You are on page 1of 2

Прва писмена работа по македонски јазик

16.12.2020

,,Животот е единствениот дар кој не ја знае цената”


-Животот ни е како еден роман,чии страници ние треба да ги
испишеме,секако тоа што еднаш ќе се запише на страната неможе ниту да
се избрише ниту да се искине.Се раѓаме и не сме свесни дека тоа што го
живееме се вика ЖИВОТ,после некое време сфаќаме всушност што е тоа
живот и какви лекции ни приредува.Животот е да знаеш да станеш толку
пати колку и што ќе паднеш,да знаеш да застанеш цврсто на свои нозе и да
се избориш со сите незгоди кои ти ги приредува самиот тој.

-Животот е сурова реалност која треба да се прифати и живее на начин на


кој најдобро знаеме и можеме.Во романот ,,Смртта на Иван Илич”,
новелата започнува со смртта на Иван Илич,а потоа се навраќа на неговиот
живот со ретроспективи.Уште на почетокот во судот каде работел стигнува
известувањето за неговата смрт.Боледувал веќе неколку недели,зборувал
дека болеста му била неизлечива,но имал мислење дека во случај да умре
на неговото место може да биде назначен Алеексеев.Така што кога
слушнал за смртта на Иван Илич, првата мисла на секој од господата
собрани во кабинетот какво значење може да има таа смрт.Во куќата на
Иван Илич каде се собираат пријателите да изразат сочувство и да го
испратат покојникот,дејствието го води Петар Иванович школски другар на
Иван Илич.Во куќата ги гледа насобраните коу не тагуваат по Иван туку
разговараат за други работи и се договараат за играње карти.И сопругата на
Иван Илич која глуми тага,заради присуството на другите,а всушност гледа
и во тие моменти да се здобие некак во корист за себе, да добие поголема
пензија од мажот.По 17 години мирен и спокоен живот на село,каде
одлучил да замине за Петерсбург да бара служба за повисока плата по
секоја цена.Животот продолжува сите во семејството биле здрави само на
Иван Илич му се зголемувала болеста.Почнале да доаѓаат доктори,но никој
не знаел што му е и дали ќе оздрави.А Иван Илич полека почнал да се топи
и полека да умира.Кога сфаќа дека болеста го опфаќа целосно и дека нема
спас од смртта,тој почнува да си поставува прашања,почнува да ги гледа
работите од друг агол-на свршено дејствие каде нема поправки и враќање.

- Иако останувајќи сам, без своите најблиски сепак издржува и останува


да го брани своето достоинство и честопати поставувајќи си го
прашањето: ,,До кога..?’’

До кога во ,,приказната’’ наречена ,,СМРТ” ќе се провејува тој црн превез


кој остава длабока лузна зад себе? До кога ќе талка по оној темен лавиринт
барајќи ја вистината, барајќи се себеси? Што е она што нè тера да бидеме
толку истрајни и издржливи?! Можеби тоа е стравот во нас, онаа мало
жарче кое сеуште тлее и никогаш не згаснува.

Танкица Брзакова III-11

You might also like