You are on page 1of 9

Александар

Сергеевич ЕВГЕНИЈ
ОНЕГИН
Пушкин
Вовед
• Александар Сергеевич Пушкин е
руски писател кој се смета за
најголем руски поет,
основоположник на рускиот
литературен јазик и основач на
модерната руска литература.
• Едно од неговите најпознати дела
е романот во стихови "Евгениј
Онегин", дело  проникнато со
скепса и песимизам на главниот
лик.

This Photo by Unknown author is licensed under CC BY-SA.


Содржина
• Романот „ Евгениј Онегин “ го
сочинуваат осум пеења, со различен
број песни.  Александар Сергеевич
Пушкин  ја создал онегинската строфа
составена од 14 стиха. Иако поетот е
претставник на  романтизмот ,
романот е замислен врз реалистична
основа каде се запознаваме со
секојдневните настани од животот на
руското дворјанство.Темата во романот
е љубовта; младешката, идеализирана
и неостварена љубов на Татјана кон
Онегин и нејзиното созревање.
• Читајќи го Пушкин, секој читател на свој начин ја доживува релацијата фикција-реалност:
уметноста е таа која често го имитира животот, а самите корисници на истиот често
завземаат форма на уметност. Споредувајќи ги сестрите, Татјана е таа чие потонување во
романтичните новели се смета за неприфатливо, додека Олга важи за срцевина на
безусловната љубов на Ленски, редок интелект и најдобар пријател на Онегин.
Апсолутно спротивни, а истовремено најдобри пријатели, обата машки лика претставуваат
манифестација на двотомниот карактер на самиот автор – поетски дар, искреност и восхит
кон смислата за убавото наспроти циничен егоизам и потценување на
човековите емоции.Амбициозен и незамисливо дрзок, непромислениот акт на покана за
танц кон Олга, љубената на Ленски завршува со покана за двобој и сршено срце на Тања. Во
обид да ја одбрани чест на својата љубена, тој го губи животот, а Олга се мажи за тотален
странец. Тања незавидно продолжува со своето илузионирање, иако емоциите е се наполно
оштетени. Евгениј, исполнет со преиспитување и каење, заминува од селото… Случајната
средба по неколку години како врв на пресвртот во ова дело како одговор на писмото од
кое тече емоционална страст, не и дозволува на Тања да доживее емотивен пад и да му
покаже на единствениот човек кој некогаш го сакала, дека работите не изгубиле на
својот сјај долж годините. Додека Онегин моли за парче љубов во името на минатото, Тања
ужива во новиот статус на сопруга на кнезот и не попушта…
Ликови
• Евгениј Онегин е претставник на градската благородничка
средина. Тој е многу самоуверен човек кој умее да го прикрие
своето незнаење и површно образование. Неговите стремежи и
чувства се нестабилни. Тој се обидува од здодевноста да избега
со пишување поезија и читање книги, но не успева. Ништо не го
интересира – забавите му стануваат здодевни, и животот на село
му е здодевен, и дружбата со Ленски му е здодевна, а љубовта
на Татјана му претставува товар. Навикнат да се однесува кон
жените ладнокрвно, тој и кон неа е таков. Нејзиното писмо не го
допира премногу, а кога ја одбива за да не ја навреди, се
обвинува себеси и своето сфаќање за слободен живот. Сепак,
настапува џентлменски бидејќи веројатно чувствува некаква
симпатија и сожалување кон неа штом не ја искористува
нејзината љубов, како што го правел тоа многупати
претходно. Најнегативно е неговото однесување на именденот,
кога за да го направи Ленски љубоморен, тој цела вечер танцува
со Олга. И зошто? Само затоа што нему му била здодевна
љубовта на Татјана.
• Уште пострашно е што избрзува и не размислува за
последиците. Од истите причини го прифаќа
двобојот во кој го убива својот пријател.
Тврдоглавоста и глупоста го прават убиец. Тој не е
рамнодушен што го убива пријателот, го гризе
совест и сосема се повлекува одејќи во непознат
правец. Кога повторно ја сретнува Татјана, тој не
може да се помири што таа е туѓа и недостижна. Не
може да се помири со нејзиното студенило и
одбивање и затоа лудачки се вљубува во неа – до
разболување. Но, Онегин не би бил свој кога на
крајот не би се помирил и вратил на претходните
идеали, на распуштениот и безделнички живот,
тешејќи се дека времето лечи сè.
• Владимир Ленски е потполна спротивност на Онегин.
Млад поет кој пишува наивно, но е со вистинско чувство
во неговата потрага по вистината и љубовта кон Олга. Тој
е поборник за германскиот романтизам. Според некои
критичари овој лик претставува автопортрет на авторот
од младоста, од неговите лицејски денови. Ленски е
романтичар, со нежна психолошка конституција.Тој е
типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој
детски се вљубува во Олга. Поседува висок морал и
жестоко ги брани своите ставови. Неговата нестабилност,
пребрзаност и занес се гледаат кога во жарот
на љубомората го предизвикува Онегин на двобој што
всушност го убива.
• Татјана уште во детството била сериозна,
израсната на село, без детски игри и кукли, со
желба да слуша народни приказни. Осамена и
отуѓена од градските манири, таа го чека својот
принц да дојде кај неа, но го дочекува Онегин.
Млада и наивна, безрезервно се вљубува во
него, иако не го ни познава. Затоа се решава на
чекор кој е несфатлив за тоа време – да му
напише љубовно писмо. Но, набрзо сфаќа
каков е тој и се разочарува од својот херој.
• Олга - токму спротивното од Татјана. Во
романот е прикажана како човек кој нема
никакви сериозни планови за во иднина. Таа е
млада благодарничка од сиромашно
провинциско семејство. За нејзиниот изглед е
познато дека таа има руса коса, пријатна
насмевка, гестови и глас. Кокетството на Олга е
една од причите за змртта на нејзиниот сакан
Владимир.
This Photo by Unknown author is licensed under CC BY-SA.
Ви благодариме
на вниманието
Изработилре : 
Дијана Стоименовска
Ева Младенова
Викторија Сандева
II-4

This Photo by Unknown author is licensed under CC BY-SA.

You might also like