You are on page 1of 2

Константин Миладинов (Струга, 1830 – Цариград, денешен Истанбул, 18 јануари

1862) бил македонски собирач на народни умотворби и поет. Со неговата песна „Т'га за
југ“, која има 70 препеви на 42 јазици, секоја година се отвораат Струшките вечери на
поезијата.
Роден е во Струга, во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга
Султана Миладинова. Основно училиште завршил во Струга, а подоцна и гимназија во
Јанина, Грција. На 14 октомври 1849 година се запишал на Филозофскиот факултет во
Атина, дипломирал 1852 година, отсек грчка филологија. Со диплома на учители
браќата се вратиле во родниот крај каде учителствувале во повеќе места.
По завршувањето на основното образование во Струга и гимназија во Јанина, во 1847
година станал учител во селото Трново, битолско.
По завршувањето на студиите престојувал во манастирот „Зограф“ на Света Гора. По
враќањето во Струга, станал учител во битолското село Магарево, а потоа во 1857
година се запишал и студирал словенска филологија во Москва, каде што членувал во
Словенскиот кружок и соработувал во неговиот весник „Братски труд“, како и во
весникот „Дунавски лебед“.
Константин заминал во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот
факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Во време на неговиот престој во
Русија го обзема длабока осаменост и жал по родниот крај.
Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се
ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на
песните и другите народни умотворби и нивно подготвување за Зборникот, Константин
и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов,
иако скромно, само петнаесет песни, го става на пиедесталот на македонската нова
литература како основоположник на македонската уметничка поезија.
Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин,
па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмолната и тешка болест,
Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од
народни умотворби. Основната причина за непечатењето на Зборникот во Москва е
судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската
борба.
Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил
Москва. На пат за дома, во Виена, се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај
Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од
Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба,
бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.
На 24 јуни 1861 година, од печатницата на Анте Јакиќ, во Загреб, излегол од печат
Зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци - „Бугарски народни песни,
собрани од браќа Миладиновци“, дело со речиси 600 македонски народни песни и
точно 77 бугарски (отстапени од бугарскиот фолклорист Васили Чолаков).
Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел
неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил
Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград каде дознал дека
неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Надевајќи се
дека ќе успее да го ослободи својот брат, наместо за Струга, тргнал директно за
Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во
Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како
шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува
судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори, во 1862 година,
под досега неразјаснети околности.
На 24 јуни 1861 година во Загреб излегол Зборникот на народни песни и умотворби на
браќата Димитрија и Константин Миладинови.

You might also like