираат и да се анализираат
различните начини, т.е. нивоа на вклученост, што е корисно за разбирање на динамиката меѓу
учесниците и помага соработката да стане целисходно и одржливо искуство кое сите го ценет
и го почитуваат.

You might also like