You are on page 1of 3

СОУ Гимназија “Јосип Броз Тито”- Битола

Обработка на лектира бр.4


“Вујко Вања”
од Антон Павлович Чехов
-Белешка на авторот
Антон Павлович Чехов бил руски писател и лекар. Роден е на 29 Јануари 1860 г во Таганрог
во Русија, а починал на 15 јули 1904 во Баденвајлер. Пишувал кратки хуморески, новели и
приказни, а славата ја стекнал пишувајќи делови од театарски претстави и драми од кои
најпознати се „Галеб’, „Вујко Вања“, „Три сестри“, и „Вишновата градина“.
По професија бил лекар, но книжевноста му била страст, па од таму доаѓа и неговата
изјава дека медицината му е законска сопруга, а литературата љубовница. Починал на
само 44 години, а за тој период напишал 17 драми и околу 600 раскази, и се смета за еден
од најголемите новелисти на европскиот реализам.
Неговиот татко Павел Егорович Чехов бил трговец, а мајка му Евгенија Јаковлевна
Морозова исто така била ќерка на трговец.
По завршетокот на гимназијата и тој отпатувал во Москва со намера да заврши медицина
и да им помогне на своите родители. За да заработи пари се сетил на идејата своите
текстови да им ги испраќа на московските списанија. На почетокот го одбивале, а првата
негова приказна ја објавило списанието „Вретенце“ Во текот на две години „Вретенце“
објавил речиси 130 кратки приказни од Чехов. Меѓутоа, тој не се потпишувал со
вистинското име туку како „Докторот кој ги изгубил пациентите“, „Човек без слезинка“,
„Брат на мојот брат“, „Одисеј“, „Антонш“, т.е. „Антонш Чехонт“. Текстовите почнал да ги
испраќа на списанијата „Будилник“ и „Спектатор“.
Авторот на драмата Вујко Вања, рускиот новелист, раскажувач и драматург Антон
Павлович Чехов, во книжевноста се појавил со кратки хуморески од обичниот живот и
веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за забележување, длабоко разбирање на
суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно обликување. Во своите новели
Чехов ги прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина. Низ
карактерот на своите јунаци дава фантастична претстава за средината од која потекнуваат.
Во неговите драми нема фибула како во класична смисла на зборот, туку тоа најчесто се
исповеди за внатрешните борби и конфликти. Такви се и ликовите во неговата драма
Вујко Вања.

Живеејки во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на
својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за доброто на
својата внука. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од
родителите. Иако поголемиот дел од приходите од имотот ги троши неговиот себичен зет,
Вујко Вања не се грижи за тоа. Работливиот и скромен Ивањицки смета дека мирот и
спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Но, секојдневието го
нарушува враќањето на Серебрјаков со својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти
Вујко Вања, работлив и морален обичен човек, застанува овој љубител на развратниот
живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир меѓу нив.
Со својот егоизам и честите ноќни пирови кога ги буди сите, а потоа одкако ќе ги задоволи
своите ниски страсти, сите да ги фалат неговите критики, неговото пишување, без грижа
на совеста легнува и заспива оставајки ги другите будни.
Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија Телегрин работат да му
обезбедат лагоден живот, тој спие. Само старата дадилка Марина умее, ненаметливо
обраќајки му се со професоре да го потхрани неговиот егоизам, но и да го приземји, да го
спаси мирот на другите од оваа жива напаст. Трпението е при крај. Конфликтот на
интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да навлегуваат во салонот
на имотот. Селскиот лекар, но и пијаница поради грижа на совеста заради смрта на негов
пациент, Астров го започнува хаосот. Елена, младата жена на Серберјаков, во желба да и
помогне на младата Соња да ја оствари својата љубов кон овој човек љубезно се труди да
му објасни дека Соња не е дете туку млада жена. Но, овој како да не ја слуша. Изјавувајки
и љубов нејзе и бакнувајки ја го предизвикува немиот сведок на овој чин Вујко Вања од
секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој радостите од љубовта ги
потиснал длабоко, да стане ѕвер. Кулминацијата настапува во мигот кога себичниот
Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото растројство како
молња го погодува Вујко Вања. Тогаш тој му кажува на својот себичен зет дека неможе да
продаде туѓ имот. Имотот од кој тој живее развратен живот во суштина е наследство на
неговата ќерка од нејзината покојна мајка. Само случајноста го спасува Вујко Вања да не
стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите тој промашува кога пука. И како што
умее само Чехов, расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува од
имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена. Останатите
продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични луѓе напред ги води
убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот сите тие ќе бидат наградени за
својата добрина.
Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов се отсликува музиката на
секојдневието и со вешто компонираната лирика е испеано тажното умирање на еден
свет на крајот на стариот и почетокот на новиот, можеби подобар век.

You might also like