You are on page 1of 5

Јадрото на романот се карактеризира со три

сижејни линии:
1. Драмата на бившиот фабрикант за
тестенини чичко Горио;
2. Животот, моралното пропаѓање на Ежен
де Растињак и неговата љубов кон
бароницата Делфина де Нисенжан;
3. Животната сторија на робијашот Вотрен.
Овие три приказни се поврзани со местото
на живеење – пансионот на госпоѓата Вокер.
арактеристики на романот „ Злосторство и казна “

„ Злосторство и казна “ од Достоевски е реалистичен, психолошки роман во кој има елементи и на


социјален, криминалистички и филозофски роман. Тој е, исто така, полифоничен роман (каде се
вклучени општествената и социјалната реалност, но и психичката реалност на поединецот).

Темата и идејата на романот се содржани во насловот. Темата е злосторство, двојното убиство што
го извршува Раскољников и казната што следува (повеќе психичка, отколку физичка). Во таа
психичка казна е содржана и идејата – дека човекот самиот повеќе се казнува и измачува отколку
што тоа може да го стори општеството. Исто така, дека нема никакво оправдување за извршено
убиство, зашто сечиј живот е вреден.

Во романот, покрај злосторството извршено од страна на Родион Романович Раскољников,


опишано е и неговото семејство, мајка му и сестра му, неволјите во кои запаѓаат заради
сиромаштијата; како и семејството Мармеладови, а особено Соња Мармеладова, која ќе има
исцелувачка улога на крајот. Приказната на Свидригајлов е поврзана со сестрата на Родион
Романович, но и таа живее самостојно и се издвојува со својата специфичност.

Времето во романот е сконцентрирано во девет и пол дена до стореното злосторство и девет


години по злосторството (една за време на судењето и осум во прогонство), што секако има своја
симболика.

[av_heading heading=’Содржина на романот „ Злосторство и казна “’ tag=’h3′ style=” size=”


subheading_active=” subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-5myf1′]
[/av_heading]

[av_heading heading=’Прв дел („ Злосторство и казна “)’ tag=’h5′ style=” size=” subheading_active=”
subheading_size=’15’ padding=’10’ color=” custom_font=” av_uid=’av-1gx7a5′][/av_heading]

На почетокот од романот ни е претставен главниот лик – Родион Романович Раскољников. Тој е


многу убав, со прекрасни темни очи, темнорус, средно висок, стасит млад човек, поранешен
студент по право. Студиите ги напушта поради крајната беда во која запаѓа.

Облечен во партали, тој се упатува кај старата лихварка Аљона Ивановна да го заложи сребрениот
часовник кој му е спомен од таткото. Патем, тој се бори со своите чувства, бидејќи неговото одење
кај лихварката е испитувачки обид за намерата што се раѓа кај него – да ја убие бабата.

Раскољников е убеден во својата филозофија дека сите луѓе се поделени на две групи: обични –
кои го поминуваат животот во послушност, покорувајќи им се на животните околности и необични
– силни луѓе, кои преминуваат преку нормите и законите, луѓе на кои им е дозволено сè за да ја
постигнат својата цел.

Обичните луѓе најчесто се борат со својата сиромаштија и го носат товарот на општеството, тие
настрадуваат и за најмали грешки, казнувани се и прогонувани; а на „големите“ луѓе – каде за
пример го дава Наполеон, им е дозволено сè. Тој убил илјадници луѓе, а сепак не е казнет, туку е
величан како војсководец и император.

Со ваквата филозофија, тој сака да ја оправда својата намисла да ја убие бабата, која според него е
една непотребна „вошка“ што само им наштетува на луѓето. Нејзините пари тој смета дека може
да се искористат пополезно, како што е неговиот случај – да може да ги заврши студиите и да им
помогне на мајка си и сестра си, да не се понижуваат работејќи по туѓи куќи за да го издржуваат
него.

Одејќи кон нејзиниот дом за да го заложи часовникот, тој го планира убиството и ги разгледува
своите можности за извршување на убиството. Ја планира патеката по која ќе оди, кога влегува кај
бабата ја разгледува нејзината соба, загледува каде ги става заложените предмети итн. Но, иако го
прави тоа, тој чувствува страв и извесно гнасење од сите тие мисли.

Откако заминува од кај бабата влегува во кафеана да се напие пиво, што многу ретко му се
случувало. Воопшто, а во последно време особено, тој не излегувал никаде, не се дружел со
никого, се повлекол и осамил во своето мало сопче.

Во кафеаната се сретнува со чиновникот Мармеладов, човек со подуено, жолто-зелено лице од


постојано пиење. Тој му ја раскажува својата животна приказна на Родион (Роѓа) Раскољников, за
женењето со убавата и образована Катерина Ивановна, која била вдовица со три мали деца. Тој
имал и една ќерка од првата жена – осумнаесетгодишната Софја (Соња) Семјоновна
Мармеладова.

Поради сиромаштијата таа била приморана да се проституира, се преселила во друг стан и им


давала пари колку што можела. Мармеладов успеал да најде работа и сè почнало да оди на
подобро, но тој наместо да ги однесе парите дома, доаѓа во кафеаната и ги троши на пиење. И не
си оди дома додека не ги потроши сите пари, иако знае дека кога ќе се врати ,жена му од немоќ
ќе го истепа и целиот гнев ќе го истури врз него.

Бидејќи нема храброст да оди дома сам, го замолува Раскољников да дојде со него. Тој му помага,
го придржува пијаниот и доаѓаат во неговиот дом, каде ги пречекува болната од туберкулоза,
многу пропадната и ослабната Катерина Ивановна.

Мармеладов веднаш клекнува на колена пред неа и ја чека слатката казна од жена си. Таа му
вика, го влече за коса, го навредува. Влегуваат и други луѓе кои ја гледаат срамната сцена, а
Раскољников тивко и незабележливо се повлекува, на прозорецот им ги остава малкуте пари што
му останале и си заминува.

Кога стигнува дома, Настасја, прислужничката, му дава писмо што стигнало од мајка му. Долгото
писмо ја опишува целата историја на сестра му. Таа работела како гувернанта кај господинот
Свидригајлов и неговата постара сопруга Марфа Петровна. Свидригајлов бил лош и суров човек
кој сакал да има љубовна врска со Авдотја Романовна (Дуња), сестрата на Раскољников. Затоа, таа
била приморана да го напушти работното место.

Неговата сопруга, Марфа Петровна прво мислела дека Дуња е виновна, но потоа сфатила дека
нејзиниот маж е тој што се натурал и дека всушност меѓу нив ништо не се случило. За да се извини
што отпрво бурно реагирала и ја избркала Дуња, таа на сите им раскажувала колку прекрасна
личност е таа и на крајот ја запознава со Петар Петрович Лужин кој сакал да се ожени со некоја
токму таква девојка – сиромашна и чесна.

Лужин бил обезбеден и надежен човек кој работел на две места и имал некаков капитал. Дуња
решила да се омажи за него иако и таа и мајката знаеле дека таму не станувало збор за никаква
љубов. Раскољников сфаќа дека сестра му тоа ќе го прави за него – да го извлече од
сиромаштијата. Таквата жртва, тој како брат, не сака да ја прифати.
На крајот од писмото, мајката го известува дека тие патуваат кон Санкт Петербург, а дека Лужин
набрзо ќе го посети.

Раскољников, вознемирен од писмото, излегува надвор и бесцелно талка по улиците. Случајно,


кога поминува кај Сенскиот Пазар наслушнува разговор во кој дознава дека Лизавета Ивановна,
сестрата на лихварката, во седум часот ќе биде излезена. Значи, бабата ќе биде сама дома и тој ќе
може да го оствари својот план.

Одејќи понатаму, му се случува уште една коинциденција: седнува во кафеана и на масата до


неговата слуша разговор меѓу еден студент и млад офицер.

Студентот раскажува за бабата – Аљона Ивановна, колку таа била лоша, алчна, непопустлива кон
заложувачите и лоша кон својата сестра. Тој вели дека вреди да се убие една таква баба, но
заради доброто на другите – нејзините пари да се искористат за илјадници сиромашни.

Овие два знака на Раскољников му се чинат како одобрување на неговата намера. Неговото
суеверие ќе го натера да верува дека сè се мести за да се изврши злосторството. Си оди дома,
прилегнува и планира вечерта да ја заврши работата.

Се разбудува кога е веќе потстемнето. Набрзина, го зема предметот за заложување кој го


подготвил од порано (дрвена штичка со метална плочка, за да тежи повеќе, завиткана во бела
убава хартија), ја прави јамката на палтото на која ќе ја закачи секирата и тргнува. Уште веднаш
наидува на препрека, односно тој очекувал Наталија да биде излезена и да ја земе од кај неа
секирата, но таа си работела во кујната.

Тој се разбеснува, продолжува понатаму и поминувајќи крај одајчето на вратарот, здогледува под
неговата клупа – секира. Истрпнува, бидејќи планот сепак нема да му се изјалови, влегува и ја
зема секирата.

Се насочува по веќе извежбаниот пат и со мало задоцнување од планираното, стигнува до станот


на бабата. Таа недоверливо ја отвара вратата, но Раскољников самоуверено влегува во нејзиниот
стан, убедувајќи ја да не се плаши подавајќи и го божемниот залог.

Додека таа се обидува да го одвитка, тој со тапото од секирата ја удира со сета сила по глава. Таа
паѓа на подот, а тој уште двапати ја удира по темето. Тогаш ги зема нејзините клучеви и оди во
спалната. Ги пробува во комодата и не успева да отвори ништо. Целиот во грч, тој посакува сè да
остави и да си отиде.

Се враќа кај старицата бидејќи му се причинува дека се помрднува и забележува на нејзиниот


врат врвца. Успева некако со секирата да ја пресече врвцата на која имало обесено ќесе. Тој го
става во својот џеб без да погледне што има внатре.

Се враќа повторно во спалната, го отвора ковчегот под креветот и таму меѓу алиштата наоѓа многу
златни предмети.
Наеднаш, му се присторува како некој да се движи во другата соба, а потоа слуша и лесен извик. Ја
грабнува секирата и на среде одаја ја здогледува сестрата на Аљона, Лизавета. Тој веднаш ја крева
секирата врз нејзината глава и со острицата ја расекува речиси до темето. Потоа се мие од крвта и
решава да си оди.

Дури тогаш забележува дека надворешната врата цело време била отворена. Кога и се
приближува на вратата, ја затвора со резето бидејќи слушнал чекори. Чекорите застануваат токму
пред вратата на која човекот почнува упорно да тропа. Потоа

You might also like