You are on page 1of 1

Пролетна слика на градот Скопје

Co ceкoјa пpoлeт, cнeгoт ce тoпи, цвeтaaт пpвитe цвeќињa, птицитe ce вpaќaaт oд тoплитe peгиoни и
вooдyшeвyвaaт co cвoитe црцopeњe. Пролетта оваа година малку нè изненади со тоа што падна
снег на првиот пролетен ден. Процветаните дрвја беа покриени со бела покривка и раните
пролетни цветови се смрзнуваа.
Но топлите температури не му овозможија долг престој на снегот па тој набргу се стопи и ни
настапи вистинска пролет. Пејсажот на пролетта се црта низ мојот град. Со целиот овој принцип на
онлајн настава, сфаќам колку пропуштам од убавините на природата. Старата слива во мојот двор
веќе беше накитена со светло зелени листови, а младите пупки срамежливо се криеја под нив. Го
имав заборавено чуството на свежото утро збогатено со црцорот на птиците под мојот прозорец.
Иако можеби Скопје станува се побучен и побучен град, неговата вистинска магија може да се
почуствува во раните утрински часови кога Сонцето ги излева своите први зраци, кога сеуштe
улиците се празни и мирното утринско ветренце носи свежина во градот. Повеќе околу нашето
Скопје ги нема високите, бели планини, тоа се сега големи, зелени планини кои што во себе криеја
други убавини, други приказни.. Којзнае колку бистри реки извираат оттаму и колку е само
привилегија да го слушаш нивното мирно жуборење. Со почетокот на пролетта како да се роди и
детската смеа и игра. Со полни очи и детска радост ги играме сите најпознати игри. На околните
стари дрвја, птиците формираат нови гнезда за да го сместат своето семејство. Повторно се
оживија парковите полни со деца. Доволно е да набљудувам и да се воодушевувам. И како да не
бидам среќен? Студените денови заминуваат и можам слободно да се радувам на пролетта
бидејќи и таа желба ми се исполни.
За мене пролетта значи нов почеток, и покрај студените зимски денови, сепак настапува
миризливата и разнобојната пролет што ни дава надеж дека и после било какви надминати
препреки сепак можеме да имаме нов и свеж почеток на нештата.

You might also like