You are on page 1of 6

Мејоза-редукциона делба

Секоја соматска клетка кај организмите содржи одреден број на


хромозоми.Бројот на хромозомите во половите клетки е за половина помал
од бројот на хромозоми кај телесните клетки.Кога половите клетки би имале
ист број на хромозоми како и телесните тогаш при нивното спојување во
процесот на размножување(оплодување) би настанала клетка со дупло
поголем број на хромозоми.Во следните генерации би се добивале организми
во чии телесните клетки бројот на хромозомите непрекинато расте.Од таа
причина благодарение на Мејозата или т.н редукциона делба бројот на
хромозомите во половите клетки постојано се намалува(редуцира) со што
настануваат клетки со „нормален“ број на хромозоми.
Мејозата се состои од две последователни делби на јадрото,кога хромозомите
се делат само еднаш а се образуваат 4 клетки со хаплоиден број на
хромозоми.

За време на првата делба на јадрото се разликуваат 4 фази: профаза


I,Метафаза I,АнафазаI,Телофаза I .Редукцијата на хромозомите се одвива во
текот на оваа прва делба,додека другата мејоза е всушност митотичка делба и
се состои исто така од четири фази : профаза II,Метафаза
II,АнафазаII,Телофаза II.
ПРОФАЗА I

Е најдолга фаза од мејоза I и се состои од повеќе фази:

1. Leptoten – јадро има мрежест изглед,хромозоми се нишковидни

Šematski prikaz biljne ćelije

2. Zigoten – Комплементарно спарување на хомологните хромозоми при што


се образува синаптички комплекс .Едната гарнитура на хромозоми е од
мајката а другата од таткото.

Šematski prikaz biljne ćelije

3. Pahiten – хромозомите се поврзани во парови (хомологни хромозоми)


наречени биваленти.Се формираат хијазми(места каде несестринските
хромозоми се најсилно поврзани) и се одвива Кросинг-овер(размена на
хромозомски фрагменти помеѓу несестрински хроматиди)
Šematski prikaz biljne ćelije

 4. Diploten – засилена спирализација на хромозомите,се распаѓа


синаптичкиот комплекс со одвојување на двохроматидните хромозоми од
бивалентот.

Šematski prikaz biljne ćelije

 5. Dijakinezа – исчезнува јадрената мембрана и јадренцето,се формира


делбено вретено а хромозомите се држат за терминални хијазми.

Šematski prikaz biljne ćelije


МЕТАФАЗА I

Во метафаза I хромозомите се максимално спирализирани и распоредени на


екваторијалната рамнина,со центромери се поврзани за нишките од
делбеното вретено.

Šematski prikaz ćelije u metafazi I

АНАФАЗА I
Секој хомологен хромозом од својот пар се движи кон спротивниот пол на
клетката.

Šematski prikaz ćelije u anafazi I


ТЕЛОФАЗА I

Околу хромозомите собрани на половите се создава јадрена мембрана и се


добиваат дијади од хаплоидни клетки во кои хромозомите се
двохроматидни,со рекомбиниран наследен материјал.

Šematski prikaz ćelije u telofazi I

МЕЈОЗА II

Во текот на втората мејотична делба од две клетки се добиваат четири


(тетрада од клетки) кои се хаплоидни со рекомбиниран наследен материјал.

Во ПРОФАЗА II сестринските хроматиди сеуште се поврзани преку


центромер.

Во МЕТАФАЗА II хромозомите се поставени во екваторијалната рамнина и


се поврзани за нишките од делбеното вретено преку центромер

Во АНАФАЗА II се дели центромерот и сестринските хроматиди се


оделуваат една од друга и се движат кон половите на клетката.

Во ТЕЛОФАЗА II од двете клетки (добиени во мејоза 1) се добиваат 4 клетки


кои се хаплоидни со еднохроматидни хромозоми.

You might also like