You are on page 1of 10

Гарванот

Едгар Алан По
Гарванот
• Гарванот е најпознатото дело од Едгар Алан По кое е обележано за едно од
најпознатите ов американската култура и романтизам и пошироко. „Гарванот" е
поема од американскиот писател Едгар Алан По во поемата се раскажува за
мистериозна посета на гавран кој може да зборува кај еден расеан љубовник и го
следи неговото пропаѓање во лудило. Љубовникот се препознава како студент во
поемата и често пати жали за загубата на неговата љубов Леонора. Гавранот
седнат на бистата на Атина Палада и ја истражува и продолжува неговата мака со
зборот никогаш повеќе. Низ поемата По врши алузии на фолклорот  и на различни
класични дела. По тврдел дека ја напишал поемата многу логично и методично.
Неговата намера била да напише поема која ќе им биде допадлива и на критичките
и на модерните вкусови, како што објаснува во неговиот следен есеј
наречен "Филозофијата на композицијата."
Гарванот
• Песната е мелодична, ритмичко совршено
обликувана магија на звукот. Оваа песна настанала
како резултат на судирот на поетот со светот. Тоје
декадент, кому поради болната состојба на духот му
ги намалуваат вредностите. Како и да е, Едгар Алан
По е предвесник на симболизмот. Гарванот е поема за
смртта на саканата жена-естетизација
• Соништа - 1827 год.
• Вечерната Ѕвезда - 1827 год.
• Соло - 1829 год.
• Градот во морето - 1831 год.
• Спиењето - 1831 год.
• Колосеум - 1833 год. Дела на Едгар


Химна - 1835 год.

Маѓепсаната палата -1839 год.


Алан По
• Леноре - 1843 год.
• Гарванот - 1845 год.
• Сон во Сон - 1849 год.
• Анабел Ли - 1849 год.
• Во својот есеј „Филозофијата на композицијата“, По ја објаснува својата
процедура при пишувањето на „Гарванот“. Секој дел од поемата бил логички
избран за да додаде ефект, а воедно и напоменува дека најпрво ја напишал
последната строфа, а потоа го градел остатокот од поемата околу неа. По рекол
дека кога почнал да ја пишува поемата, најпрво размислувал поемата да се врти
околу друга птица која може да зборува како што е папагалот. Некои велат дека се
обидел и со був пред конечно да одлучи за гавран. Во „Филозофија на
композицијата“, По вели дека гавранот, како „птицата на лошите предвидувања“
била „посоодветна на замислениот тон“ на поемата. Поемата била толку
препознатлива што децата го следеле додека одел по улица и гракале зад него. Тој
имал добра смисла за хумор, па им се вртел и им возвраќал со неговата интересна
смисла за хумор.
Популарноста на поемата
• Откако списанието „Грахамс магазин“ ја одбило поемата, По ја објавил во „Амери
кан Ревју“ под псевдонимот „Кварлс“,
а во 1845 година излегла во „Њујорк Мирор“ под неговото вистинско име. Поемат
а била објавувана насекаде во разни списанија, сите пишувале осврти за неа,
а станала толку популарна што ја користеле и за маркетиншки цели. Се правеле и 
пародии од типот на поеми како „Був“, „Мисирка“, „Газела“ и
„Папагал“. Тука можете да најдете дел од нив. Американскиот претседател Абраха
м Линколн прочитал една од пародиите и решил да ја побара оригиналната поема 
и така „Гавранот“ станала една од неговите омилени поеми која ја научил на памет
.
Прва и втора строфа
• Гавранот, штом седна таму, еден збор тој гракна само
в душа божем тој збор може сам да начне разговор.
Друго појќе нид а каже, ни да пафне пердув влажен,
дур не сронив мрмор тажен: „Осамен сум долго створ.
И ти како мојта Надеж исчезнат ќе бидеш створ!”
Тој сал гракна: „Nevermore!”

• В плен на такви мисли седев, птицата со глед ја следев,


без да речам ниту еден, дури ниту еден збор;
В плен на такви мисли вивнат, понабргу потем стивнав
и врз кадифе да здивнам, се отпуштив нем и спор,
врз кадифето кај Она нема веќе к’о жив створ
Пак да седне, „Nevermore!”
Строфи од средина на песната
• Еднаш среде полноќ една, покрај стари книги седнат,
дури водев в соба бледна со тајната ука спор,
дури дремлив тонев в скука, зачув некој тропнеж тука,
зачув некој како чука на портата однадвор.
„Некој гостин” – реков, – чука однадвор!”
Тоа сал и ниту збор.
• Ах, си спомнам, многу јасно: в декемвриска вечер касна,
жарта в пепелта што згасна го засени мојот взор.
Жедно утрото го пекав; од книгите штуро чекав
спас од болот што ме штрека, бол по еден редок збор,
збор Ленора, свидна мома, тој ангелски убав створ,
Таа вечна неизгор.
Последните строфи од песната
• Нека биде тој збор сега збор разделбен, а не шега,
птицо или враже, бегај в Плутоновиот ти двор!
Не оставај пердув траги, спомени од твојте лаги,
остави ме в мисли драги, престани со твојот збор!
Од срцево извади го клунот свој, тој клун на нор!
Грак се слушна: „Nevermore!”
• А Гавранот ни да претне, ниту пак замиг да летне
од бистата на Палада, туку како кобник створ
над вратата бдее, молчи, со поспани демон-очи,
И врз подот сенка дрочи, без да гракне ниту збор;
и врз таа сенка – темна, душава, знам, веќе нема,
да се крене. „Nevermore!”
Изработиле
Кристијан Ивановски
Павел Дуковски
Благоја Китановски

You might also like