You are on page 1of 2

ЕЛКА ЗА НОВА ГОДИНА

Во едно село, многу далеку од нас, кое се наоѓаше близу до еден голем град, во
подножјето на една висока планина, живееше еден сиромашен човек . Тој кој иако многу
работеше, се измачуваше заедно со својата домаќинка , никогаш не успееја да се
збогатат,но сепак беа среќни зошто и не беа лакоми за богатство, за нив доволно беше
да имат толку, колку што ќе им треба за дечињата да им овозможат се што ним ќе им
биде потребно, се што треба за нив да се купи.
Како сите родители и тие за празници си ги изненадуваа децата, ќе им купеја нешто
можеби скромно, но сепак да се одбележи дека и за нив е празник. Така за една Нова
година, пред да почнат празниците, човекот некако се чувствуваше како да немаше
доволно пари за се што сакаше да купи за дечињата. А сакаше да имаат и тие убава елка
да се знае дека навистина доаѓа Нова година.
Се прошета низ блиската гора, да види дали ќе најде да сече некоја елка од гората па
заедно со своите дечиња да ја украсат и тие да се радуват за празникот. Прошета
човекот но не најде дрвце какво што сакаше. Се беа малечки елки, кои беа садени пред
две-три години, кои само што тргнале да растат, та човекот никако да се реши да сече
некоја од нив. Беше свесен зошто се садени, колку ќе бидат значајни кога ќе пораснат за
нивното место и како украс, а и како заштитници од поројот што надоаѓа после силни
дождови.
Разгледа што разгледа, ништо не отсече и се врати дома без ништо. Но желбата во него
не се запираше да имаат и неговите деца елка што би ја украсиле дома и да ги направи
многу среќни. Па реши таткото да прошета и во градот, можеби ќе најде да купи вештачки
изработена, пак исто зелена, пак со ливчиња бодликави зимзелени. Прошета што
прошета низ градот но никако неможеше да се одлучи да купи. Елките беа во различни
големини, но сите беа многу скапи, недофатни, дури и најмалите.
Човекот се почувствува некако разочарано. Не знаеше што да направи. Во себе што ги
имаше парите со нив требаше да пазарува за дочекот, да купи и елка. Е толку баш
немаше. Требаше да се одлучи само за едното. Застана да подразмисли. Уште се сети:
-И играчки и лампиони ќе требаат за елката на децата, - си рече сам во себе. Ох, не бива.
Дури сега се почувствува тажно. Сега сфати дека нема доволно ни за сопствените
дечиња да ги израдува за тоа што треба. Но некако му дојде идеја во главата. Почна да ги
размотува проблемите и како да му текна како да се снајде. Купи нешто што го мислеше
за поважно, купи овошје, некои балончиња за да се надуваат, и некои поситни играчки за
елка иако уште не беше се снашол со елката. А за месо за празниците се сети, има дома
свињи, прасиња, па не џабе живее во село, барем за тоа е колај. Купи што купи и за
спремање пакетчиња и си замина кон селото.
Но проблемот со елката уште не беше решен. Сабота пазарниот ден помина а уште
неколку дена е дочекот на Нова година, а децата немаат елка. Кога пристигна дома
дечињата го пречекаа и извикаа:
-Татооо, ни купи ли елка?
- Не, деца мои, -рече таткото, се снајде одеднаш, -Дедо Мраз го сретнав во градот, се
поздравивме, ги посетуваше градските дечиња, рече дека ќе дојде утре и овде во нашето
село, а мене уште во зори ќе ме чека во планината, тој ќе ми даде елка.
Децата поверуваа. Тие беа мали и лесно беше да ги излаже човек. А таткото мораше да
се снајде во ситуацијата.
Со сопругата се договорија дека тој ќе најде елка на секаков начин, а таа да се снајде да
биде веродостојно, да ги спакува пакетчињата додека тие спијат и да им ги остави во
нивната собичка како да Дедо Мраз ги посетил во раните утрински часови.
Уште рано другиот ден таткото замина на лов во планината, со намера повеќе за елка
отколку на ловење дивеч. Тој ден човекот изоди многу пат низ планината, за да најде
некоја стара елка, од која само едно гранче ќе сече, што ни дрвото ќе биде огрдено, ниту
од корен отсечено, а и за децата ќе се направи да бидат среќни.
Одеше што одеше и наеднаш човекот виде повеќе елки, на кои им отежнале гранките од
снегот, та беа дури свиткани надолу и како дрвото да имаше потреба да се поткастрат
гранките, да им се олесни. Човекот се израдува во тој момент повеќе од мало дете.
-Ете биде. Најдов елка. Ќе и отсечам гранче. Ќе го носам дома. Ќе го украсиме со
дечињата,-си зборуваше сам во себе.
Така и биде. Сече човекот гранче, кое дома ќе биде во собата елка што ја очекуваат сите.
И среќен тргна накај дома.
Кога пристигна дома, веќе се стемнуваше. Зиме е, а денот е многу мал. Само што влезе
дома, дечињата почнаа да скокаат од среќа.
-Те чекаше ли Дедо Мраз тато, -прашуваа едно по едно.
-Ме чекаше деца, ме чекаше, -одговараше татко им.
-Ами тато тој рано наутро бил овде кај нас, ни донел пакети, а зошто не ја донел и елката
та ти да одиш далеку да ти ја даде тебе?- прашуваше највозрасното од дечињата.
Таткото мораше пак да се снаоѓа и рече:
-Навеало многу снег, па санката која ја влечат ирвасите, на која му биле товарени елките
за деца, му заглавила далеку во планината.
Децата поверуваа. Но веќе не им беше ништо важно, за нив најважно беше што имаат
елка за да ја украсат како сите деца.
Иако веќе стемнето, татко им , ѝм направи стојалка за елката. Почна акцијата. Се
красеше елката. Прво ги наредија неколкуте лампиони што ги имаа. Потоа си ги најдоа и
бомбоните од карамели, им заврзаа конец и ги врзаа за елката. Се надуваа и балони.
Сите заедно ја красеа елката со децата и мајка ѝм и татко ѝм. Имаа добиено по пошта и
многу честитки за Нова година. Па ги ставија и честитките на елката. Немаа светилки, но
сепак се сетија, се снајдоа, имаше дома светкава хартија и ја наситнија и ја наредија на
елката, па светлината од сијалицата се одбиваше од светкавата хартија и светеше во
собата како сијалички да имаше на елката.
Им светеа и очињата на дечињата. Им светеа и очите на мајката и таткото, чиниш тие и
од децата повеќе се радуваа. На среќата и немаше крај. Сите се смееја, се радуваа.
Наздравуваа родителите со расолница и јадеа салата од туршија. Децата пиеја топол
компот. Вистинска убавина. Таа вечер пак заврна снег. Средното детенце гледајќи низ
прозорецот како надвор паѓа снег промрморе:
-Тато , арно ти што денес отиде во планината кај Дедо Мраз да ти ја даде нашата елка, а
тие татковци што уште не се отидени, нивните деца сигурно ќе немаат елки, па се мислам
како ќе ја пречекаат Нова година.
Најмалото скокаше овде- онде низ топлата собичка и така уморно, си ја довлечка
перничката до елката, легна на неа засмука млекце од шишенцето и заспа под елката.
За некој ден пристигна Новата година. Трите братчиња ги повикаа дечињата од нивното
маало, заедно да се радуваат на дочекот и заедно да играат и пеат околу елката. И не
само тие три, туку среќни беа повеќе од дваесетина дечиња од горното маало во селото,
зошто поради лошото време сите не успееја да имаат елка за Нова година.

You might also like