You are on page 1of 1

Наставна единица: Историја на македонскиот јазик.

Македонскиот јазик во втората половина на XIX век

* Развојот на современиот македонскиот јазик е условен од сложениот национално-културен и


просветно-образовен развој на македонскиот народ. Притоа се изделуваат 3 фази:
- од почетокот на 19 век до балканските војни. Во овој период македонскиот народ е во своите
етнички граници на Турската империја, која му дозволува на населението релативна слобода во
употребата на својот јазик и на религијата;
- од крајот на балканските војни дo крајот на Втората светска војна (тогаш македонскиот народ е
разделен меѓу соседните држави (Грција, Бугарија,Србија, како и Албанија), а македонскиот јазик
има статус на јазик забранет за официјална употреба:
- од крајот на втората светска војна до денес. Во овој период со формирањето на македонската
држава(прво во рамките на југословенската федерација), македонскиот јазик ја доживеа свијата
кодификација (озаконување) и непречено функционира како литературен (стандарден јазик).
* Македонскиот јазик во 19 век. Во текот на19 век во Македонија се поставува прашањето за
видот на литературен јазик. Ова прашање се јавува во врска со појавата на граѓанската класа и со
развојот на граѓанската просвета во Македонија. Прашањето за литературен јазик се надоврзува на
прашањето за писмен јазик, кое станало особено актуелно со пренесувањето на првите печатени
црковнословенски книги од Русија во православните јужнословенски земји, па и во Македонија,
кон крајот а 18 и во почетокот на 19 век (тоа се одразило и во литературата преку појавата на
првите печатени книги од автори од Македонија).
- Во втората половина на 19 век македонскиот народен јазик се употребува во повеќе области на
меѓусебното општење во Македонија
- Спречување и оневозможување на употребата на македонскиот народен јазик од дејствувањето
на пропагандите на соседните народи за асимилација на населението, присвојување на
територијата на Македонија како своја, да го исфрлат од употреба македонскиот јазик и да го
наложат своето име и јазик во Македонија.
- Во ваква ситуација, македонскиот јазик станува основен белег на македонскиот културен и
национален идентитет и моќно средство во борбата против насилната асимилација.
- Процесот на оформување на македонскиот литературен јазик се одвива во контекстот на борбата
на македонскиот народ за слобода во културен, верски и национален поглед.
Според тоа, во втората половина на19 век се изделуваат 3 општественоисториски контексти во
развојот на македонскиот литературен јазик и тоа:
- црковно-училишна борба, чија цел е возобновување на македонската национална црква со
воведување на македонскиот народен јазик во црквите и училиштата. Борба насочена против
влијанието и пропагандата на грчката црква, како и бугарската и српската и се одвива на
рамниште на македонските црковно-училишни општини;
- културно-преродбенска борба, чија цел е културно издигнување на Македонците. Оваа борба се
одвива преку личните и заедничките залагања на македонските преродбеници и е претставена
преку нивната уметничка литература и другите форми на докажување на културниот идентитет,
особено преку собирањето и афирмирањето на македонското народно творештво;
- национално-политичка борба, чија цел е национално ослободување (од турската империја и
туѓите пропаганди) и обединување на Македонците со нивно официјално признавање како
одделен словенски народ и со признавање на македонскиот литературен јазик како официјален.
Во сите од горенаведените борби јасно се искажува стремежот за одделен македонски јазик и се
нагласуваат основните особености на македонскиот јазик.

*(повтори: во плановите имате за македонскиот јазик во првата половина на 19 век, како и за


почетоците на словенската писменост и периодите; првите печатени текстови на македонски
народен јазик)

You might also like