You are on page 1of 3

Евгениј Онегин

Вчера,денес,утре не е важно кога


одлучуваме,бидејќи одлуките што ги
донесуваме зависат од нас, идеалите кои ги
вреднуваме , притисоците од најблиските и
околината. За година две можеби ќе се покаеме
и некогаш правилната одлука ќе ја гледаме како
најголема грешка во нашиот живот. Токму тоа
го направил и ликот Евгениј Онегин дело кое
што е напишано од еден од руските великани
Александар Сергеебич Пушкин.
Онегин живее распуштен живот,од мал не се
грижи за ништо друго освен за тоа како да го
прекрие флертувањето со девојката од утрото
од онаа во вечерта. Случките се одвиваат во
Петроград во 20-те години на XIX век што
значи дека општеството не наложува или
подобро кажано индиректно забранува
развивање на човековата интелигенција. Па така
Онегин е личност која што знае се а всушност
не знае ништо т.е неговите недостатоци многу
умешно ги прекрива. Здодевност чувствува од
гратскиот метеж,заминува на село по добиениот
имот од неговиот тукушто починат вујко,но и
таму здодевноста го следи.Во селото како
негова сосетка ќе се појави кротката убава
Татјана која што веднаш ќе биде привлечена од
шармот на Онегин.Но таа е спротивност од
него.Ако за неа љубовта е вечна и опстојува и
после смртта,за него опстојува се додека
неговите очи забележат друга девојка. Татјана е
воспитана да верува во приказни,
претскажувања, и да биде засрамена од
погледот на момчињата. Но сепак нејзинот срце
го отчукува само името на Онегин. Затоа таа се
решава за чекор незамислив за тоа време,
одлучува да му напише љубовно писмо.Колку
ли само трепет имаше во таа рака што душата ја
остави на листот хартија.А Онегин тој ја
потцени и изјави смело:,,Јас не сум тип за
брак,заслужуваш подобар.” Тоа е моментот кога
Татјана почувствува како замјата ја голта.
Безчувствителниот Онегин е олицотворение на
благородничката интелигенција во Русија,
покажува како лесно може да се фрли среќата
на илјадници километри далеку.Со неговото
непромислено дејствување на некој начин ја
заведе љубената на неговиот другар и токму со
тоа дејствување стана убиец на истиот. По
повеќе години Онегин повторно ја забележува
Татјана на еден бал. Овојпат ја гледа со други
очи и поинакво срце. Но доцна е сега таа
гледајќи го во очи вели:,,И покрај љубовта
немам намера да го изневерам својот сопруг”.
Сега Онегин ја спушти главата и продолжи по
маглив правец.
Се би било поинаку доколку Онегин и
подадел рака на Татјана но тоа не се случило
можеби поради страв или незаинтересираност.
Отпосле се покајал но за жал времето не се
враќа,затоа доколку ни се укаже некоја шанса
таа треба да се искористи. Бидејќи подобро е да
речеме не можам да поверувам дека го
направив тоа отколку, се прашувам зошто не го
направив тоа.

You might also like