You are on page 1of 13

Циркулаторен (крвоносен) систем

Циркулаторен систем е системот кој овозможува постојано кружење на


крвта во нашето тело. 
Тоj се состои од срцето како главен орган на циркулаторниот систем и
крвните садови: артерии , вени и капиларии.
Видови на циркулација

Крвотокот е неопходен за пренесување на различни материи низ


телото.
Благодарение на работата на срцето крвта се движи низ телото низ
цевчиња наречени крвни садови.
Крвотокот се разликува кај различни организми.
Разликуваме 2 вида на циркулација.
1. Отворен крвоток – течноста циркулира (се излева) низ
телесната празнина - кај безрбетните животни
2. затворен крвоток –течноста циркулира низ крвни
садови - кај рбетниците , црвите и некој мекотели.
Безрбетните животни имаат отворен крвоток што значи дека
крвта од срцето и крвните садови се излива помеѓу ткивата и
тука се врши размена на гасови.
Во затворен крвоток крвта се движи  низ крвните садови (артерии, вени и
капилари) и не се излева помеѓу ткивата.
Рбетниците имаат затворен крвоток. Разликуваме единечен и двоен
крвоток. Рибите имаат единечен крвоток бидејќи кај нив крвта минува низ
срцето само еднаш.
СРЦЕ
Срцето е сместено во градниот кош веднаш под ребрата, на средина
помеѓу белите дробови, во пределот наречен средоградие. Со долниот
дел е малку свртено налево, поради што отчукувањата се чувствуваат на
левата страна.
Срцето е речиси со иста големина како и твојата тупаница. Изградено е
од многу силен мускул. Срцевиот мускул во текот на целиот живот
постојано се стега (контрахира) и опушта. Колку и да си изморено, твоето
срце продолжува да работи.
Градба на срце

Срцето е  мускулест орган. Тој е шуплив орган,низ чии празнини


протекува крв. Неговите ѕидови се изгредени од три слоја:
- надворешен (перикард),
- среден мускулен слој (миокард) и
- внатрешен епителен слој (ендокард).
Внатрешноста на срцето со една надолжна преграда е поделено на лева
и десна половина. Низ левата половина на срцето тече оксидирана (крв
богата со кислород), а низ десната половина на срцето тече редуцирана
или реоксидирана (крв богата со јаглероден диоксид). 
Со напречна преграда срцето е поделено на две предкомори и две
комори.  Помеѓу предкомората и комората се наоѓаат залистоци или
клапи кои не дозволуваат крвта да се врати назад. Што значи крвта
секогаш тече од предкоморите во коморите и  не може да се враќа назад.
Како работи срцето
Срцевата работа се одвива циклично.
Секој циклус- срцев циклус се состои од три фази кои
заедно траат 0,8 секунди и се изразува со едно
одчукување на срцето:
- фаза на контракција- систола
- фаза на олабавување- дијастола
- фаза на одмор. 
Иако десната и левата половина на срцето се одвоени тие работат
заедно (истовремено).
Најнапред се стегаат (контрахираат) предкоморите, а потоа се стегаат
коморите. Ова е активна фаза во работата на срцето и се вика
систола.
После секоја контракција на мускулатурата следува олабавување
наречено дијастола.
А потоа следува фаза на одмор. 
Поконкретно работата на срцето се одвива на следниот начини:
Прво се стегаат предкоморите (систола), а потоа коморите. Кога
предкоморите се во систола, коморите се во дијастола; кога  коморите
се во систола, предкоморите се во дијастола (олабавување). Срцева
пауза или одмор е оној дел од срцевиот циклус кога и предкоморите и
коморите истовремено се во мирување.

You might also like