You are on page 1of 1

Поезијата на Кочо Рацин

Коста Апостолов Солев-Кочо Рацин е роден на 22 декември 1908 година во Велес, во


сиромашно семејство. Поради големата сиромаштија во која живееле тој и неговото семејство
Кочо Рацин уште од мал го сфатил ропскиот живот на македонскиот народ и му се создала голема
омраза кон експлоаторите. Бил приморан да го прекине своето школување во гимназија и се
посветил на занаетот на својот татко,но секој слободен момент го користел за читање на делата на
најистакнатите филозофи,писатели и мислители. Загинал на 13 јуни 1943 на планината
Лопушник.Зад себе оставил големо книжевно творештво. Неговата најпозната стихозбирка “Бели
Мугри” била објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб и брзо била прифатена од
македонското население.

Стихозбирката “Бели Мугри” e најпознатото дело на Рацин. Таа има 32 страници и соджри 12
песни во кои доминираат социјални и револуционерни теми.Песните имаат најразлични
мотиви:aргатски,елегични ,печалбарски и го опишуваат животот на македонскиот народ во тоа
време. Рацин уште од самото детсвто почнал да го увидува тешкиот живот на македонскиот народ
и неговото искористување од страна на експлоаторите, затоа својот гнев го преточил во оваа
стихозбирка која ќе стане негово најпознато и најценето дело. Една од многу познатите песни на
драматургот во стихозбирката ,,Бели Мугри,, е песната ,,Денови,,-лирска,социјална песна со
аргатски мотив, во која е опишана маката на аргатскиот народ,опишан е нивниот безнадежен
живот,нивното постојано и трајно страдање. Eлегијата “Ленка,, е можеби и една од најтажните
песни во стихозбирката и говори за младата девојка Ленка која е приморана да работи на
монополот поради големата сиромаштија, но со текот на времето се разболува поради мачната
работа и умира. Поетот во оваа песна ја искажува големата тага за залудно загубениот живот на
младата девојка која нема никогаш да успее да ги оствари своите соништа и да создаде семејство.
Како за една од многу познатите песни во оваа стихозбирка е песната ,,Тутуноберачите,,-песна во
која се прикажува вечната мака со тутунот и тутуноберачите и големиот вложен труд во работа кои
не може да се купи. ,,Копачите,, е единствената песна во која јасно се повикува борба против
тешкиот аргатски живот и повикување на револуција. Песната ,,Проштевање,, драматургот ја
посветил на печалбарите. Печалбарот е роб и ја троши својата снага по туѓи палати. Тој и неговата
сакана се оставени на надежта за подобро утре.

Поезијата на Кочо Рацин не тера длабоко да размислиме за времето во кое живеел и со какви
маки преживувал македонскиот народ во тоа време.Не тера да се запрашаме низ што се помнувал
обичниот човек и да бидеме благодарни за тоа што го имаме.

You might also like