You are on page 1of 2

Романтизмот во Македонија

Романтизмот во Македонија се појавува во средината на XIX век (1850-1860


г.)
Тој се карактеризира со будење на националната свест:
– воведување на македонскиот (народен) јазик во училиштата;
– составување и печатење учебници;
– собирање народни умотворби.

Општествено-политички и културни прилики


(Македонија е сė уште под двојно ропство: политичко турско и духовно
грчко)
а) Селаните се населуваат во градовите со цел да побегнат од одметниците
и зулумџиите; Ова обусловува подем на граѓанската класа (занаетчиство и
трговија).
б) Грчка културна и економска доминација.Грците се обидуваат да го
елинизираат населението со отворање на грчки училишта. Турската власт им
била наклонета на Грците во нивните обиди.
в) Македонската граѓанска класа извојувала економска победа
Борба на културно и политичко поле (словенски училишта);
Борба против Цариградската патријаршија (која го спроведувала грчкото
влијание).
г) Заедничка борба со Бугарите, заради исти цели, но Бугарите на местото на
грчкото го наметнувале своето влијание (учебници и јазик), од друга страна и
Србите почнале да шират свое влјание

Цели на македонската граѓанска класа:


– ослободување од турското политичко ропство;
– ослободување од српското, бугарското и грчкото влијание;
– решавање на прашањето за македонскиот јазик (да се воведе во
училиштата);
– создавање македонски учебници и литература;
– собирање на македонското народно творештво.

Преродбеници:
Јордан Хаџи Константинов – Џинот, Димитар и Константин Миладинови,
Григор Прличев,
Рајко Жинзифов, Ѓорѓи Пулески

СОБИРАЧИ НА МАКЕДОНСКОТО НАРОДНО ТВОРЕШТВО


– да се покажат духовните вредности на македонскиот народ пред светот;
– оружје против шовинистичката пропаганда во Македонија;
– првите македонски народни песни ги објавиле припадници на другите
народи: Вук Караџиќ,
Виктор Григорович, Стефан Верковиќ и др.

You might also like