You are on page 1of 1

Љубов

Што е тоа чувство?Чувство е кога нештото го чувствуваш од внатре(внатрешна


состојба),односно ние тоа го чувствуваме и не можеме да го допреме.Чувство може да
биде среќа,тага,храброст,страв,омраза,љубов...Најубавото чувство кое може да се
доживее е љубовта.Што е тоа љубов?Љубовта претставува мешавина на
емоции.Позитивни емоции и силна поврзаност.Да бидеш сакан од некого е најубавото
нешто.Да помислиш дека на некому си му потребен.

Во љубовта е моќта.Бар мислам дека е така.Љубовта секогаш победува.Тоа го имам


слушнато од некаде и мислам дека е точно.Зошто мислам дека е точно?Затоа што
љубовта не значи само моќ,таа значи и многу други нешта,емоции.Во што е моќта на
љубовта?Моќта на љубовта значи единство,спојување на две срца.Не само две туку
спојување на повеќе срца.Тоа не мора да биде само кон саканиот или саканата,може да
биде и кон своето семејство,пријатели.Љубовта може да биде кон
мајка,татко,сестра,брат,баба,дедо...Љубовта може да биде кон татковината(кон својата
земја).Дури и кон животни.Кон твоето куче,маче.Најголемата љубов се раѓа помеѓу
мајката и детето.Зошто?Затоа што мајката го родила детето,мајката му дала
љубов,топлина.Само вистината може да те спаси во животот.Љубовта ти дава
живот,надеж за да почнеш одново,да копнееш по нешто.Искрено да му кажеш на
некој:Те сакам,да не го лажиш.Тоа чувство може да дојде само одвнатре од
срцето.Каква боја е љубовта?Срцето е црвено,затоа и љубовта секогаш потсетува на
црвена боја.Кога си вљубен во некого се изгледа поразлично.Работите ги гледаш
поинаку,на друг начин.Светот го гледаш на друг начин,луѓето.Во животот треба само
вистина и сакање,не треба да лажеме и да имаме омраза меѓу себе.Зошто не треба да
лажеме и да немаме омраза меѓу себе?Затоа што лагата и омразата ја уништуваат
љубовта.Кога ќе му кажеш на некој:Те сакам,искрено,тогаш ти се отвара
срцето.Срцето е како огледало на љубовта,односно вистината и искреноста.Дури и
поетите ја искажуваат љубовта преку своите песни,а композиторите преку музика.

Мислам дека како заклучок добив дека љубовта е непредвидлива.Љубовта не може да


се опише.Срцето постојано чука.Секоја секунда,секоја минута.Срцето не е само
огледало туку и музичка кутија на љубовта.Љубовта треба да се докаже
некому.Љубовта е клучот на животот.

You might also like