You are on page 1of 1

*Глагол во лична глаголска форма во функција на прирок, стр.

112

Ахмед ја чита книгата „Втората смена“.

Глаголот (чита) е во лична глаголска форма – создавачки член во


реченицата и без него нема реченица.

Во македонскиот јазик постојат зборови кои се образуваат од глаголи,но


не се јавуваат во функција на прирок.Тие зборови се нелични глаголски
форми , и не се јавуваат во функција на прирок.

Глаголските форми кои немаат промени по лица се викаат нелични


глаголски форми.

Нелични глаголски форми се:

-глаголска именка: слушање, читање, играње

-глаголска придавка: слушан,читан, игран

-глаголски прилог: слушајќи,читајќи, играјќи

Таа е веќе слушната приказна. Зборот слушната има карактеристики и на


глагол и на придавка. Затоа велиме дека е глаголска придавка.Се образува
со наставките:- н,-на, -но,-ни и –т,-та,-то, - ти (паднат, викнат, гледан).

Возеше слушајќи музика. Зборот слушајќи означува паралелно дејство со


глаголот возеше. За овој вид глаголски форми велиме дека се глаголски
прилози. Се образуваат со наставката – јќи (гледајќи, носејќи).

Слушањето вести му е навика. Слушањето е збор кој означува име на


дејство, но не укажува на вршителотна дејството. Овие глаголски форми
се нарекуваат глаголски именки.Се образува со наставката – ње (гледање,
викање, косење) , а поретко и со наставката - ние (решение, признание).

- Да се напишат вежбите на страница 114.

You might also like