You are on page 1of 2

Чичко Горио

Оноре де Балзак е претставник на францускиот реализам роден е во Тур,на југот од Франција, во


граѓанско семејство. Прво учел во духовен колеџ, а потоа се запишал на правни науки во Париз.
Секојдневно присуствувал на судските расправии што искуството од овие животни приказни,
подоцна ќе ги искористи во своите дела Имал многу обемно творештво прв негов книжевен успех
е романот ,,Последниот Жуан во годината 1800,,; неговите дела ги побрзал во една целина која ја
нарекол ,,Човечка комедија,,. Меѓу најпознатите се романите ,,Шуани,, , ,,Евгенија
Гранде,, , ,,Чичко Горио,, , ,,Изгубени илузии,, , ,,Селани и др.

Чичко Горио е роман чија тема не е едниствена. Тој е реалистичен, психолошки, социјален и
семеен роман. Дејството се случува во Франција, Париз 1819 год. Приказната е рализирана преку
сезнаечки наратор, односно раскажувачот се знае и гледа.

Темата ги опфаќа: драмата на чичко Горио, животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;
судбината на робијашот Вотрен. Овие приказни се поврзани со местото на живеење- пансионот на
госпоѓата Вокер. Романот е учетничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле својот
висок општесвен статус и се приморани да живеат во најсиромашниот париски кварт. Општеството
е виновник за положбата во која се наоѓаат.

Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои морално го деградираат
човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам, лицемерство, интриги, подлоси.

Пансионот бил поделен на катови, на првиот кат биле богатите што порано таму престојувал чичко
Горио, а ако се качуваат погоре биле се посиромашните. Имало и пансионска реа-мирисало на
мувла и бајато,студено и влажно при дишењето, се впивало во облеката,смрди на кујна.

Ежен де Растињак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот. Тој е од југот на
Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена да живее во светот на богатите. Тој
сочувствува со сиромашните, повредените, недостојните, но не отстапува од неговата цел слава и
богатство.

Горио бил поранешен фабрикант на тестенини што се збогатил од брашното што го продавал десет
пати повеќе. Тој е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки. Неговата љубов е толку
голема што нему не му е тешко да ја поднесе секоја жртва за нив. Заради нив тој живее бедно и се
надева дека за возврат од, нив ќе добие љубов. Толку многут гит разгалил и расипал што тие
немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми паѓа
во очај и умира.

Делфина и Анастазија воопшто не cе разликуват меѓу себе. На моменти ни се чини дека Делфина
подобра, но тaа не доаѓа да го посети болниот татко, а чекорите што ги прави се само за да докаже
пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат и последната пара од татка си без да се
сожалат на него. Си завидуваат, си љубоморат, се караат за секоја паричка. Живеат во лажен свет,
без љубов и морал.

Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како револуционер, туку како крадец и убиец.
Тој ги почитува своите другари (робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со посебна почит. Тој не
ги сака нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира ситуацијата, пресметува
колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со Викторина). Кога ќе биде фатен тој
отворено ќе признае се, цинично ќе се однесува со што ќе го покаже својот однос кон општеството.

You might also like