You are on page 1of 2

Историјата на модерната поезија не може да се замисли без творештвото на

Бодлер. Човекот кој во себе ја зачувал желбата за возвишени идеали, а во исто


време со цело свое битие се предал на вртлогот на големиот град, идеалист, а
навлезен во најголемите пороци и разврат-таков човек бил Бодлер.

Шарл Бодлер ја напишал "Цвеќе на злото" како исповед на своето разголено срце.
Бодлеровите песни не се ништо друго освен неговото животно, мрачно
расположение и доживување на светот виден низ призмата на една благородна,
но разорена и отруена човечка душа. Бодлеровото предавање на животот од
париското дно не значи само резигнација и капитулација. Таквите постапки се
всушност предизвикување и бунтување против она париско општество кое со
сјајот на аристократската угладеност ја криело својата морална расипаност.
Неговата поезија не е величење на пороците, ни глорификација на париските
морални дупки. Таа е сликање на раните на неговата поетска душа која ги колнела
токму оние пороци на кои самиот поет се предавал, таа е револт и цинизам према
животот. Бодлер ги анализира сопствените чувства, сопственото ЈАС,
внатрешното битие, повикувајќи го читателот и самиот тоа да го стори читајќи ја
неговата поезија.

Цвеќе на злото е една од најсложените збирки поезија во историјата на


книжевноста. Содржи шест циклуси на песни чии смисловен распоред е условен
од заеднички мотиви.

Првиот циклус "Сплин и идеал" е посветен на положбата на уметникот во


општеството и на љубовта. На самиот почеток на збирката е песната за
"Читателот" на делото, песна која зборува за судбината на човекот. Во неа
Бодлер кажува дека никој од нас всушност не е свесен колку живее морално
извалкан живот и колку секој човек е под влијание на "лошиот газда" сатаната.
Поетот му се обраќа на читателот кој како и тој самиот е дволичен, лицемерен и
развратен и кој се крие позади својата немоќ. Поетскиот став кон животот е крајно
негативен-човекот стално тежнее кон грев, а искупување нема.

"Париски слики" се втор циклус песни кои се занимаваат со животот во


велеградот, со несреќата и бедата која живее по улиците. Во третиот дел од
збирката Бодлер пее за виното и пијанството, за вештачкиот рај кој тоа го
предизвикува, но и за гревовите кои настануваат поради него. Следува
најпровокативниот циклус "Цветови на злото", во кој поетот се занимава со
сексуалните настраности. Циклусот "Побуна" содржи три песни во кои се опишува
како јунакот е на граница помеѓу небото и пеколот.

Каде да се пронајде вистината и во исто време мирот? Единствено во смртта.


Затоа и завршниот дел на збирката се вика "Смрт" и е полн со теми за умирањето,
донесува расплет, се согледува човечкиот пат и судбина. "Патување" е
последната песна во збирката. Во неа поетот пишува дека светот е мал и
ништовен, човекот цел живот брза напред желен за новини, но неговата душа е
како брод одненадеж насукан на обала. Светот е сјаен, но сепак во него има
тирани, робови, пијаници, подлеци. Поетот за момент размислува, а потоа тргнува
кон тој ирационален свет на смртта кој не е совршен, но е нов и непознат. Смртта
овде не е симбол на несреќа, туку симбол на надеж.

You might also like