You are on page 1of 1

Секој човек умира тешко ако умира тајно

Иван Илич има се за што еден човек сонува – познато потекло, добро
образование, углед, кариера, семејство, но велат „Ништо што е совршено, не трае
долго“, па еден ден Илич се здобива со повреда. Иако тој не придава голема
важност на тоа, сепак таа повреда му го менува животот – станува
пречувствителен, изнемоштен и не трпи никој.

Дури кога е на работ од смртта тој започнува да ја сфаќа смислата на животот,


но веќе е изморен од животот, знае дека домашните брзо ќе го заборават, па
додека тие не знаат што се случува со него му нудат различен вид помош која тој
ја одбива цинично и гротескно, при што тој сфаќа: „Се умира сам, но се живее со
луѓето“. Смртта му беше олеснување, умираше тивко и тајно, а така е најтешко.

Додека не го наѕираше крајот на неговото патување тука, на светот, се беше


совршено и во најдобар ред, но со секој следен чекор кој го приближуваше кон
крајот на патувањето се повеќе ја сфаќаше суровоста на патувањето. Во тие
мигови се навраќаше на се што имаше проживеано и сфати дека најсреќниот дел
од неговиот живот не биле миговите за кои некогаш мислел дека биле, туку
неговото детство, најбезгрижниот живот.

You might also like