You are on page 1of 1

Борбата за единство и будењето на националната свест – пат кон самопознавањето во “Горски

венец”

Горски венец е дело сплет од драмски, лирски и епски карактер. Постојат стихови кои не се
забораваат, зборови кои не бледeат, ликови кои се бесмртни а делото Горски венец како
отсекогаш да постоело и без авторот а сепак го објаснило црногорскиот народ. Низ ова дело
Његош ја исплетил целата црногорска историја, го испеал најважното од минатото и го насликал
со зборови црногорскиот мотив и храброст за слобода.

Горски венец претставува круна на делата од Његош воедно најпопуларно и најмисловно дело.
Стиховите на Његош кои повикуваат на ослободителна борба имаат силен карактер, и се најјаките
стихови во црногорско-српската книжевност. Името Горски венец е симболично според
тематиката на делото, односно венец од подвизи, јунаштва и слава од моралот, сфаќањето и
обичаите. Основната идеја на Његош било сфаќањето дека борбата за слобода и независност е
најголемата човечка должност. Оваа идеја чекори низ целото дело и неа ја спроведуваат многу
ликови. Црногорскиот народ во делото изразува силно чуство за национална борба. Тие веќе не
сакале да бидат мачени, понижувани и потурчувани затоа го почнале своето движење за
ослободување од турците но и од потурците. Идентитетот претставува столб на една нација и
држава, луѓето без свој јазик, националност и култура не се ништо освен племе или животни.
Само со патриотизам односно љубов кон татковината луѓето можат да ги зачуваат своите интереси
кон неа, а така направиле и црногорците, нивните чувства за татковината пуштиле искра.
Црногорците иако биле свесни дека ке се пролее многу крв и дека ке се загубат многу нивни
животи нивното национално чувство било посилно од се. Се додека гласноста на тивкото
мнозинство не одекнала од црногорскиот народ турците се сителе на нивните маки. Делото на
Његош е извор на витештво, жртвување за чест и слава, правда и други етички одредници од
црногорците. Његош иако бил човек кој бил приврзан за религијата тој во своето дело дал осврт
на самиот човек независен од религијата. Тој преку ликовите како Стефан Игуман, Вук Мандушич,
владиката Данило и други, ги изразил своите ставови и објаснил дека таквиот човек не мора да
чека знак од бога туку сам да ја крене главата и раката, да проговори и удри кон непријателот за
ослободување. Ликовите на Његош не биле од типот на луѓе кои викаат “можело да биде и
полошо” туку тие биле достоинствени и си ја заслужиле својата слобода.

Његош во своето дело ја открил причината зошто ние постоиме и сплетот на силите кои не
прават битие кое мисли и е секогаш спремно да се соочи со животот. Човекот сам не може да
опстои, како што се рекло човек со човек го бидува. Само со убаво анализирана слика и
вистинските зборови човекот ке го докаже тоа што сака.

You might also like