You are on page 1of 13

Mорфологија

Морфологија е дел од науката за јазикот (лингвистиката) што се занимава со


проучувањето на формите на зборовите, нивното образување и нивното
граматичко значење.
Според морфолошката поделба, зборовите се делат на:
Менливи зборови:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи
Неменливи зборови:
1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови
.
Глаголите се најсложената структура, затоа во написите има посебни
категории за:
времиња,
прости глаголски форми,
сложени глаголски форми.

Mенливи зборови
Менливи зборови се дел од морфолошката поделба на зборовите.
Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите се делат на:
менливи и неменливи.
Менливите зборови може да претрпуваат промени, односно со додавање
префикси и суфикси го менуваат своето граматичко значење. Тие имаат
граматички категории. Додека неменливите се непроменливи во секаков
контекст.
Менливи зборови се:
1. именки
2. придавки
3. заменки
4. броеви
5. глаголи

Неменливи зборови
Неменливи зборови се дел од морфолошката поделба на зборовите.
Морфолошки, според своите надворешни својства, зборовите се делат на:
менливи и неменливи.
Неменливите зборови не претрпуваат никакви промени. Тие секогаш се
јавуваат во истата форма.
На пример, сврзникот „и“ не може да го промениме, понатаму зборовите: по, во,
над, ако, меѓу, ќе, итн. не претрпуваат промени.
Неменливи зборови се:
1. прилози
2. предлози
3. сврзници
4. извици
5. честици
6. модални зборови

Именки
Именки се менливи зборови што означуваат поим за некој предмет и за
сето она што го мислиме опредметено.

Со именките се означуваат суштества, предмети, појави и поими.


Традиционално, именките се делат на:

1. Општи
– оние именки што означуваат родов поим (еднородни предмети или
суштества), имиња на предмети или суштества од кои има многу во
светот (стол, табла, креда, човек, мачка, теле, град, река);
– го означуваат материјалот или составот (материјални) (железо, вода,
сол, шеќер);
– означуваат множество еднородни предмети кои претставуваат целина
(збирни). Иако означуваат множина тие се во еднинска форма (народ,
население, мебел).

2. Сопствени
– означуваат имиња на луѓе и животни (Јана, Драгица, Матеј, Арес),
– географски имиња (Вардар, Водно, Скопје),
– имиња на празници (Митровден, Осми март, Божиќ),
– имиња на институции (Средно градежно-гимназиско училиште „Здравко
Цветковски“),
– имиња на уметнички дела, весници, емисии итн. („Крпен живот“,
„Вечер“, „Ексклузив“),
– имиња на објекти (Камен мост, Кале, Соравија, Ресторан „Букет“).

* Сопствените именки се пишуваат со голема буква.


Според тоа, дали можеме да ги допреме предметите, односно појавите,
разликуваме:

1. Конкретни именки – означуваат материјални предмети (маса, камен,


дете, планина, чаша, вода итн.)
2. Апстрактни именки – означуваат неметеријални предмети (љубов,
воздух, среќа, тага, омраза, ден, вторник, лето итн.)

Придавки и видови придавки


Придавки се зборови што означуваат некој признак (карактеристика) на
предметот што го определуваат.
Нивната основна служба е да ја определуваат именката (придавање
кон именката) и затоа најчесто стојат непосредно пред неа.
Видови придавки

1. Квалитативните или описни придавки означуваат својство што се


открива во предметот како таков, без поврзување со некој друг предмет.

На пр.: добар, убав, мирен (коњ)

2. Односните (релативни) придавки означуваат својства што упатуваат


на некој друг предмет.

На пр.: манастирски (се однесува, упатува на манастир) коњ.

3. Бројните го означуваат односот на предметите по ред.

На пр.: прв, втор (коњ)

4. Заменските придавки се изведени од заменки и многу наликуваат на


нив.

Разликуваме:

а) Присвојни заменски придавки


мој, моја, мое; мои; наш. наша, наше; наши
твој, твоја, твое; твои; ваш, ваша, ваше; ваши
негов, негова, негово; негови;
нејзин, нејзина, нејзино; нејзини.
нивни, нивна, нивни; нивни
како и: свој, своја, свое; свои

На пр.: Моето куче е помало од твоето.


Неговата куќа се наоѓа во населбата Црниче.

б) Заменски придавки со показно и квалитативно значење


ваков, ваква, вакво; вакви
таков, таква, такво; такви
каков, каква, какво; какви;
онаков, онаква, онакво; онакви;
секаков, секаква, секакво; секакви;
некаков, некаква, некакво; некакви;
никаков, никаква, никакво; никакви;
толкав, толкава, толкаво; толкави;
колкав, колкава, колкаво; колкави;
олкав, олкава, олкаво; олкави;
онолкав, онолкава, онолкаво; онолкави;
сиот, сета, сето; сите;
сам, сама, само; сами;
ист, иста, исто; исти;
друг, друга, друго; други.

На пр.: Таму доаѓаа секакви луѓе.


Не очекував таква реакција од негова страна.

Заменки
Заменки се зборови кои укажуваат на лица или предмети или директно ги
посочуваат.
Тие се ограничена група зборови, но се од големо значење во системот
на јазикот.
Разликуваме три вида заменки: лични, лично-предметни и показни.
А. Лични заменки

1. Лични заменки кои го изразуваат односот кон говорната ситуација


(номинативна форма, подмет):
еднина
1. л. јас
2. л. ти
3. л. тој, таа, тоа

множина
1. л. ние
2. л.вие
3. л. тие

прво лице – лицето што зборува (јас, ние);


второ лице – лицето кому му се зборува (ти, вие);
трето лице – лице кое се споменува во говорот, а не мора да биде
присутно (тој, таа, тоа, тие).

2. Лични заменки за означување директен и индиректен предмет (за


лица кон кои е насочено дејството).

а) за директен предмет:
еднина
1. л. мене; ме
2. л. тебе; те
3. л. него; го; неа; ја

множина
1. л. нас; нè
2. л. вас; ве
3. л. нив; ги

Овие заменки имаат долги и кратки форми, а претставуваат остатоци од


старите акузативни форми. Овие форми ги употребуваме за искажување
на директен предмет.
б) Лични заменки за индиректен предмет (дативна форма):
еднина
1. л. мене; ми
2. л. тебе; ти
3. л. нему; му; нејзе; ѝ

множина
1. л. нам; ни
2. л. вам; ви
3. л. ним; им

И овие заменки имаат долги и кратки форми, а се остатоци од старите


дативни форми. Нив ги употребуваме за искажување индиректен
предмет.

На пр.: Јас читам книга. (подмет)


Таа мене ме виде во киното. (директен предмет)
Тој мене ми рече да дојдам. (индиректен предмет)

в) Лично-повратна заменка
себе; се
себе; си

Б. Лично – предметни заменки

1. кој, која, кое; кои – се однесува на лица и има прашално или


релативно значење.
Оваа заменка има форми и за предмет: кого;

и за дативен предмет: кому.

Од неа може да се изведат и формите: некој, секој, никој, со неодредено


значење и кои најчесто се употребуваат атрибутски.
2. што – се однесува на предмети и има прашално и релативно значење.
Таа не е променлива.
Изведени форми: нешто, сешто, ништо.

3. чиј, чија, чие; чии – има присвојно значење.


Од неа може да се изведат и формите: нечиј, сечиј, ничиј.

* Овие заменки често добиваат значење на релативни сврзници.

На пр.: Дојде човекот што го видовме вчера.

В. Показни заменки

1. овој, оваа, ова; овие – служат за посочување блиски предмети;


2. оној, онаа, она; оние – за посочување пооддалечени предмети;
3. тој, таа, тоа; тие – за посочување на предмети без просторно
определување.
* Од нив во македонскиот јазик е образуван членот.

На пр.: Дај ми ја оваа книга (книгава); онаа книга (книгана); таа книга
(книгата).

Броеви
Броеви се зборови со кои се означува количеството на предметите, било
да е тоа точно избројано или само приближно определено.
Броевите стојат до именките, па затоа понекогаш од нив ја преземаат
членската морфема, но кај нив нема род и број (освен кај броевите еден
и два).
Разликуваме два вида бројност: одредена и приближна.
А. Одредена бројност

1. Меѓу броевите што ја изразуваат одредената бројност со своите


форми се издвојуваат еден и два по тоа што имаат форми за род.

еден (м.р) една (ж.р.) едно (ср.р)


два (м.р.) две (ж.р.) две (ср.р.)

Бројот еден, освен бројното развил и друго значење, односно се јавува


во улога на заменка.
На пр.: Некој човек – еден човек.
Со вакво значење тој образувал и множина.
На пр.: Едни луѓе.

Прости зборови се броевите од еден до десет и бројот сто.

Броевите: нула, илјада, милион, милијарда, билион и сл. се прости


зборови, и иако означуваат бројност (количество) тие се однесуваат како
именки.

2. Од простите зборови по пат на придодавање и срастување се добиени


сите други броеви – сложените броеви.

а) Десетиците – се добиени со просто прилепување на соодветната


единица и бројот десет, но во некои случаи гласот д се изгубил:
дваесет, триесет, четириесет, педесет, шеесет, седумдесет, осумдесет,
деведесет.
б) Стотките се различни состави со изведенки од сто:
двесте, триста, четиристотини, петстотини, шестотини, седумстотини,
осумстотини, деветстотини.
в) Кон десетиците се придодаваат единечните броеви на два начина:
– од 10 до 19 се сврзуваат со предлогот на:
единаесет, дванаесет, тринаесет, четиринаесет, петнаесет, шеснаесет,
седумнаесет, осумнаесет, деветнаесет.
– од 20 нагоре се сврзуваат со и:
дваесет и еден, дваесет и два, педесет и четири, деведесет и девет;
Вакво сврзување имаме и кај броевите од сто нагоре:
сто и еден, двесте седумдесет и пет, осумстотини и два.
3. Зад броевите што завршуваат со еден, именката стои во еднина.
На пр.: сто дваесет и една клупа; илјада и еден човек.
4. Ако именката пред која стои бројот се мисли како определена, тогаш
членската морфема ја прима бројот.
На пр.: Врати ми ги стоте денари.
Членот директно се додава на бројот и имаме удвојување на т: петте,
деветте, десетте; освен во: шесте.
Стотките се членуваат различно: стоте, двестето (двестете), тристата,
четиристотините, петстотините, шестотините, итн.

Б. Одредена бројност за лица

За означување број на лица од машки род се употребуваат специјални


бројни форми изведени од простите броеви: двајца, тројца, четворица,
петмина, шестмина, седуммина, осуммина, деветмина;
Овие броеви се членуваат: двајцата, тројцата, четворицата, петтемина,
шестемина, седумтемина, осумтемина, деветтемина.

В. Приближна бројност

1. Приближната бројност обично се искажува така што ќе се сврзат и ќе


се изговорат со еден акцент два соседни броја.
На пр.: три-четири, пет-шест.

а) Кај броевите поголеми од 10 во првиот дел оди најчесто само


соодветната единица.
На пр.: два-тринаесет, три-четириесет.
Но, кај некои броеви е необично ваквото сврзување, па затоа се
изговараат поединечно.
На пр.: единаесет-дванаесет, четириесет-педесет.
2. Од броевите над десет и од бројот сто се образуваат форми за
приближна бројност со наставката: -ина.
На пр.: десетина, дваесетина, стотина.
* Правописно обрнете внимание на бројот 6 и броевите изведени од
него:
6 – шест (членувано: шесте); 16 – шеснаесет (чл. шеснаесетте); 60 –
шеесет (чл. шеесетте); 600 – шестотини (чл. шестотините); за лица 6 –
шестмина (чл. шестемина).

Глаголи (граматички категории)


Глаголи се зборови што означуваат дејство или состојба и се поврзани
со лицето кое го врши дејството.
Глаголот е најсложената структура во македонскиот јазик.
.
Граматички категории кај глаголите
.
1. Лице, род и број кај глаголите

.а) Под категоријата лице се подразбира учесникот во говорот.


Глаголите се согласуваат со личните заменки и тие имаат форми за
трите лица во еднина и множина.

1л. – лицето што зборува;


2л. – лицето на кое му се зборува;
3л. – лицето за кое се зборува.

Лицето кај заменките се изразува со посебна форма (лексички), а кај


глаголите со наставка (морфолошки).
Глаголите што имаат промена по лице се викаат лични; оние што не
разликуваат лице се викаат нелични (плетење, плетен, плетејќи); а оние
што имаат форма само за трето лице, но всушност не го означуваат
лицете се викаат безлични (грми, студи, врне).

.
б) Глаголите имаат број, односно имаат форми за еднина и множина.
.
в) Глаголите немаат род, освен некои нелични глаголски форми
(глаголска придавка – плетен, глаголска л-форма – плетел и глаголска
именка – плетење).
.
2. Глаголски вид

.
Со глаголите се искажува дејство кое може да трае подолго или да
заврши во истиот миг. Во зависност од ова разликуваме свршени и
несвршени глаголи:

а) несвршени глаголи – означуваат дејство кое трае, кое се одвива, кое


не е завршено.
– трајни – глаголско дејство кое трае без прекинување (не се знае
почетниот ни завршниот момент)
На пр.: чита, пее, плива
– повторливи – означуваат неограничена низа од повеќе свршени дејства
што се вршат едно по друго.
На пр.: прелистува, превртува, прескокнува
б) свршени глаголи – дејство кое го сфаќаме како целосно завршено.
Тоа дејство може да се извршило во:
– еден момент : тропне, чукне, пукне;
а може да означува и:
– почеток на дејство : заигра, појде;
– крај на дејство : прочита, доплива;
– дел од дејство : поседи, поработи.
.

3. Преодност на глаголите

.
Категоријата преодност се однесува на тоа дали дејството е тесно
врзано со предметот или не.

а) Преодни глаголи – нивното дејство „преоѓа“ на предметот, односно


целосно го опфаќа.
На пр.: носи вода; кажува приказна
Овие глаголи не можат да стојат самостојно, без предмет, бидејќи ќе
остане отворено прашањето: што носи? што кажува?
б) Непреодни глаголи – дејството не преоѓа на ништо, односно не мора
да се поврзуваат со предмет.
На пр.: Птицата лета, тој оди итн.
в) Повратни глаголи – дејството преоѓа врз лицето што ја врши
работата, но не секогаш бидејќи тука влегуваат сите глаголи во чиј
состав влегува кратката заменска форма од повратната заменка себе се.
Кај овие глаголи не значи дека дејството се враќа на вршителот туку
повратноста произлегува од повратната заменка која ја содржат.
На пр.: се чешла, се смее, се радува итн.
.
4. Глаголски начин

.
Под глаголски начин го подразбираме нашиот однос кон глаголското
дејство во реченицата. Разликуваме:
а) Исказен начин – се искажува реален однос.
На пр.: Петре чита книга.
б) Заповеден начин – искажуваме желбен или заповеден однос.
На пр.: Петре, донеси ми ја книгата!
в) Можен начин – искажува можност да се изврши дејството под некој
услов.
На пр.: Кога би имал време, Петре би ја прочитал книгата.
.

5. Глаголски залог

.
Со залогот се означува односот на граматичкиот подмет кон глаголското
дејство.
а) Актив – подмет е лицето што го врши дејството.
На пр.: Петре чита книга. (Петре е подмет во реченицата.)
б) Пасив – подметот не го врши дејството, туку предметот или лицето
врз кои се врши дејството станува граматички подмет. Односно,
подметот станува предмет, а предметот – подмет.
На пр.: Книгата беше читана од Петре. (Книгата е подмет во реченицата.)
.

6. Категорија време

.
Времето го изразува временскиот однос на вршењето на глаголското
дејство спрема моментот на зборувањето : сегашност, минатост и
идност.
Во македонскиот јазик ги разликуваме следните времиња:
 сегашно (Означува дејство што се врши во моментот на
зборувањето.);
 минато определено несвршено и свршено (Искажува глаголско
дејство кое се вршело или извршило во минатото во присуство на
лицето што зборува.);
 минато неопределено (Има несвршено и свршено во зависност од
видот на глаголот. Означува дејство кое е вршено или завршено во
минатото, без притоа да се побудува претстава за одреден момент
кога се одвивало. Служи за директно кажување или за
прекажување.);
 предминато (Искажува дејство што се извршило пред некое друго
минато дејство.);
 идно (Означува дејство кое се врши или извршува по моментот на
зборувањето.);
 минато-идно ( Означува дејство кое е идно во однос на некој друг
минат момент.);
 идно прекажано време (Искажува идно или минато-идно дејство
кое сами не можеме да го посведочиме.).

You might also like