You are on page 1of 5

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ (1874 – 1926) ,,ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ’’

- Крсте Петков Мисирков ( 18 ноември 1877 – 26 јули 1926) бил македонски


филолог, кодификатор на македонскиот јазик и правопис, славист, историчар,
етнограф, аналитичар на национално – политичките проблеми, публицист,
собирач и проучувач на македонското народно творештво.
- Тој е автор на првата книга и првото списание на современ македонски јазик
- Основоположник и активен учесник во македонските научно – литературни и
национално – политички друштва во Белград, Санкт Петерсбург, Одеса и
Софија
- Мисирков е автор на книгата ,,За македонцките работи’’
- Основач на списанието ,,Вардар’’ (1905 ф. Во Одеса) кое во однос на својот
концепт се смета основа на денешната МАНУ
- Автор е на голем број на научни статии објавени во различни весници.
- Покрај авторската дејност тој се занимавал и со превод на литературни дела и
собирање на народни творби.
1. ,,За македонцките работи’’
- Во самата книга, тој 10 години пред Балканските војни и Букурешкиот мировен
договор, ја предвидува можноста од поделба на Македонија меѓу балканските
држави
- предлага воведување и сеопшто прифаќање на терминот Македонец /
Македонци во официјална употреба на подрачјето на Македонија која е се уште
окупирана од Османлиите
- Книгата „За македонцките работи“ била испечатена во 1903 година во Софија,
тогашно Царство Бугарија
- Самата книга има над 120 страници и поделена на пет дела и предговор.
- Таа е политичка анализа на положбата на македонскиот народ и предлог-
програма за македонското националноослободително движење.
- Истовремено, таа ја разоткрива асимилаторската политика на соседните земји
насочена против македонскиот народ.
2. Петта статија - ,,Неколку зборови за македонцкиот литературен јазик’’
- Последната статија во оваа книга носи наслов „Неколку зборови за
македонцкиот литературен јазик“ и претставува прв научно аргументиран,
теориски солидно поставен и практично разработен проект за кодификација на
македонскиот јазик.
- Мисирков тргнува од особеностите на македонскиот јазик во однос на другите
словенски јазици.
- Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен јазик е
орудие за национално- политичката борба против туѓите пропаганди.
- Според него:
1) основа на литературниот македонски јазик треба да бидат централните
говори на линијата Велес-Прилеп-Битола-Охрид
2) правописот треба да биде на фонетска основа, со мали отстапки во
етимологијата (етимологија-наука за потеклото на зборовите)
3) Лексиката треба да ги содржи зборовите од сите македонски говори

Животот на К.П.М

Крсте Петков Мисирков е роден во ноември 1874 година во


селото Постол. Селото се наоѓа недалеку од античката македонска
престолнина Пела. Шест одделенија основно училиште завршил во
родното место, слушајќи настава на грчки јазик. По неколкугодишна
пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети
Сава“. Користејќи ја извесно време оваа стипендија, Мисирков сфатил
дека српската буржоазија ја започнала својата грда игра.
Поради тоа со неколкумина свои едномисленици избегал
од Белград во Софија. За да го продолжат своето образование во
Софија, македонските студенти морале да се пишат како Бугари.
Мисирков не го прифатил тоа. Тој повторно пребегнал во Белград. Во
Белград, сакал или не сакал, се запишал во прва година како
семинарист на богословско-учителската школа. Овој пат македонските
ученици го искажале своето незадоволство: тие кренале бунт, по кој
училиштето било затворено, а македонските ученици биле испратени
во внатрешноста на Србија. Така Мисирков се нашол во Шабац, каде
завршил четврти клас гимназија.Крсте Петков Мисирков, иако ја
завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго
средно училиште: белградската учителска школа. Во ова училиште
Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар. Членовите
на дружината ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“.
По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со
служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно
место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса. Таму не му го признале
образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна
семинарија во Полтава и дури по две години да започне со
студирањето: отпрвин на Медицинскиот факултет во  Петродонски
Словен. Вклучувајќи се во петроградската студентска средина,
Мисирков станал многу активен. Меѓу другото, напишал и еден
блескав реферат под наслов За значењето на моравското или
ресавското наречје за современата и историската етнографија
на Балканскиот Полуостров а го објавил и во списанието „Живија
старина“.
Мисирков се вратил во Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш и
се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. Во
исто време собрал богат фолклорен и етнографско-топографски
материјал што подоцна го објавил во своето списание „Вардар“
При следното доаѓање во Петроград Мисирков станал член
на Бугарското студентско друштво и со неколкумина истомисленици го
основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се
наоѓала во предреволуционерен период и руската влада го затворила
Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало
ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во
Одеса. Од тоа време датира студијата Кон прашањето за
народноста и причината за популарноста на македонскиот крал
Марко, што била неговата дипломска работа. Во 1902 година,
Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.
Истата година било основано и Македонското студентско другарство
во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен
придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова
научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш
дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети
Климент“. Членовите на ова другарство испраќале од своите редовни
седници барања пред сè до руската влада, па и до владите на другите
европски држави, да се признае правото на македонскиот народ на
самостојност,
Крсте Мисирков во Битола работел врз планот за отворање на
македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и Илинденското
востание, во кое Мисирков не учествувал.
Во Русија развил широка активност, пред сè публицистичка, работејќи
над текстовите од својата книга на која и дал наслов За македонцките
работи, како и над некои ракописи за учебници. Со цел да ја
публикува својата книга, Мисирков заминал во Софија. Во тоа време
доаѓа периодот кога Бугарија и Србија се договараат за поделба на
сферите за дејство на своите пропаганди во Македонија. 
Според Мисирков, потребата од одделен македонски литературен
јазик е орудие за
национално- политичката борба против туѓите пропаганди.
Според него:
1.основа на литературниот македонски јазик треба да бидат
централните говори на
линијата Велес-Прилеп-Битола-Охрид
2.правописот треба да биде на фонетска основа,со мали отстапки во
етимологијата
(етимологија-наука за потеклото на зборовите)
3.Лексиката треба да ги содржи зборовите од сите македонски говори

Во Софија оваа книга не била воопшто сакана и била горена.

Мисирков се вратил во Софија со надеж да ја подигне од печатницата


својата нова книга, но сепак не одело сѐ така лесно. Имено, книгата му
била откупена од тамошните власти и изгорена. Од изданието се
зачувале само мал број на примероци. По таквиот настан организиран
од бугарската пропагандистичка машинерија, следел организиран
напад врз Мисирков[1]. Тој бил присилен да ја напушти Бугарија.
Мисирков повторно се нашол во Русија, активирајќи се повторно во
друштвото „Свети Климент“ и набргу го прифатил професорското
место во Берѓанската гимназија, каде започнал со размислување за
издавање на една македонска публикација именувана како „Вардар“.
Така, Мисирков го напуштил Берѓанск и обезбедил престој во Одеса.
Тој го подготвил првиот број на своето списание за печат и предал во
печатница. Меѓутоа, нема доволно финансиски средства за да го
подигне отпечатениот материјал. Со тоа завршило неговото
одушевување. Но првиот а воедно и единствен број на списанието
содржи драгоцени материјали напишани на македонски јазик. Тие,
речиси, во сè го потврдуваат Мисирков околу книгата „За
македонцките работи“ и за погледите кон македонскиот јазик и
македонската нација.[1]
Неговиот престој во Одеса бил исполнет со нови активности. Покрај
подготовката на списанието „Вардар“ што се отпечатило во септември
1905 година (но не и во продажба), Мисирков бил вклучен во работата
на Историско-филолошкото друштво.
Во текот на Првата балканска војна тој бил воен дописник од фронтот
во јужна Македонија. за време на Втората балканска војна веќе бил
назад, во Кишињев на професорска должност. Во 1913 година
Македонската колонија од Петроград започнала да го издава
списанието „Македонский голос“. Мисирков веднаш воспоставил
контакти со Колонијата, соработувајќи со останатите луѓе што го
издавале списанието. Мисирков објавувал под свое име но и под
псевдонимот К.Пелски[1]
Молба на Мисирков со која бара од Белград да му се овозможи работа
во Понатака, Мисирков ги дочекал револуционерните настани од 1917
година. Во ноември 1917 година бил избран за пратеник во Земскиот
собор на Бесарабија. На 9 април 1918 година, при гласањето за
воспоставување на унија на Бесарабија и Романија, Мисирков гласал
воздржано. Како противник на присоединувањето на Бесарабија кон
кралството Романија, па поради тоа и го протерале од Кишињев во
Одеса. Но повеќе не можел да остане во таа средина. Бидејќи имал и
семејство, тој заминал од Одеса во Софија, каде го пречекале со
недоверба. Сепак добил служба во Етнографскиот музеј, потоа бил
испратен во Карлово, но и понатака му се заканувале поради неговите
отворени ставови во однос на македонското прашање. Побарал да
добие служба во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Неговата молба останала без одговор. Оневозможен да се врати во
Русија, фрлен на служба во провинциско место Копривштица,
Мисирков западнал во криза. ВМРО го сметала за штетен за делото,
но по средбата на Мисирков со претставник на Организацијата, таа
решила да не презеде конкретни чекори против него. [3] Мисирков се
разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде
ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во
Софија, каде умрел на 26 јули 1926 година.

You might also like