You are on page 1of 4

Асиро-вавилонска литература

Најстарата литература на светот, позната и како сумерска


Појава и особености
 Појава: крајот на 3 милениум и почетокот на 2 милениум п.н.е. , а завршува 7 век п.н.е.
 Месопотамија
 Усно творештво: легенди, митови, преданија и песни за боговите, владетелите, војните и др. несреќи
 Се зборувало на акадски и сумерски јазик
 Во почетокот користеле пиктографско писмо, а потоа клинесто писмо со кое се пишувало на глинени
плочи
 Усното творештво било запишано во 19 или 18 век п.н.е., а за првпат е откриено во 19 век во
библиотеката во Нипур

Книжевни дела
 Песни за Гилгамеш, еп (со историски, јуначки, митолошки и рефлексивен карактер)
 Космогонискиот еп „Енума елиш“ (Кога во височините)
 „Новиот страдалник“ поема која има сличности со библиската приказна за Јов
 Лирски песни (љубовни, свадбарски, обредни, псалми и химни)
 „Плачот за градот Ур“-тажаленка од 436 стиха, 11 песни, жал, тага поради пропаѓањето на градот Ур
како последица од воено разурнување

Епот Гилгамеш
 Најстарото запишано книжевно дело
 Настанало околу 2 милениум п.н.е., иако корените му се постари
 Напишано на 12 глинени плочи со клинесто писмо
 Јуначко-митолошки еп/ епска поема
 Првиот дел пее за јуначките подвизи на Гилгамеш и Енкиду, вториот дел од епот пее за потрагата на
Гилгамеш по одговорот на вечните прашања за животот и смртта, за бесмртноста, за задгробниот свет
 Претставена е древната митологија на Сумерците, верувањата на древните цивилизации, начинот на
владеење и изглед и функционирање на градовите-држави како Урук

Ликови:
Гилгамеш: владетел на градот Урук

 1/3 човек, а 2/3 бог


 Владее деспотски, тирански, се` до запознавањето со Енкиду
 Силен, моќен, бестрашен, се` до смртта на Енкиду
 Во потрага по бесмртноста сфаќа дека само делата го прават човекот бесмртен

Енкиду: дивиот човек создаден од крвта на боговите и од кал

 Го претставува преодот на човештвото од дивиот живот во природата кон цивилизираниот живот во


градовите
 Во почетокот еднакво силен, моќен како Гилгамеш, подоцна исплашен од смртта
 Гилгамеш и Енкиду се прототип, пандан на многу ликови во литературата кои се појавуваат и
дејствуваат како парови (Ахил и Патрокле)

Библиски елементи во епот


 Приказната за потопот, ликот на Утнапиштим е постара верзија на Ное
 Змијата како симбол на злото, која луѓето ги лишува од бесмртноста
 Рајската градина, односно градината на боговите, дрво на животот

Стил, стих, јазик


 Епот е напишан во десетерец
 Употребени се безброј стилски изразни средства: метафори, епитети, компарации, реторички прашања
и обраќања
 Епски повторувања
 Броеви кои имаат симболично значење: седум, дванаесет

Староегипетска литература
Заедно со сумерската е една од најстарите литератури, почетоците се приближно во 3000 г. пр. н. е.

Писма/азбуки/ јазик
· Хиероглифи (свети резби)
· Хиератика (свештеничко писмо)
· Демотско писмо (по углед на грчкото)
· Јазикот поминал во неколку етапи: староегипетски, средноегипетски, доцноегипетски, демотски (во грчкиот
и римскиот период), последната етапа е коптскиот јазик кој бил говорен до 16 век, а до денес се користи како
јазик на црковните книги на коптските христијани
· Папирус - еден од материјалите на кој пишувале во Египет
Митологија
· Најпознат е митот за Изида и Озирис
· Озирис е бог на плодноста, на вегетацијата, бог кој умира и повторно се раѓа (Дионис, Исус)
· Изида е жената на Озирис, божица на плодноста
· Хорус е нивниот син, роден по смртта на таткото, го победил Сет (се сметал за прв владетел на Египет)
· Сет е братот на Озирис, бог на хаосот, кој од љубомора го убива братот
· Врвно божество е Ра, богот на сонцето
Книжевна дејност
· Лирика: љубовни песни (Љубовта на мојата драга), рефлексивни, химни, молитви (Химна на сонцето, Химна
на Нил)
· Епика: приказни („Приказната за Синух“, може да се спореди со „Синдбад морепловецот“ од „1оо1 ноќ“) ,
патописна литература - „Патувањето на Унамон“ (Одисеја), поучни текстови, пророштва , раскази, басни и сл.
Старо царство
· Натписи од гробниците: Текстови на пирамидите, Текстови на саркофазите, Книга на мртвите
· Раскажуваат за животот и делата на покојникот, за патувањето на душата во подземниот свет
· Покрај текстот има нацртано музичари, артисти, што упатува дека постоеле и лирски песни
Средно царство – златен век
· Зборникот Птахотеп: поуки за тоа како треба да се однесува благородниот човек
· Раскази за градење на пирамидите, папирус „Весткар“
· „Дијалог на разочараниот со својата душа“- со филозофско-религиозен карактер
· Пророштвото на Нефрит
Ново царство
· Приказни и раскази: Правда и кривда - за неправдите кои постариот брат му ги нанел на помладиот; Хор и
Сет - мит за расправиите меѓу боговите; приказната за Џехуд - за итрината со која успеал да го освои градот
Јафа, може да се спореди со приказната за Али Баба или за тројанскиот коњ од „Илијада“;
· Повест „Кадешка поема“-биографија за Рамзес II
Индијска литература
Се развива во периодот од крајот на вториот милениум п.н.е до 7 век н.е. Пишувана е на санскритски
и пракритски јазик (мртви јазици)

Прв период на индиска литература


Веди се најстари дела на индиската литература. Претставуваат свети книги на хиндуистичката
религија. Содржат свети хиндуистички текстови, химни, магични формули, клетви и голем број
рефлексивни песни.Познати се: Ригведа, Јуџурведа, Саманведа и Астхарведа.

Упанишади се толкувања на филозофијата и религијата во ведите. Содржат 108 книги. Настанати се во


периодот од 10 до 2 век пр.н.е. Составени се од рефлексивни песни и легенди.

Втор период на индиската литература (5-4в. пр.н.е.)

Махабхарата е епопеја. Содржи повеќе од 100 000 стихови. Таа е своевидна приказна за потомците
на првиот индиски владетел Бхарата, а истовремено е осуда на братоубиствената војна за превласт.

Рамајана е епопеја којашто ја раскажува приказната за богот Рама и неговата борба со демонот
Раван којшто му ја грабнал жената.Веќе во 7 век почнале да се пишуваат дела на народен јазик и тоа
го означува крајот на староиндиската литература.

Хебрејска литература
Хебрејската литература се развивала главно на територијата на Палестина и други територии.
Литературата настаната на тлото на Палестина се дели на 2 периода: I период – 12-7 в.пр.н.е.; II
период – 4 в.пр.н.е. до покорувањето на Јудеја од страна на Римјаните. Била пишувана на древните
јазици: иврит и јидиш

Библијата е зборник од текстови којшто се дели на 2 дела:

а) Стар завет – света книга на Евреите (Хебрејците, Јудејците, Изреаелите) и христијаните, создавана
во периодот 12 в пр.н.е. – 2 в пр.н.е.

б) Нов завет – света книга на христијаните, создадена во 1 в н.е., канонизирана 364 г. на


Лаодонскиот црковен собир

Библијата е најпреведувана и начесто печатена книга на светот (околу 5 милијарди примероци). Таа е
првото печатено дело во светот, од страна на Гутенберг, во 15 век

Стар завет
Стариот завет (Танах-хебрејски) е создаван во период од 1 еден милениум, а напишан е на јидиш или
хебрејски јазик. Составен е од 3 дела :

а) Петокнижие (Петте книги Мојсееви) – Битие или Книга за создавањето, Излез, Левитска, Броеви и
Повторени закони.

б) Пророци – книги за четирите големи пророци: Исаија, Еремија, Јов, Данаил

в) Писанија (псалми, молитви, Приказни за цар Соломон, песни и химни – Песна над песните и др)
Во Стариот завет се застапени околу 50 литературни видови. Тема: Историја на израелскиот народ,
избраниот од Бога народ. Почнува со создавањето на универзумот, завршува во 4 в пр.н.е. Содржи и
многу закони и поуки, ритуални и правни кодекси.

Нов завет
Света книга на христијаните, заедно со Стариот завет. Напишан е на старогрчки јазик.

Содржи:

а) 4 евангелија (според Матеј, Марко, Лука и Јован, апостоли, т.е. Христови ученици). Секое од
евангелијата го прикажува Христовиот живот, смрт, воскреснување и вознесување, ама од различна
перспектива.

б) Дејанија на апостолите (влијанието на Исусовото учење, раѓањето на црквата, проповеди на


апостолите и нивните помошници)

в) 21 послание (посланија до цркви и индивидуи за да го објаснат значењето на личноста и делото на


Исус Христос)

г) Откровение (за второто Христово доаѓање на земјата и воспоставување негово илјадагодишно


земно царство, носејќи осуда за неверниците и слава и благослов за верниците, по кое настапува
страшниот суд и следи вечната состојба (пекол или рај)

Јапонска литература
 Почетоците се во 4 век н.е.
 Во 5 век го примиле кинеското хиероглифско писмо.
 Во 8 век е создадена јапонската слоговна азбука (кана).
 Во 8 век се датирани првите два зборника Кајфусо и Манјосју, коишто содржеле песни и
легенди.
 Кодѕики и Нихонги се зборници од 8 век што содржат митови, песни и фантастични приказни.
 Во периодот 8-12 век се јавуваат првите автори, тоа е т.н. хејански период. Најпопуларен
литературен вид била лирската песна ТАНКА (песна од 5 стиха, 31 слог), во коишто преку слики
од природата се искажувале чувства, дури станале и своевидно средство за комуникација.
(даден е пример во презентацијата)
 Прозата се појавува во 9 век, во форма на повести, раскази и романи.
 Веќе во 12 век настапува средновековната рицарска, самурајска литература.
 Најпознат литературен вид од овој период е лирската песна ХАИКУ.
 Хаику ја опишува природата и преку тие слики ја загатнува расположбата на авторот.
 Хаикуто задолжително има три стиха и 17 слога, распоредени на следниот начин: во првиот
стих – 5 слога; во вториот стих – 7 слога; во третиот стих – 5 слога.

You might also like