You are on page 1of 2

Срце

Срцето представува мускулест орган кој постојано, без наша волја се стега и опушта и со
тоа пумпа крв во крвните садови.
Срцето е сместено во градниот
кош, на средина, помеѓу белите
дробови. Тоа со долниот дел е
свртено малку во лево, поради
што, отчукувањата ги
чувствуваме на левата страна.
На внатрешна градба на срцето
разликувам две полови лева-
црвено обоена и десна- сино
обоена. Тие половини се
поделени така што имаме две
предкомори и две комори.

Крвни садови
Крвните садови артерии ја изнесуваат крвта од срцето и ја носат до сите органи, а вените
се крвни садови кои ја враќаат крвта назад во срцето.
Во секој орган пак има ситни крвни садови, наречени крвни капилари кои им ги даваат
кислородот и хранливите материи на органите.
Изучувајќи го дигестивниот систем споменавме дека хранливите материи од тенкото
црево се ресорбираат во крвта.
Во респираторниот систем забележавме дека кислородот од белите дробови оди во
крвта. И хранливите материи и кислородот крвта ги носи до секој орган кој со овие две
компоненти си создава енергија.
Кога сме физички активни на нашето тело му е потребно повеќе енергија за да ја изврши
конкретната активност. Затоа кога трчаме, на пример, дишењето ни е забрзано за да се
обезбеди поголемо количество кислород. Срцето ни чука со побрз ритам, затоа што
забрзано пумпа крв за побрзо да ја однесе крвта со кислород и хранливи материи до
мускулите кои со помош на кислородот и хранливите материи ќе си создадат енергија за
работа.
Пулсот всушност представува број на отчукувања на срцето во минута. Нормален пулс е
60-80 отчукувања во минута, додека после физичка активност пулсот може да достигне
вредност и до 120 отчукувања во минута.
Пулсот може да се измери со опипување така што показалецот и средниот прст едно до
друго ќе ги поставиме на внатрешната страна на зголбот од дланката.

You might also like