You are on page 1of 12

АДАПТАЦИИ

Адаптации на растенијата
ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМ АДАПТАЦИЈА

 Адаптација(лат.adaptatio-прилагодување)
претставува прилагодување на организмот на кон
условите на животната средина односно нивното
живеалиште.
 Живеалиште е местото во кое живее организмот.
ЗОШТО КАТУСОТ МОЖЕ ДА ОПСТАНЕ
ВО ПУСТИНА?
Потсети се какви се условите во пустината?
(температура, врнежи,состав на почва и сл.)
*Разгледај ја фотографијата и проучи ги карактеристиките на кактусот!
Што мислиш дали неговиот изглед е поврзан со условите во пустината?
Доколку одгoвори со ДА, кои карактеристики му го овозможуваат тоа?
АДАПТАЦИИ НА КАТУС

Видоизменети листови во
трње –за намалување на
Цврста обвивка
губиток на вода преку лист
(епидермис) прекриена
со кутикула-заштитна
функција

Стебло во кое се
складира вода
Плитки и многу
разгранети корења- за да
се искористи водата од
ретките врнежи
НАЈВАЖНО!!!
 Растенијата се приспособиле за живот во своите
живеалишта
 Адаптациите им помагаат да обезбедат доволно
светлина за фотосинтеза,снабдување со вода ,растење
и развивање на вегетативните и репродуктивните
органи
 Карактеристиките и изгледот на растенијата е во
согласност со условите за живот во нивните
живеалишта
НА ФОТОГРАФИЈАТА Е ПРИКАЖАНА СМОКВА-
ЗАДУШУВАЧ КОЈА СЕ СРЕТНУВА ВО ДОЖДОВНИТЕ
ШУМИ. КОИ СЕ АДАПТАЦИИТЕ НА ОВА РАСТЕНИЕ?
Тропските прашуми се добро место за раст на
растенијата. Зошто???
Во тропските прашуми е топло,има многу сончева
светлина и секогаш има многу вода.
Сепак во овие идеални услови растат толку многу растенија,така што
повисоките ја спречуваат светлината да стигне до растенијата што растат
поблиску до почвата.
Смоквите- задушувачи се приспособиле за живот во вакви услови.Наместо
да изртуваат во темната шумска подлога,нивните семиња изртуваат во
пукнатините високо на возрасните дрвја,каде што малите изданоци можат да
добијат светлина.
Корените на изданоците растат надолу и се извиваат околу стеблото на
дрвото.

Како што старее смоквата,нејзините корени


и стебла стануваат подебели и подрвенести.
Понекогаш, смоквата станува толку голема
што го убива дрвото околу кое расте.Тоа не
е многу важно за смоквата,бидејќи нејзините
стебла и корени се веќе доволно цврсти за
самите да го одржат растението.
СМРЕКИ НА АРТИКОТ
Сибирските смреки живеат во огромни
шуми што растат северно од арктичкиот
круг.Во лето деновите се долги и топли.
Во зима деновите се многу кратки,
секогаш е многу ладно и има многу снег.

Смреките се иглолисни дрвја.


Нивните листови имаат дебел,покривен
заштитен слој.Во зима тој ги заштитува
листовите од губење премногу вода,кога
корените неможат да земат вода од
почвата бидејќи е смрзната.

Сибирските смреки се високи и тесни,а


гранките се закосени надолу.Затоа
тешкиот снег може да стои на игличките
и гранките без да ги скрши.Ако падне
уште повеќе снег,тој едноставно ќе се
лизне од гранките.
РАСТЕНИЈА ВО ЛАДНИ ПРЕДЕЛИ

 Растенијата се мали - за да се избегне ветерот


 Растенија се темни - тоа им помага да се апсорбира сончевата топлина.

 Мали восочни лисја / игли

 Некои растенија се покриени со коса

 Некои растенија растат во купчиња за заштита

.
Плевелите во насадите
Плевел е растение што расте на места на
кои лугето не сакаат да расте,на
пример,помеѓу насадите на земјоделците
или на плочници.Тие се натпреваруваат со
одгледуваните култури за светлина,вода и
минерални соли.

Повеќето плевели се едногодишни


растенија.Тоа значи дека тие
ртат,растат,создаваат семиња и умираат
за помалку од една година.
Некои плевели можат да го сторат тоа за
само неколку недели,пред да може
луѓето да ги уништат.Нивните семиња
може да преживеат долги временски
периоди во неповолни услови-многу
суви лета или многу ладни зими.
Другите растенија без овие
карактеристики не би преживеале.
РАСТЕНИЈА КОИ ЖИВЕАТ ВО ВОДА

-Подводни лисја и стебла кои се флексибилни, за да се


движат со водотеците
-Имаат големи листови со многу тенок епидермис,за да обезбедат
лесно и брзо испуштање на вишокот вода
-водата, хранливи материи, и растворените гасови се апсорбираат
преку листовите директно од вода.
-корени се потребни само за прицврстување, а не за апсорпција на
хранливи материи и вода
- растенијата имаат листови кои лебдат на врвот на вода, се
изложуваат на сонце
-растенијата произведуваат семиња, кои можат да пловат
Во пловечки растенија, хлорофил е ограничен на горната површина.
Обрнете внимание на зелена боја на врвот на лисја и црвеникава
долната страна на листот

You might also like