Универзалните чувства

You might also like

You are on page 1of 1

Универзалните чувства, страсти и страдања во драмата „Хамлет“ од Вилијам Шекспир

Што е тоа одмазда?


Одмазда или уште и англиско revenge е да му вратиш на некого,односно да реагираш
свесно.Пример некој ако направил нешто лошо,изршил неправда,хасилство и
слично.Зависи од тоа што му направил.Затоа што има некои се одмаздуваат само со
зборови а има и некои што сакаат крвно да се одмаздат и тоа е такнаречена крвна
одмазда.Што е тоа крвна одмазда?Крвна одмазда е одмазда во семејството(не мора
секогаш да е во семејството)каде што едниот член сака да го убие другиот,затоа што
убил друг член или пак направил нешто друго.Тоа може да биде и
неверство,злосторство и слично.Целта на одмаздувачот е да ја спаси честа на убиениот
член.
Драмата во која преовладува одмаздата,универзалните чувства,страстите и
страдањата и е една од најпознатите драми за време на ренесансата во Англија е
трагедијата „Хамлет“ од познатиот ренесансен писател Вилијам Шекспир.Во оваа
драма е претставена одмаздата на Хамлет кон својот чичко.Една од најубавите драми
досега што ги имам прочитано.Не беше многу тешко да се разбере ликот на Хамлет.На
некои луѓе му е потребно повеќе пати да ја прочитаат драмата за да ја разберат а
најмогу да го разберат ликот на Хамлет.Хамлет е млад човек.Тој е добар и
паметен.Размислува пред да направи нешто.Тој е разочаран кога дознава дека неговиот
чичко го убил татко му,а најмногу се разочарува кога дознава дека неговата мајка ќе се
мажи за чичко му.Тој сака да му се одмази на сите оние што се против него,сите оние
што го изневериле и го предале.Тој станува колеблив и темпераментен односно
меланхоличен.Постојано мисли на негативни работи,глуми дека е луд.Хамлет е
несигурен и се плаши од смртта.Што предизвика кај вас Хамлет и со што ве допре?Кај
мене Хамлет предизвика страв и сожалување од неговите мисли.Самиот си го одбрал
својот пат.Хамлет е опседнат со одмаздата и затоа и самиот страда.
Што значи познатата реченица „Да се биде или не“?Значи дали да го одбере животот
на земјата или смртта.Хамлет не требало многу да ја одолговлекува одмаздата,бидејќи
со тоа тој страдал бил осамен и никој немало да му помогне.На крајот тој ги изгубил
сите и се изгубил и себе си.

You might also like