You are on page 1of 8

ЛИРИКА

1. Појава и развој на лириката


- лириката не е претставувачка (миметичка) уметност, туку таа е изразувачка уметност
во која поетот преку лирското јас (лирскиот субјект) непосредно го изразува своите
доживувања за светот
- лириката е еден од трите литературни рода
- лирската песна е многу стара, онолку стара колку што е стар и човекот и во дамнешно
време таа била неразделно врзана со музиката и со играта (како дел од синкретичката
уметност)
- во античко време лирската песна се пеела во придружба на лира, по што и го добила
своето име
- лирската поезија почнала да се пишува исклучиво за читање, а не за пеење во
александрискиот период на грчката книжевност (3 век пред новата ера)
- повторно се здружила со музиката во средниот век во т.н. трубадурска поезија, за потоа
пак да стане самостојна
- се издвоила како посебен книжевен род во текот на 17 и 18 век
- во 19 век во времето на романтизмот и симболизмот и во 20 век во различните
модерни книжевни правци во лириката доаѓа до израз апсолутната слобода на
уметникот-творец
- својот најчист вид лириката го добива во лирската песна
- лирската песна обично е испеана во стихови, но и во ритмична проза
- до ритмичната проза по својата структура е близок и слободниот стих.

2. Структура на лирската песна


Елементи на структурата на лирската песна се:

 лирскиот субјект (лирското јас)

 мотивот
o во лирската песна се изразуваат чувствата и расположенијата што кај поетот ги
предизвикуваат настаните и предметите од надворешниот свет;
o тие предмети и настани, меѓутоа, поетот не ги слика детално, туку само ги споменува,
а понекогаш и не ги споменува;
o во лирската песна нема фабула, нема раскажување, ниту ликови во онаа смисла
како во епиката;
o најзначајно во лирската песна е изразувањето на чувството, а во епската творба
тежиштето е ставено на сликањето на самите предмети, личности и настани од
надворешниот свет;
o лирската песна е сосредоточена на оние моменти кои го засилуваат основното
чувство кај поетот и во неа постои основен мотив околу кој се групираат други
мотиви кои со него се поврзуваат асоцијативно, според расположението на поетот,
а не според причинско-последичната врска како во епиката;
o лирскиот поет ги изразува чувствата што ги преживува и читателот е опфатен со
истото расположение;
o во лирските творби многу често среќ аваме описи и слики, но тие се разликуваат од
сликите и описите во епските дела; во епиката описите се детални и пластични, а во
лириката сликата е распарчена, одбрани се само оние детали кои одговараат на
основната емоција во песната.
 композицијата на лирската песна
o лирските творби, тргнувајќ и од нивната природа, се мали дела, а епските се
поголеми; епската творба може да биде многу голема, дури да се состои од илјадници
страници, за разлика од лирската песна која никогаш не може да има таков обем
o лирските тврби обично се пишуваат во стих, за разлика од повеќ ето епски дела
коишто се пишуваат во проза;
o најсродна на лириката од сите уметности е музиката која и самата силно и
непосредно дејствува на чувствата и расположението на слушателот;
o од своја страна пак, лириката повеќ е од другите уметности ги користи музичките
средства на јазикот: ритамот, созвучјата, хармонијата, дисонанцата.

 јазикот
o во лириката возбудува трансформацијата на предметите и појавите од
надворешниот свет што ја врши поетот со помош на својата емоција и фантазија; при
тоа поетот на нештата им придава широка и длабока симболика која тој ја открива
во нив
o средствата со кои ова се постигнува се метафората, симболот и сите оние стилски
фигури со коишто се поместува основното значење на зборовите и им се придава
преносно, фигуративно значење (иконични знаци)
o на овој начин поетскиот јазик постојано го обновува значењето на зборовите и го
спречува јазикот да остане во состојба на вкочанетост и стагнација.

3. Композиција на лирската песна


Елементи во композицијата на лирската песна се:
- насловот на лирската песна
- почетокот
- крајот
- повторувањата (што се издигаат и до степен на основно структурно начело)
- стихот
- строфата
- римата
- графичката димензија на песната

 Стих
- стихот е минимална, основна композициона единица на лирската песна;
- стихот е ритмичка ( звуковна ), синтаксичка и семантичка ( значенска ) целост;
- стихот однадвор го препознаваме според тоа што тој е ред во поетскиот текст покус од
редот со кој е испишан еден прозен текст;

Ритам
Општи определби:
- под ритам се подразбира секое рамномерно повторуваwе на одредени појави и
дејствија во одредени временски интервали;
- многу појави во природата се случуваат ритмички (денот и ноќ та, плимата и осеката,
годишните времиња), а ритамот постои и во физиолошките појави кај човекот
(вдишувањето и издишувањето, чукањето на срцето);
- од овој природен, инстинктивен ритам се развил и ритамот во уметноста воопшто, па и
во книжевноста;
Ритамот во поезијата
- ритамот во поезијата се состои од организирано (планско), периодично
повторување на одредени јазични знаци (слогови, акценти, паузи, гласови, зборови,
синтаксичкиот склоп на стихот итн.);
- тргнувајќ и од својата емоција, поетот врши свесно ,,насилство" над јазикот и неговиот
природен ритам создавајќ и еден вештачки јазик каков што е поетскиот ритмизиран
јазик;
- улогата на ритамот во стихот е да се предаде и да се оживее одредено емотивно
расположение во кое бил поетот, а кое се пренесува и врз читателот;
- и покрај тоа што изгледа тешко да се утврди врската меѓу ритамот во песната и
нејзината содржина, сепак таа врска несомнено постои;
- некои поети зборуваат за тоа дека уште пред создавањето на некоја одредена песна во
ушите најнапред им одyвонувал некој неодреден ритам кој потоа го пополнувале со
содржина и емоција соодветна на тој ритам;
- науката што го проучува ритамот во стиховите се наречува метрика или
версификација;
- врз основа на тоа што се јавува како елемент на повторување низ историскиот развој
на литературата се развиле два типа на версификација: кватитативна и квалитативна
версификација;
 квантитативна версификација
- својствена е за античките грчки и римски поети;
- рамномерното повторување на долги и кратки слогови на стихот му давале ритмичко
обележје;
- со различните комбинации на долги и кратки слогови, во античката версификсција
биле создадени пове}е ритмички стапки (целини од долги и кратки слогови): јамб (
), трохеј ( хореј ) ( ), дактил ( ), амфибрах ( ), анапест ( )и
др.;
 квалитативна версификасија
- по изумираето на старогрчкиот и латинскиот јазик и со употребата на секојдневниот
говор во поезијата, квалитативната версификација издвојува пет вида стихови:
силабичен, тонски, силаботонски, скалест (прекршен) и слободен стих;

▪ силабичен стих
- под силабичен стих се подразбира стих со одреден брај слогови (еднаквиот број
слогови во секој стих на песната е задолжителен);
- тој нема ритмички стапки;
- во него е важен бројот на слоговите, цезурата и паузата на крајот од стихот (овие три
елементи му даваат своебразен ритам на силабичниот стих);
- овој стих е најшироко застапен во народната поезија - постојат 16 видови силабичен
стих во македонската народна версификација;
- силабичните стихови името го добиле според бројот на слоговите во нив - најкус е
четверецот, а најдолг шеснаесетерецот.
- видови слиабичен стих се: четверец, петерец, шестерец, седмерец, осмерец,
деветерец, десетерец, единаесетерец, дванаесетерец, тринаесетерец,
четиринаесетерец, петнаесетерец, шеснаесетерец.

▪ тонски стих
- има еднаков, или приближно еднаков број акцентирани слогови, независно од бројот
на слоговите што не се акцентирани
- во песните испеани во тонски стихови не мора бројот на слоговите во секој одделен
стих да биде со одреден број слогови, како што е случај во силабичните стихови.

▪ силаботонски стих
- има еднаков број слогови и еднаков број ритмички стапки
- нагласените и ненагласените слогови рамномерно се повторуваат
- местото на нагласениот слог зависи од ритмичката стапка.

▪ скалест стих
- овој вид на стих е графички раскинат стих, со тоа што дел од него се пренесува во нов
ред
- целта на поетот кој пишува скалести стихови е да постигне логичко или емоционално
нагласување во определена фраза, или да се означи емоционална пауза
- графичкото кршење на стихот не влијае врз неговиот ритмички строеж
- тонските стихови се најпогодни за графичко обликуваwе на скалест стих (внатрешните
паузи на тонските стихови, понекогаш не можат графички да се одбележат и тогаш
стихот се разделува на ритмички групи што се редат скалесто.

▪ слободен стих
- во него не се важни ограничувањата својствени за силабичниот, тонскиот и
силаботонскиот стих;
- тој се создава во зависност од творечките барања на поетот;
- во него бројот на нагласени и на ненагласени слогови во одделни стихови од песната е
различен;
- не е задолжително стиховите да се групираат во строфи, ниту да се римуваат;
- слободните стихови во кои отсуствува римата се нарекуваат бели стихови;
- за слободниот стих е важна интонацијата и затоа е наречен и интонациски стих.

 Повторувања (гласовни совпаѓања)


- многубројните теории на литературата тврдат дека стихот се гради со повторувања од
најразличен вид, покрај повторувањата на прозодиските единици во правилни итервали
(ритам), за модерната поезија се каракеристични други начини на ритмизирање на
поетскиот говор: повторување на еднакви созвучја на крајот од ритмичката единица
(рима), повторување на определени гласови во текстот (еуфонија), повторување на
зборови, синтаксички единици.

▪ Рима
- римата е гласовно совпаѓање на зборовите на крајот на два стиха почнувајќ и од
нагласениот вокал па сè до крајот на зборовит;
- римата ритмички го означува крајот на стихот;
- ги одделува стиховите еден од друг;
- често римуваните зборови се носители на идејата и чувството на песната;
- постојат и неримувани стихови кои се викаат бели стихови.
Римата може да биде:
- правилна - ако се совпаѓаат сите гласови (пр. рака-сака)
- неправилна - ако не се совпаѓаат сите гласови (пр. грубо-љубов, ѕвоно-сонот)
- чиста - ако се совпаѓа и акцентот
- богата - ако согласувањето почнува и пред нагласениот вокал (пр. синовите-овновите)
- машка - ако се совпаѓа еден слог (пр. ат-пат, брег-снег)
- женска - ако се совпаѓаат два слога (пр. горе-море, сешто-вешто)
- дактилска (средна, детска) - ако се совпаѓаат три слога (пр. понеси-донеси)
- леонинска - рима која се остварува во средината и на крајот на стихот
- парна (паралелна) - кога се римуваат два последователни стиха (аа, бб, вв)
- вкрстена - кога се римуваат првиот и третиот, вториот и четвртиот стих (абаб)
- прегрната (обгрната) - кога се римуваат првиот и четвртиот, вториот и третиот стих
(абба)
- натрупана - (ааа или аааа)
- испрекината - без одреден ред (абвб)

▪ Асонанца- повторување на исти самогласки во стихот.


▪ Алитерација - повторување на исти согласки во стихот.
▪ Ономатопеја - подражавање на звуците од природните појави или човечки дејства
искажани со тие зборови.

 Строфа
- строфата е целина од одреден број стихови со рима, ритам и интонација или само со ритам
и интонација;
- строфата е дополнително средство за организација и ритмизација на стихуваниот говор
- стихот во песната може да се употребува астрофично (без да се групира во строфи),
строфично (подреден во истородни строфи) и хетерострофично (со строфи различни по
бројот на стиховите);
- строфата е поголема целина од стихот; по правило таа е заокружена синтаксичка целина;
но можно е да се јави т.н. опчекорување или пренос (кога една мисловна целина не се
зафршува во една строфа, туку се префрлува, пренесува, во првиот стих од наредната
строфа);
- според бројот на стиховите ги разликуваме следниве видови строфи: дистих,
терцет/терцина, катрен, квинта/пентина, секстина, септима, октава, нона, децима.

ПРЕГЛЕД НА ПОВАЖНИТЕ СТИЛСКИ ФИГУРИ

Општа определба на поимот фигури на говорот

Фигурите на говорот се основни начела – постапки низ коишто се остваруваат животните


функции на книжевно-уметничкиот говор; тие се форми на претставување, согледување и спознавање
на битието на книжевно-уметничкиот текст.
Фигурите и тропите ниту ги негираат, ниту пак ги потврдуваат јазичните норми; тие
произлегуваат и се вклопуваат во јазикот надоградувајќ и го и продолжувајќ и ги неговите бескрајни и
неисцрпни можности за проширување и обнова. Фигурите и тропите употребени во книжевно-
уметничкиот говор ги довведуваат можностите на јазикот до крајни граници.
Книжевно-уметничкиот, а особено поетскиот говор вообичаено се именува како фигуративен, не
затоа што е чиста опозиција (спротивставеност) на јазикот на секојдневната комуникација (кој по таа
логика би требало да се нарече нефигуративен), туку затоа што употребата на фигурите и тропите во
него е максимално мотивирана, функционална, обликотворна и отпорна на тенденцијата на
лексикализирање која доминира во говорната комуникација. Фигурите и тропите во обичниот говор се
присутни, но пред сè со цел да ги задоволат потребите на именувањето, известувањето и други
моментални, локални и минливи потреби, небитни за книжевноста.
Поделба на стилските фигури

Поимот фигури на говорот е општа категорија во која се вклучени сите видови фигуративни
облици, изрази, постапки. Овој поим подразбира главно две групи на говорни модели:
1) фигури во потесна смисла на зборот (не-тропи)
2) семантички фигури – тропи
Кај фигурите во потесна или во класична смисла на зборот, односно кај фигурите што не се
тропи не доаѓа до промена на основното значење на зборовите, туку се врши повторување, испуштање,
преместување или нагласување на одредени зборови во исказот. Според тоа тие можат да бидат:
1) фономорфолошки фигури и
2) синтаксички фигури
Тропите го добиле името од старогрчкиот збор тропос што значи обрт, постапка. Кај тропите
зачи доаѓа до израз односот меѓу ознаката и означеното и неговото преобликување, односно се
нагласува односот меѓу основното значење на зборот и некое фигуративно, изведено значење.

1. Фигури во потесна смисла на зборот (не-тропи)

а). Фономорфолошки фигури (Фонетско - морфолошки)


 Алитерација - повторуваwе и истакнуваwе на иста или исти согласки во зборовите на еден
стих; со свесното повторуваwе на исти согласки се постигнува естетски и емоционален ефект (пр. „а
воздухот вознемирен се одзивал од врева“).
 Асонанца – повторуваwе на исти самогласки во последователните зборови на стихот, со што се
засилува впечатокот на звучноста (пр. „од гласот сладок како мед на оној седав старец“).
 Мултисонанца – повторување на повеќ е исти гласови во стихот (согласки, самогласки, слогови)
 Парономазија – доближување на зборови со сличен гласовен состав, но со независно значење (пр.
„лудиот Лудвиг,“ „И солза му ги оброси образите од радост“)
 Рима
 Анаграм – преместување на гласовите во зборовите (пр. бор/роб).
 Ономатопеја.

б). Синтаксички фигури


 Полисиндетон (полисиндет) – повторување на еден ист сврзник.
 Асиндетон (асиндет) – отсуство на сврзници на место каде што се очекуваат.
 Елипса – испуштање на неопходни компоненти на синтаксата.
 Градација – степенување и правилно распоредување на зборови, слики и мисли со кои се
засилува или слабее почетната претстава или мисла (климакс/антиклимакс).
 Инверзија – превртување на правилниот граматичко-логички ред на зборовите во реченицата
 Антитеза – посебен вид споредба што се темели на спротивставување на две различни појави,
поими (пр. „Но сега песна погребна и тажбена си слушаш/наместо сладок свадбен пој“).
 Словенска антитеза – се состои од: теза, прашање (хипотеза), негација(антитеза) и одговор(нова
теза); карактеристична е пред сè за словенската литература.
 Апостроф (реторичко - реторско обраќ ање) – обраќ ање до неживи предмети или личности или
до апстрактни поими (или до отсутни личности).
 Реторичко (реторско) прашање – прашање кое не бара одговор туку имплицитно го содржи во
себе одговорот; единство на прашање и одговор (пр. „Но кој ли смртник избегал од домот црн на
адот?“).
 Компарација – споредба на два предмета или на две појави со споредбеното зборче како или ко
(пр. „А Неда како кошута во одајата си горна се качила“).
 Анафора – повторување на исти зборови на почетокот на два или на повеќ е последователни
стиха.
 Епифора – повторување на исти зборови на крајот на два или повеќ е последователни стиха.
 Симплоха – повторување на исти зборови и на почетокот и накрајот на стиховите.
 Палилогија – повторување на исти зборови на крајот на едниот и на почетокот на следниот стих.

2. Семантички фигури – тропи


 Метафора – употреба на збор или на група зборови во нов, за нив несвојствен контекст, при што
се воспоставува сличност меѓу два, инаку далечни поими врз основа на некоја нивна заедничка
црта (тертиум цомпаратионис). Станува збор за ново, преносно значење на местото на основното
значење на зборот. Метафората се јавува во различни видови:
а) метафора-скратена споредба (А е Б; АБ; А,Б; А-Б)
б) вистинска, права метафора – се губи во целост спореденото, а во текстот фигурира само она со коа
се споредува (Б)
в) метафора на припадност (генитивна метафора) – овде именката во својата метафорична употреба
врши функција на придавка и изразува дел, својство на именката што ја придружува (А на Б, Б на А)
пр. коработ на времето, замоци на надежта.
Во метафората по пат на сличност се врши пренос на некои особини и тоа:
а) од живо на неживо или апстрактно (пр. земјата е трудна, растојанието нека плаче)
б) од неживо или апстрактно на живо (пр. јас-бунар, дивата граматика на Марија)
в) од апстрактно на конкретно (пр. восхитената мисла на дрвјата, душата на една песна)
г) од конкретно на апстрактно (пр. грутка надеж, меч на тишината)
д) од конкретно на конкретно (пр. градиве – камбани камени)
ѓ) од апстрактно на апстрактно (пр. убавината на душата; ноќта е заборав, а заборавот успивање).
 Персонификација – на неживите или апстрактни поими им се даваат човечки особини.
 Синестезија – на предмети и појави од една сетилна област им се даваат особини од друга
сетилна област (пр. зелен страв, лута битка, тивка тага, три цели дена горчливи).
 Оксиморон – поврзување на две крајно противречни појави односно појави што се исклучуваат
една со друга (пр. мудра глупост, светла темница).
 Симбол - збор, сликовит израз за некој друг поим или за низа од поими ( пр. зора/утро=нов
почеток/раѓање/слобода).
 Алегорија - еден вид проширена метафора (метафора што се простира низ целиот текст), исказ
преку кој се претставува една идеја под/во сликата на друга идеја (мисла) (пр. басните).
 Алузија – укажување на нешто индиректно, преку употреба на симболи, топоси, митски и
архетипски ознаки; за да се протолкува бара од читателот предзнаења од одредена област;
зависно од предметот на кој се укажува се дели на: политичка, социјална, религиозна,
хумористична итн.
 Метонимија – поврзување на поими врз основа на начелото соседство (причина-последица,
содржина-облик, својство-личност) пр. сабјата е жедна, староста е седа, од иста крв се
 Синегдоха – замена, пренос на поимите врз основа на начелото дел наместо целост, еднина
наместо множина (пр. ,,немаше таква рака што }е го запре", ,, јас скршена пара немам")
 Иронија ( сарказам, гротеска, карикатура, виц ) – за неа важи мислата: „Едно кажувам, спротивно
мислам“ (пр. Баш си добар).
 Хипербола – преувеличување во прикажувањето на нештата.
 Литота – ублажување на брутални и премногу тешки, мачни, горчливи вистини изразено во
негативен исказ (пр. стар е – не е млад).
 Еуфемија – искажување на непријатни вистини во пријатна, заобиколена форма, но без употреба
на негација ( пр. умре - слезе во адот; загина - ,,нему изворот животворен му секна").
 Епитет – додаток на именката, кој не ја дополнува нејзината основна идеја, туку ја
карактеризира неа според некое повидливо или поскриено својство.
 Перифраза - заменуваwе на збор или зборовен состав со соодветен описен израз што содржи
одделни негови признаци или особености (пр. земјата на кенгурите = Австралија, стариот
континент = Европа).

You might also like