You are on page 1of 2

Бајрон - „Странствувањето на Чајлд Харолд“

Лорд Џорџ Гордон Бајрон (1788-1824) е претставник на романтизмот од


Англија. Неговото семејство било со благородничко потекло, но
осиромашено. Кога имал 10 години, починал некој негов братучед и од
таму се стекнал со богатство и лордовска титула. Ова му овозможило да се
школува во Кембриџ, а потоа да биде член на англискиот парламент. Таму
ги застапувал правата на работниците и затоа конзервативците го мразеле
и јавно го напаѓале. Разочаран од нападите решил да ја напушти Англија и
да ги посети средоземноморските земји. Кога се вратил, неговите
противници уште повеќе го напаѓале, не само заради политичките
убедувања, туку и поради неговото слободоумно однесување. Тој бил
убав, но куц (едната нога му била покуса), а односите со мајка му биле
чудни. Таа на моменти била многу мила, нежна и интимна, а потоа
хистерична и непресметлива (го тепала). Уште кога бил дете и кога доаѓал
дома на распустите, го гледал нејзиниот распуштен живот исполнет со
забави и оргии. Ваквиот начин на живот и тој го продолжува. Се оженил за
грофица, но таа го напуштила.
Подоцна повторно ја напуштил Англија, но овојпат засекогаш. Во Грција се
приклучил во ослободителното движење и таму починал од силна треска
(најверојатно сифилис).
(Биографијата на Бајрон на ју тјуб, на англиски со непознат превод?!)
Со своите поеми Бајрон се искачува на врвот на англиската литература:
„Странствувањето на Чајлд Харолд“, „Абидонската свршеница“, „Лара“,
„Корсар“, „Ѓаур“; драмите: „Манфред“ и „Каин“; и хумористично-
сатиричните текстови: „Дон Жуан“ и „Небо и земја“.

Странствувањето на Чајлд Харолд

„Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка


поема, составена од четири песни.
Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд.
Идеја - да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во
Англија и во цела Европа.

Содржина

Поемата нема класично развиено дејство, нема заплет, ни композиција


освен што е составена од четири пеења. Дејството се одвива хронолошки,
како што се одвивало патувањето задржувајќи се на позначајните места.
Тоа се: војните на Наполеон; соочување со освојувачки и ослободителни
војни; ја велича борбата на Шпанците против Наполеон; ја велича
античката цивилизација; ја опева славата и пропаѓањето на Рим; ја
опишува битката кај Ватерло, потенцирајќи го ужасот и апсурдноста на
војната.

1 песна

Поемата започнува со описот на Чајлд Харолд, кој е млад човек, почитуван


и познат, од благороднички род, кој наместо да се посвети на полезна и
творечка работа, се оддава на бурен, развратен живот со оргии и пир.
Презаситен од таквиот живот кој веќе му здодеал, решава да го напушти родниот кат.
Разочараноста не произлегува само од ваквиот живот туку и од односите во општеството, па
решението го бара во бегството, во осамувањето, во потонувањето во сопственото јас. 
 
2.

You might also like