You are on page 1of 6

,,Крпен живот” – Стале Попов ни го остави битовиот роман ,,Крпен живот”

како неминовност, нешто неминовно наше колку и нашата историјата,


реалноста на Македонија  од почетокот на минатиот век. Регионален писател
фокусиран на мариовска тематика како негов императив во творењето, но со
широки,  универзални пораки со трајни вредности. Преку битовите,
суштинските елементи на микрокосмосот на македонските мариовски
семејства, ја доловува нашата историја, сите наши семејства затекнати во
периодот на воените немири и поделби. Со крајно едноставно сиже  од два
дела, во  романот- хроника,  напишан со мариовски дијалект,  раскажува за
суштинските  белези на моралот, традицијата, обичаите,  сентиментот и
бракот на Македонецот од минатото. Роман кој го овековечува првиот
еманципиран лик на македонска жена,  Доста Рожденката, која во селото ќе
внесе градски навики. Трудољубива и уредна домаќинка, која не сака за
свадба да ја купат како кобила, ниту во бракот да е тепана  како магарица.
Жена која носи градска облека и килоти, има средени нокти и се брише со
шамивче, но која знае да готви, меси,  крпи, ткае ќилими и да има најчист
двор и куќа.  Доволна причина селанките да ја озборуваат и завидуваат – во
нејзиното сила да ја препознаваат својата слабост, доволно за фрустрација.
Нејзин антипод е јатрвата Митра, злобна и примитивна селанка, која живее
во илузија дека е верник и се плаши од Бога, но во себе колне, кобе и
посакува несреќи на другите. Роман со доминантни женски ликови наспроти
машките. Во вториот дел авторот го изема ликот на Митра, како небитен за
еден нов живот, еднаш скинат, но крпен со љубов.

Прв дел                                 

Во мариовското село Витолиште, живееле тројца браќа Раде, Гале и Вите по


кои околните села ги добиле имињата, а селото Витолиште било центар на
Мариово. Околу 1898 година, Илко Сукалов останал вдовец и на 40 годишна
возраст морал повторно да се жени. Бидејќи бил на грижа на снаата Митра,
соселаните го сожалувале, а среќна околност е што покојната жена Стојанка
не му оставила деца за да се грижи сам за нив. И најмалиот брат Трајко
одамна останал вдовец. Снаата Митра се пожалила дека сама не може да се
грижи за сите и го советувала Илко повторно да се ожени и да донесе помош
во куќата.Митра го потсетува за Доста Рожденката, за која се сметало дека не
е како другите и како граѓанка од Солун нема да сака да спие на рогозина.
Илко ќе го прати дедо Петко Балев како стројник да преговара во с. Рожден.
Одговорот и бил дека треба да чека 6 недели од смртта на мажот, па ќе
прати абер за разговор. Митра потсвесно се плаши Рожденката да не му
изроди деца, па да мора да го дели наследството со нејзините деца. Кога
деверите ќе се најдат на маса за вечера, Митра е таа  што им поставува вода
да мијат раце,  им служи вечера и им ги постелува рогозините да спијат.
Дедо Петко Балето тргнал во Рожден да ја праша Доста што решила. По пат
наминал кај пријателот Ристе и Петко му раскажал за целта на посетата.
Утредента двајцата ќе ѝ кажат на снаата Менка да ја викне солунчанката
Доста. Доста кога пристигнала почнала да го раскажува својот живот, дека не
сака да биде вдовица, но не го  сака ни адетот,  за неа да се платат лири како
кобила за продавање. Колку за адет на дедо Петко да му се купат чевли, а за
неа не сакала ништо и прифатила брак, без оглед на тоа што го немала
видено Илко. Дедо Петко ги спојува и тие прв пат ќе се видат кај вујко ѝ
Ристе. Доста се израдувала кога видела дека Илко е убав маж, а исто и на
Илко му се допаднала. Доста раскажува за својот живот, дека  без родители и
роднини излегла од семејната куќа на братот и снаата каде повеќе не може
да се врати. Како сиромашна вдовица морала да работи како слугинка, но во
конзулска куќа во Солун каде ќе научи градски обичаи. Носела облека која
селаните ја нарекувале ѓупска, носела килоти и го секнела носот во шамивче,
поради што ја озборувале во заостаната рурална средина.Колку за адет Илко
фрлил една лира, а од неа не барал чеиз, бидејќи не била девојка. Доста,
задоволна што ќе има свој дом и дека ќе влезе  во нов живот, почуствувала
радост. Илко бил изненаден што земал жена без да даде пари, а ќе има
домаќинка, чисто, испрано,  месено, а можеби и дете за што ќе почуствува
голема радост. Утредента Менка отишла да ја викне Доста, ја качиле на коњ,
а селаните се прашувале каде оди ѓупката со градски алишта. Дотрчала
Митра и лицемерно ѝ посакала добредојде. Доста ја пречекорила вратата,
прагот, се прекрстила и веднаш се фатила за домаќински работи. За вечера
зготвила кокошка со компири, а Митра прв пат ќе види такво нешто. Илко и
наредил на Митра да и ги даде алиштата на починатата сопруга Стојанка и
кога ќе ја види во мариовска носија, ќе му се допадне уште повеќе. Ќе дојде
Поп Трајко да ги венча, Илко ќе му даде златник на дедо Петко. Митра се
срами од чудното јадење што ќе му го принесат на попот, но попот бил
задоволен од вкусното јадење кое Доста го готвела кај конзулот. Илко не
можел да ѝ се изнагледа, галејќи ја и кажал да не носи веќе градски алишта.
Утредента почнала да ги средува алиштата на Илко, да крпи и да плете.
Митра веќе ѝ љубомори, кога гледа дека работи подобро од сите мариовки.
Сите зборувале за нејзините домаќински вештини и колку била чиста и
уредна. По половина година Митра забележила дека доста одбива да јаде и
дека е бремена. Полна со завист веднаш почнала да истура клетви за да не
дочека пород и имотот да биде само за нејзините деца. Илко се грижел, не
давал бремената сопруга да крева тешко, а Митра отишла кај бајачката, баба
Бисера за совет како да не роди здраво и живо дете. Бисера побарала да ѝ се
донесе нешто од обајцата за да направи магија, а Митра да пали свеќа цели
6 недели. Колку свеќата се намалува, толку ќе се намалува животот на
бебето, а кога ќе се угасне ќе умре и бебето, било во утроба, било родено.
Задоволна од клетвата веднаш запалила свеќа, кажувајќи дома дека ја
сонувала мртвата мајка која на сон се пожалила дека и е темно во гроб, на
што Стојо ѝ поверувал. Дошло време Доста да се породи. Од  болки се
онесвестува, а Митра ја породува. Кога ќе го види живо бебето, помислува да
го удави, но ќе се сети дека е грев два пати да умреш еден ист човек, а  тоа
не се простува. Се надевала дека магијата на Бисера можда подоцна ќе се
фати. Доста се освестува, среќна што родила ќерка, Митра ќе го измие
бебето, а сосетката Бојана ќе го задои. Илко сѐ повеќе почнува да работи
како за петорица. Доста направила мекици и ги викнала сосетките на
повојница. Сите го благословувале малечкото, Митра викала амин, а во себе
го колнела. Била сигурна дека магијата на Бисера ќе фати. Третата вечер
дошле наречниците за да го благословат детето. За крштевката Стојо отишол
на пазар во Прилеп. Доста не сакала многу да се троши, а Митра завидливо
на списокот додавала што да се купи за нејзините три машки и две
девојчиња. Крштевката ќе биде во црква, бебето добива име Неда, Нешка.
Делот од имотот на постариот девер ќе го земе Митра за да го работи, а
Доста ќе работи по дома. Испрела волна, купила бои и почнала да ткае, како
пресреќна мајка на ќерка. Во Солун видела како девојчињата во чеизот
имаат ткаен ќилим. Сите доаѓале да гледаат како вешто ткаела. За Велигден
Доста направила убави јадења и сѐ повеќе се разубавувала не разликувајќи
се од младите невести. На Илко сите му завидувале кога ја виделе лична
Доста пред црквата како игра оро. Со многу љубов ја одгледувала малата
Нешка, секогаш уредна и чиста, а Митра љубоморно забележувала дека
лесно ѝ е со едно дете да изгледа така, а не пет како што има таа. Доста е
бремена со второ дете, а Митра повторно почнува да колне. Раѓа син,  ја
пораѓа стрина Маловица, оти Митра не сакала. Ќе го крстат Стојан, како
таткото на Илко, а Доста од милост го викала Толе. Доста сакала да го
придобие деверот Трајко и често  му праќала ручек, но тоа го насетила
Митра, како Трајко им посветува внимание на децата на Доста. Трајко решил
да ја посини Нешка, што ја навредило Митра. Доста ќе ги натера браќата
имотно да се поделат, за да се решат материјално. Еден ден Доста ги
оставила децата на Митра да  ги причува дур оди да наполни вода. Од
далеку слушнала како Толе плаче, а Митра колне: „Во еден гроб да ве закопа
оваа песјачка што ве закучи“. Доста ќе се налути и за малку да ја  бутне во
оган Митра. Кога дошол Стојо, Митра му се жали дека била фрлена во оган, а
Доста му раскажува на Илко што слушнала и што видела, како Митра му ја
затвара устата на Толе, а Нешка сакала да ја попари со вода. Доста
предложила да се одделат браќата, не ѝ се допаднало што при една кавга
Стојан ја тепал Митра и дека гледајќи го тоа ќе го предизвика Илко да крене
раце и на неа. Доста ќе го потсети Илко дека не е кобила да се продава ниту
магарица да се тепа, ако крене рака веднаш ќе оди кај братот, а тој нека си ја
удира главата со децата. Тоа го исплашило Илко, иако во селото било обичај
мажите да си ги тепаат жените за ум да им дојде. По три годишна заедница,
браќата се разделиле, но си живееле во слога. Трајко останал со Доста и
Илко, а својот дел ќе го остави на Нешка. 

Втор дел

Децата на Доста напредувале како ниедни други во селото. Ја учела Нешка


да брои на мајчин јазик, турски и грчки,  да везе и да меси, месела дури и за
во црква заради што ја озборувале селаните. Доста била неписмена, но не
сакала и нејзините деца да останат неписмени. На осум години ја праќа
Нешка на училиште. Чекала Толе да наполни седум,  па ги пратила заедно за
да се чуваат. Таа желба му ја кажала на учителот Бино кому отрпва му било
чудно но набргу ќе  прифати и поддржи. Првиот училишен ден и за учителот
бил празник поради едно женско дете за кое со гордост ќе каже пред
селаните:  „Нека ни е добредојдена првата ластовица во нашето градинче“
плачејќи од радост. Жените ја озборувале, само Бојана ја храбрела (Нешка ја
чувале братот и синот на Бојана). На училиште тргнал и Крсте, син на поп
Петко, кој ќе се загледа во Нешка. Некоја детска љубов ќе се развие меѓу нив.
Крсте најдобро учел од сите, а Доста насетувајќи ја симпатијата на Нешка, ќе
го покани Крсте дома (ќе се сети кога наречниците благословувале Нешка да
биде убава и да стане попова снаа). Пред да стане поп, Петко бил
манастирски слуга, останал вдовец со ќерката Бисера и синот Крсте, без куќа
и покуќнина. Во селото умреле чорбаџијата Бино и неговата жена, оставајќи
две сирачиња, Анѓа и Петре. Попот сакал Анѓа да му стане снаа за Крсте, но
Крсте си ја сакал Нешка. Ѝ се пожалил на сестра си,  дека не ја сака Анѓа, но
морал да прифати поради татковата волја. Плачел по цели ноќи и се жалел
на мртвата мајка. Попот си останал на своето и веќе се преселил во куќата на
Биновите деца. Крсто се плашел да не разбере Нешка зошто е кај Анѓа, па го
наговорил татка си да го даде во пансионот (интернат) „Влашкиот Ан“. Митра
меѓу првите разбрала за Крсте и Анѓа и од злоба ќе ѝ каже на Нешка. Нешка
од мака не сака да оди на училиште, но нешто од внатре и велело дека не е
сѐ свршено. Крсте тагувал затоа што не ја гледал Нешка на училиште. На
приредбата, по повод крај на учебната година, учествувал Крсте и со поглед
ќе ја бара и  види Нешка во публиката. Летото ќе мора да се врати дома, но
за да не седи дома, отишол во планина да сече дрва. Одел и кај сестра му,
останувал по неколку недели само да не биде дома со Анѓа.Сакал да замине
во Прилеп во гимназија, но попот не сакал да дава пари и поради тоа Крсте
морал да собира дрва. Во планината го пресретнале Турци кои го уценувале
да каже каде се кријат комитите. Ќе го спаси од бесилка овчарот Ристе и
преку него ќе се поврзе со четата, станувајќи комита. Витолиште било
поделено на две половини, горно маало-Грците, долно маало-Србите. Кај
поп Петко биле сместени осум војници меѓу кои и писарот Милош
Милиќевиќ, кој се загледувал во 15 годишната Анѓа. Крсте се сретнува со
братот на Нешка, раскажувајќи му се за себе.  Нивната братучетка Тода,
почнала да посредува меѓу него и Нешка. Еден ден Тода и донела китка
цвеќе на Нешка како поздрав од Крсте, а таа му пратила плетени калци со
буквите Н и К, дека прифаќа да се вика Нешка Крстева. Крсте често ѝ праќал
подароци и се сретнувале кај Тода. Попот Петко си купил куќичка и решил да
го ожени синот со Анѓа. Крсте бега од дома и оди кај Бисера и Тода. Сестра
му Бисера застанува на страна на Крсте, поради што попот се откажува од
обајцата. Учителот Бино кога дошле Србите, станал дел од извршната власт и
почнал да собира војници за да ги испрати во Прилеп. Но војниците ја
напуштиле касарната, бегајќи во македонските чети. Доста скришно му
праќала на Крсте чорапи, кошули и јадење. Попот тргнал да го бара Крсте кај
комитите, конечно  да му даде согласност да ја земе таа што ја сака. Крсте
отишол право кај Тода, каде што дошла Нешка и со срам гласно ѝ искажал
љубов. Кога Нешка му ја спомнала Анѓа тој се налутил. На крај ќе му ја
подаде раката. Радосна ѝ кажува сѐ на мајка си, а таа ја советува наредната
средба да го покани дома. Крсте не праќа стројник, туку сам оди да ја побара
Нешка. Потоа како стројник го пратил Спиро Манџиќ за да не му бараат пари.
Гласовите за свршувачката брзо се расчуле,  затоа што се подготвувале за две
свадби, за синот и за ќерката. Кога Доста дознала дека Крсте требало да
позајми пари за свадба, самата му понудила лири. На 19ти мај 1919 година
биле  свадбите во куќата на Доста, попот Петко и Андо Андовски. Сите биле
вчудовидени кога го виделе  натоварен на коњ чеизот на Нешка со шарениот
рожденски ќилим. Доста и Илко остануваат сами и плачат од радост што
господ им дал таков живот, скинат, крпен, но поарен од нов живот.
Бакнувајќи ја жена си ѝ честитал за Нешка зет, а за Толе снаа.

You might also like