You are on page 1of 1

1.

Во следните реченици пронајди ги подметот и прирокот (за прирокот да се наведе и каков е):

Докторот се заинтересира за темата.


Можеш да замолиш некого!
Се насмеа.
Престана да врне по деветте.
Тревогата беше лажна.
Мозокот ми е здрвен како стап.
Човековата неблагодарност нема граници.
Погребната поворка не може да мине покрај полициската станица.
Обиди се да не мрдаш!
Адвокатот стана да ја избрка.
Мојата куќа е под хипотека.
Јагода е убава девојка.
Тие се уморија чекајќи.
Најпаметниот е моментално отсутен.
Ластовичките одлетаа на југ.

2. Пронајди го подметот во следниве реченици (без дополнителни појаснувања-атрибут) и


објасни го зборот во функција на подмет!
а) Шарената ластовица пее под мојот прозорец секое утро.
б) Жена ми ме разбуди рано утрово.
в) Стариот се замисли над одговорот.
г) Сонцето се роди во 6 часот денеска.
д) Тие двете дојдоа отпосле.
ѓ) Тие дојдоа отпосле.
е) Експлозијата наеднаш не разбуди сите.
ж) Чекањето си има ред и крај.
З) Никола не дојде на училиште
Ѕ) Јас вчера патував.
И) Оние ме навредија.
3. Пронајдете ги грешките(во врска со подметот)
1. Автомобилот јури со голема брзина.
2.Растеше и се развиваше во убава мома.
3. Кучето непрестајно лаеше.
4. Јас и Maja утрово задоцнивме .
5.Вие сте први на списокот.
6.Тој го нацрта најубавиот цртеж.
4. Определи ги подметот и прирокот во следните примери
- Мачето пие млеко.
- Заминаа на пат.
- Децата учат да пливаат.
- Не сакам да учам, ме мрзи.
5. Во текстот определете ги подметот и прирокот: Децата од моето маало се многу
дружељубиви. Вчера отидовме на излет и игравме фудбал , скокавме на јаже и секако
правевме скара. Јас бев главен готвач,но ми помагаше и Јана. Јана е мојата најдобра другарка.
Цел ден останавме таму, а кога почна да се стемнува ,сите заедно се зафативме со
расчистување на ливада .Неколкумина нe сакаа да учествуваат во чистењето и затоа си
рековме дека повеќе не ги викаме на излет .

You might also like