You are on page 1of 9

,,Чичко Горио“ од Оноре Де Балзак

 „Чичко Горио“ од Оноре де Балзак е роман чија тема не е единствена.


Опфатени се три паралелни приказни кои се испреплетуваат поради
средбите на ликовите.
 Тој е реалистичен, психолошки, социјален и семеен роман.
 Дејството се случува во Париз, 1819 година.
 Приказната е реализирана преку сезнаечки наратор (раскажувачот сè знае
и сè гледа).

 Темата ги опфаќа:
 Драмата на чичко Горио;
 Животот и моралното пропаѓање на Ежен де Растињак;
 Судбината на робијашот Вотрен.
 Овие три приказни се поврзани со местото на живеење – пансионот на
госпоѓата Вокер.
 Романот е уметничка слика на ликови кои од различни причини го загубиле
својот висок општесвен статус и се приморани да живеат во
најсиромашниот париски кварт. Општеството е виновник за положбата во
која се наоѓаат.
 Идејата е да го прикаже општеството каде движечка сила се парите кои
морално го деградираат човекот и сочинуваат свет преполн со егоизам,
лицемерство, интриги, подлости, измами и предавство.
 Содржина на романот „Чичко Горио “

 На почетокот од романот е претставен сиромашниот кварт каде се наоѓа


пансионот на госпоѓата Вокер. Преку него, Балзак ни ја претставува цела
Франција и односите во општеството. Ги претставува ликовите и нивното
минато, подредувајќи ги по катови како што се подредени во општеството.
 На првиот кат се најбогатите, а како се качуваат погоре се сè
посиромашните. Многу сликовито е опишан мирисот на пансионот, кој е
карактеристичен за сите такви места. Тој го нарекува пансионска реа –
„мириса на затворено, на мувла и бајато, студено и влажно при дишењето,
мирисот се впива во облеката, ја има реата на соба во која штотуку се
вечерало, смрди на кујна, на немиени садови, на прифатилиште“.
 На првиот кат од пансионот се наоѓаат најубавите станови во куќата. Таму
се сместени госпоѓата Вокер во помалиот, а во поголемиот госпоѓата Кутир
(вдовица) со младата девојка Викторина Тајфер.
 На вториот кат има исто така два стана, во кои живеат Поаре и господинот
Вотрен.
 На третиот кат има четири соби. Во нив се сместени: госпоѓицата Мишоно
(стара мома), чичко Горио и Ежен де Растињак (едната е празна, но
најчесто таму живеат студенти).
 Во поткровјето се наоѓа таванот за сушење алишта и две мансардни соби
во кои се сместени слугата Кристоф и дебелата готвачка Силвија.
 По описот на пансионот и жителите, дејствието го води Ежен де Растињак.
Тој потекнува од пропаднато благородничко семејство и по секоја цена сака
да постигне нешто во животот.
 Прво се зафатил со работа и учење, но забележал дека жените имаат
огромно влијание во општествениот живот, па решил да се впушти во таков
свет и да си најде заштитнички. Тетка му го поврзува со виконтесата де
Босеан (богата и влијателна), која го поканува на бал. Таму, тој се
запознава со грофицата Анастазија де Ресто со која танцува и ја поканува
на повторна средба.
 За време на пансионскиот ручек Ежен раскажува за балот, за госпоѓата де
Ресто, за нејзината убавина, танцувањето. Горио со внимание го слуша и
блеска од задоволство и среќа. Кога тој заминува од масата, другите го
озборуваат дека таа му припаѓа на Горио, дека тој ја издржува и дека го
водат ниски страсти.
 Утредента Ежен оди кај грофицата на договорената средба, убаво облечен
и преполн со надеж. Во салонот се среќава со љубовникот на грофицата,
Максим де Трај.
 Во задниот дел од куќата, грофицата тајно се сретнува со Горио, го бакнува,
го испраќа и се враќа во салонот да ги пречека гостите. Таа повеќе
внимание му обрнува на Максим, а Ежен се обидува да се бори со
соперникот за вниманието на Анастазија. Тоа му успева кога доаѓа грофот и
убаво го прифаќа заради неговото потекло и роднинските врски со
виконтесата де Босеан. Но, кога Ежен го споменува Горио, нивниот однос
сосема се менува, па тие речиси го исфрлаат од куќата.
 Разочаран, тој оди кај Босеан која е растревожена заради нејзините
љубовни односи, поточно зашто нејзиниот љубовник решил да се жени.
Ежен и раскажува за посетата на Анастазија и тогаш дознава дека Горио им
е татко, нејзе и на Делфина.

 Приказната на Горио

 Кога бил млад, Горио бил работник во фабрика за тестенини. Со упорност и


ризик за време на економската криза успеал да се збогати. По смртта на
својата жена, тој целото внимание им го посветил на ќерките кои бескрајно
ги разгалил.
 Тој им нашол богати и угледни мажи и им го поделил богатството оставајќи
си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за
гроф, па таа станала грофица де Ресто, а Делфина ја омажил за барон и
таа станала бароница де Нисенжан. За титулите дал големо богатство, на
тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им овозможи
лагоден живот.
 Во почетокот, Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во
најубавиот стан. Секој ден се дотерувал, со убава облека, перика и со
златен синџир. Но, како минувало времето неговите ненаситни ќерки му го
земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè
погоре во пансионот Вокер.
 Госпоѓата Вокер дури сакала да го заведе Горио и да се омажи со него, но
кога сфатила дека единствена љубов во неговиот живот се ќерките, се
откажала и почнала да го озборува. Го претставувала како сладострастник
кој имал две љубовници што ги издржувал.
 Кога Ежен ја дознава вистината за Горио и за ќерките кои се откажале од
него и не сакаат повеќе ни да го видат, па дури и се срамат од него, многу
се растажува. Босеан му предлага да го запознае со Делфина де Нисенжан
која сè би дала за да влезе во високите кругови, а таа нему ќе му го
овозможи тој влез. Освен тоа, сестрите биле многу завидливи и љубоморни
една на друга, па на овој начин Ежен ќе и врати на Анастазија за нејзиниот
понижувачки однос кон него.
 Заради ова, кога се враќа во пансионот, Ежен де Растињак зазема
заштитнички став кон Горио.
 Ежен решава да преземе акција за влез во високото општество, па затоа им
пишува писма на мајка си и сестра си во кои се понижува себе си, само за
да добие пари од нив. Пари, за да може да купи убава облека, а тие можеби
ќе останат без основни средства за живот. Се чувствува ниско заради тоа,
ист како ќерките на Горио.
 Приказната на Вотрен
 Во дејствието на романот преку разговор со Ежен се воведува приказната
за Вотрен и Викторина Тајфер. Вотрен сосема го разбира Ежен и неговите
намери за влез меѓу богатите преку љубовни односи со богати жени.
 Вотрен е 40-годишен, силен маж, со широки рамења, цврст, набиен, со
длабок глас, човек кој се познава со сите, се разбира од сè, пријатен,
услужлив, шегаџија. Тој му предлага на Ежен поинаков начин, односно
наместо да наоѓа љубовници – да се ожени со Викторина Тајфер.
 Викторина била убава, млада девојка која поради несреќниот живот, малку
пропаднала. Татко и се откажал од неа, а целото богатство го оставил на
нејзиниот брат. Вотрен му навестува дека преку наместен двобој тој може
да го убие нејзиниот брат и така таа да остане единствена наследничка.
Ежен малку се зачудува од предлогот, но не го коментира и не го одбива.
Влезот на Ежен во високото општество

 Ежен де Растињак ја посетува Босеан за таа да го исполни ветувањето дека


ќе го запознае со Делфина.
 Иако Босеан многу непријатно се однесува кон него заради сопствената
несреќна љубов, сепак попушта и тие заедно одат во театар. Случајот сака
таму да се сретнат со Делфина која била пред раскинување со нејзиниот
љубовник (тоа е една од причините што Босеан го упатува Ежен на неа).
 Растињак и се приближува на Делфина токму со разговор за нејзиниот
татко, односно со случката кај сестра и. Ежен ја понижува Анастазија, ја
прикажува како сурова, како неќерка (всушност го искористува лошиот
однос меѓу сестрите).
 Кога се враќа дома сè му раскажува на Горио, бидејќи тој сака да слушне сè
што се однесува на неговите ќерки. Тој ја бакнува земјата по која тие газат.
А, Вотрен, пак, го потсетува на разговорот за Викторина Тајфер. Ежен
забележува дека тој и се допаѓа на Викторина и не ја отфрла сосема
можноста за спојување со неа.
 Со нова облека и почетничка среќа Ежен игра комар, добива пари кои ѝ ги
дава на Делфина за да ги исплати долговите на нејзиниот поранешен
љубовник и на тој начин ја започнува врската со неа. Но, Ежен продолжува
со коцкањето и запаѓа во долгови, а за да се раздолжи позајмува пари од
Вотрен.

 Расплетот на трите приказни


 Ежен и Делфина во договор и со помош на Горио си подготвуваат стан во
кој би живееле, а таткото би можел непречено да доаѓа и да ги посетува.
 Вотрен не се откажува од неговата замисла и затоа една вечер во
пансионот приредува пијанка во која всушност ги успива сите. Утрото
дознаваат дека братот на Викторина загинал во двобој.
 Во меѓувреме, госпоѓата Мишоно и Поаре се сомневале дека Вотрен е
измамник, избеган робијаш, познат под името Лажи-смрт, а неговото
вистинско име било Жак Колен. За доказ, требале да го откријат неговиот
белег. Мишоно му дава напиток, го успива и докажува дека била во право.
Измамникот е фатен, но пансионерите се свртуваат против Мишоно и
Поаре и ги бркаат од пансионот.

 Напуштањето на пансионот го најавуваат и Ежен и Горио.

 Горио за првпат бил многу среќен, но неговите ќерки повторно сè


расипуваат. Прво доаѓа Делфина жалејќи се на финансиски проблеми, а
потоа и Анастазија. Избива силна караница меѓу сестрите преполна со
злоба и љубомора. Горио не може да го поднесе тоа, паѓа во очај и се
разболува. Ќерките не доаѓаат да го посетат иако Ежен ги моли. Делфина
само ветува дека иако е „болна“, ќе дојде да го види татка си додека не е
предоцна, а Анастазија доаѓа, но доаѓа предоцна.
 Нивната бескрупулозност, самољубие, бесчувствителност, непочитување,
уште повеќе доаѓа до израз кога тие двете не доаѓаат на погребот на татка
си, туку испратиле само празни кочии. Не сакале ни да дадат пари, па Ежен
го заложува својот часовник за да може да го плати бедниот погреб на
чичко Горио.
 Ежен ја докажува својата хуманост и добрина, како и сожалувањето кон
Горио, но тој не се откажува од своите намери. Тој го предизвикува лажното
општество, лицемерието, злобата и решен е да се пресмета со него.
Романот завршува со: „Растињак отиде да вечера кај госпоѓа де Нисенжан“.
(Иако го презира нејзиниот однос кон родителот, сепак неговата цел е
поважна.)

 Заклучок
 Романот е целосна слика на француското општество на почетокот од XIX
век. Во него се претставени најниските слоеви, сиромашните, слугите и
осиромашените, но и најбогатите – оние што одат на балови и самите ги
приредуваат, живеат лагоден, но и развратен живот. Бракот најчесто се
заснова на финансиска спогодба, па затоа сите имаат љубовници.

 Ликовите во романот „Чичко Горио“

 Ежен де Растњак е младо и убаво момче кое решило да успее во животот.


Тој е од југот на Франција, од осиромашено семејство и сака по секоја цена
де живее во светот на богатите. Тој сочувствува со сиромашните,
повредените, недостојните, но не отстапува од неговата цел – слава и
богатство.

 Чичко Горио е типичен лик на татко кој безмерно ги сака своите ќерки.
Неговата љубов е толку голема што нему не му е тешко да ја поднесе
секоја жртва за нив. Заради нив тој живее бедно и се надева дека за
возврат од нив ќе добие љубов. Толку многу ги разгалил и расипал што тие
немаат ни трошка почит кон него. На крајот, сфаќајќи дека создал
бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.
 Ќерките на Горио Делфина и Анастазија воопшто не се разликуваат меѓу
себе. На моменти ни се чини дека Делфина е подобра, но таа не доаѓа да го
посети болниот татко. Всушност, чекорите што ги прави се само за да
докаже пред Растињак дека е подобра од Анастазија. Тие ја цицаат и
последната пара од татка си без да се сожалат на него. Си завидуваат, си
љубоморат, се караат за секоја паричка. Живеат во лажен свет, без љубов
и морал.

 Разбојникот Вотрен дејствува против ваквото општество, но не како


револуционер, туку како крадец и убиец. Тој ги почитува своите другари
(робијаши) и нивните пари ги чува кај себе со посебна почит. Тој не ги сака
нивните, туку парите на богатите. Прво детално ја анализира ситуацијата,
пресметува колкава ќе биде неговата корист, па дејствува (случајот со
Викторина).
 Кога ќе биде фатен тој отворено ќе признае сè, цинично ќе се однесува со
што ќе го покаже својот однос кон општеството.

You might also like