You are on page 1of 6

ПРИЛОЗИ, ПРЕДЛОЗИ, СВРЗНИЦИ

(морфологија)
1. Пронајди ги прилозите:

- Не суди веднаш и брзо за сè : барем малку


стрпи се , таков е овој свет.
- Дојдовме колку да те видиме и
изненадиме. А ти слези удолу ако можеш.
- Тие немо ме гледаа , но останаа присебни
и не реагираа веднаш.
- Дотрча однадвор и силно ја гушна. Но, и
забележа: мајка ù никогаш не била толку
среќна.
- Томи и Аника дури сега се сетија како
мајка им им рече да не се задржуваат
многу.
- За жал Пипи сега мора да одиме дома. –
рече Томи.
- Но, утре повторно ќе дојдеме. – додаде
Аника.
- Убаво дете игра убаво на подиумот од
„ Танцот со ѕвездите“.
- Малку ќе се одмориме , па ќе продолжиме
натаму.
- Јанко се радуваше вистински на подарокот
од Марко.
- Веднаш го зеде кроасанот и истрча надвор.
- Набрзина се качија во колата и отпатуваа
во непознат правец.
- Сонцето скржаво се смешкаше под
облаците.

2. Пополни ги празните места со


соодветен прилог:

_____ ќе го помнам по добрите работи.


________се слушаше неговиот продорен глас.
_______ пишуваше и ________ зборуваше.

3. Потцртај ги прилозите и определи во


која група спаѓаат:

- Ќе го посети местото наскоро.


- Понекогаш се плаши од неа.
- Двапати го опоменуваат на час.
- Херојски се движи по улицата.

4. Пронајди ги и определи го значењето


на предлозите во следниве реченици
- Птиците преселници заминаа на југ.
- Печалбарите се враќаат на празник.
- Цртежот на Томи е најдобриот цртеж.
- Катерина ја напиша домашната работа на
брзина.
- Се качи на дрво.
- Овие очила за сонце се на сестра ми.
- Му кажа на шега, но тој сериозно сфати.

5. Дополни ги речениците со соодветни


предлози кои според составот се прости:

- Се приближи и се поздрави _____ него.


- Ќе застанам ______ продавницата.
- ________ повиканите беше и тој.

6. Дополни ги речениците со соодветни


предлози кои според составот се сложени:
- ________ пазарот се слуша голема врева.
- ________ повредите не играше на натпреварот
- ________ трговскиот центар се наоѓа
училиштето.

7.Вметни го соодветниот предлог:


- Тргнавме ____ излет ____ Матка.

- __________ него секогаш имаше многу


млади луѓе.
- Човекот лежеше ______ дрвото.
- _______ мене седи Марко.
- ________ ветер зборува - никој не го слуша.
- ___________ тебе ме казнија.
- Не сакам да зборувам ______ неа сега.
- Кутијата е ________ вратата.

8. Запиши ги употребените сврзници:

- Тукушто дојде, а сите ги натепа.


- Се собраа пред да се стемни.

9. Дополни ги речениците со соодветен


сврзник:

Не се осмелуваше, се плашеше _____ го нарече

тоа со вистинското име.

Тогаш му призна _____ не доаѓал во училиште.


10. Дополни ги речениците со соодветни

сврзници кои според составот се прости:

- Баба ми се врати од пазар _____ почна да

прави пита.

- Ме боли гавата , ______ќе морам малку да

одморам.

- Таа ја читаше книгата, ______ тој постојано

тропкаше по масата.

11. Дополни ги речениците со соодветни

сврзници кои според составот се сложени:

- Марија ми зборуваше ________ тие

ништо не разбираа.

- Не ти верувам_______ многупати си ме

излажал.

- Ќе отидам кај него _______ го земам

учебникот по историја.

- Силно заврна_______ тргнавме на пат.


12. Простите реченици поврзи ги

сосоодветни сврзници и од нив направи

сложени.

- Таа ги бараше неговите очила./ Не ги најде

таму.

- Вчера силно грмеше. / Кучето на Иван многу

се исплаши.

- Мајка ми е цел ден на работа. / Ќе се врати

доцна.

- Ја прашав за утрешното изненадување./ Таа не

знаеше ништо.

- Кучето скокна од радост . / Го слушна гласот

на Васе.

You might also like