You are on page 1of 2

Љубојно - најдрагиот спомен од моето детство

Во Љубојно сум. Тоа е планинско село кое се наоѓа во Преспа, под планината Баба.

Моето чувство кон селото го содржи и самото име, Љубојно-љубов. Кога сум во Љубојно
чувствувам слобода, затоа што каде и да се свртам е мирна природа. Кој не би се чувствувал
слободен во вакво место, во зеленило, на чист, свеж воздух; езеро, кое од секоја куќа, од секој
балкон се гледа и сјае од сончевите зраци; животни, кои од сите страни шушкаат, па понекогаш си
помислувам дека е некоја голема мечка. Тука пролетта мириса на разновидни чаеви, летото на
млади, зимзелени дрвја, есента на влажни, дождовни лисја, а зимата на снежен студ.

Во селото повеќето куќи се направени од камен, има и современи, но нашата куќа е


поинаква, малку необична затоа што татко ми фасадата ја има насликано во разни бои и изгледа
како огромен цртеж. Во нашиот простран двор имаме разнобојни цвеќиња, со зелена трева каде
што најчесто играме топка или тенис.

Со моето семејство тука доаѓаме преку целата година, но најдолго се задржваме во лето и
остануваме најмалку два месеци. Нема ден што сум го поминала неубаво во Љубојно. Деновите
тука секогаш ми се исполнети со разни забавни авантури , полни со долги, истражувачки
прошетки, со креативни изработки од гранчиња и камчиња што ги наоѓаме наоколу, кои можеби
не можам да ги направам дома, во Скопје. Тука научив да возам велосипед, а лани со моите
родители извовез дури 10 километри.

Во темните, тивки ноќи на балконот поставуваме душеци и ќебиња на кои легнуваме и со


двоглед ги гледаме сјајните ѕвезди и големата месечина.

Преку лето има и многу деца. Сите се собираме на сред село или како што таму го викаат-
полена, и дури до ноќните часови играме брканица, криенка, граница, вистина или предизвик.

Тука научив за разни видови дрвја и плодови. Дабот ми стана омиленото дрво, поради
интересните ливчиња и желадите. Тополата, за која научив дека има плиток корен и лесно може
да падне при силно невреме. Оревот, којшто има миризливи, зелени ливчиња, чии оревчиња се
највлусни додека се млади. На крајот на август и почетокот на септември, точно пред да си
заминеме, созреваат капините кои ни се најслатка ужина дур шетаме низ шумата.

Љубојно е мојот втор дом кој премногу го сакам, не би го дала ни заменила за ништо на
светот. Јас сум едно среќно дете и сум благодарна што имам можност да растам и уживам во ваква
убавина.

Јана Миќиќ, VIб одд.

You might also like