Professional Documents
Culture Documents
Од
НМ
-
12:20 23.05.2018
2538
Сподели
Print
По повод празникот на Власите, 23 Мај, и во контекст на запазување и негување на
традицијата на заедништво и мултиетничност издвојувме повеќе влашки поуки
1) Државата е…
Никаде не задржувајте се подолго од дванаесет месеци, туку кога годината вашиот гурбет
ќе заврши, и кога во тој крај ќе го земете од бога вашето, дигајте ги шаторите, на маските
отседлајте ги и одете кај што не сте биле. Ако некаде по царството или кралството се
најдете подолго од година, во даночните книги вас ве заведуваат, на трговскиот суд ве
регистрираат, давачки и фискални такси ви припишуваат. Сите приходи во тефтери
морате да ги бележите, ортаците и компаниите на магистратот да ги пријавите и
договорите на заверување да ги поднесувате. Државата не ви е мајка да се срами од вас
голи. Државата е жена, на која голи ѝ сте најмили. Зашто уште во Епир е речено:
ПОЧИТУВАЈ ГО ГОСПОД ДОДЕКА Е ТВОЈ, И ЧУВАЈ СЕ ОД ДРЖАВАТА ДОДЕКА
НЕ СТАНЕ ТВОЈА!
3) Бегајте од конкуренција
Не одете во градови еврејски и градови ерменски, зашто конкуренцијата таму е голема. Сѐ
уште на малиот Ромеј му е тешко да се одржи без родена(та) крв да го помогне. Но
избегнувајте ги и градовите цинцарски, и градовите грчки, зашто во нив конкуренцијата е
уште поголема. Кога сите им се браќа на сите, никој никому не може да му помогне.
Одете, значи во туѓински градови. Во градовите славјански, германски и унгарски. Зашто
во Епир е речено: ОНА ШТО ВИЕ ГО ЗНАЕТЕ, ДОМОРОДЦИТЕ ОДАМНА ГО
ЗАБОРАВИЛЕ, НО ОНА ШТО ВИЕ ГО ЗНАЕТЕ, ОНИЕ КОИ ПРЕД ВАС ДОШЛЕ, ГО
ЗНААТ ПОДОБРО!
4) Документи не потпишувајте
На своите патувања не отседнувајте во грчки и во цинцарски анови. Избегнувајте ги
домашните, каде што на даночниците ќе ве пријавуваат, такси ќе ви наплатуваат и
деловните тајни ќе ви ги откриваат. На своите патувања внимавајте да имате сведоци кога
ќе ви требаат, и да немате ако не ви се потребни. И знајте дека и ѕидовите можат да
сведочат против вас. На вашите патувања зборот нека ви биде – потпис, а устата – печат.
Документи избегнувајте. Документите можат да бидат лажни, вашето уво никогаш. Зашто
во Епир е речено: НИКОМУ НЕ ВЕРУВАЈ МУ, НИКОМУ ОСВЕН СЕБЕСИ, ПА И СЕБЕ
САМО ПОЛОВИНА…
5) Не лажете во мерењето
Не лажете во мерењето зашто кој на мал кантар лаже, на големиот ќе биде прелажан.
Според луѓето, а не според стоката пропишувајте ги цените, зашто што вреди голема цена
што никој нема да ја плати? Кон своите обврски и кон договорите придржувајте се, зашто
право на трговија не дава лиценцата, туку кредитот (довербата) во чаршијата. Почитувајте
ги древните обичаи на гаранции. На познатиот давајте му, на непознатиот немојте. Од
познатиот примајте ги, од непознатиот немојте. Само со чесни здружувајте се во ортаклак
и компании. И на својата крв, ако можете, не удирајте. Зашто во Епир е речено: САМО
НА ЛОШИОТ ТРГОВЕЦ СВЕТОТ МУ Е МАЛ…
6) Сѐ со мера
Долгови – не правете. Ако морате, враќајте ги уредно. Зашто парите на доверителот само
денес ви требаат, а доверителот ќе ви треба и утре. Ако некому позајмувате, не бидете со
тврдо срце и без знаење за должникот, зашто ако го притиснете во невреме, долгот нема
да го повратите, а него и своите пари ќе ги упропастите. Не обидувајте се со мал обрт
многу да заработите, туку со голем обрт по малку. При малиот обрт секоја загуба ве
уништува, при големиот – само ви наштетува. Не држете ги дукатите во појасите, туку
пуштајте ги да се мешаат со туѓите дукати, зашто само од машко и од женско се раѓаат
деца, само од австриската форинта и турскиот пјастер, бидува ромејска флуриа. Но чувајте
се од нездрави шпекулации, а особено каде што ќе ви се каже дека ќе заработите сто
отсто. Такви заработки нема, освен во приказните на оние што, така заработувајќи,
банкротирале. Зашто уште во Епир е речено: ПОДОБРО Е ОД НЕШТО ДА СЕ ИМА
САМО 10 ОТСТО ОТКОЛКУ ОД НИШТО СИТЕ 100 ОТСТО, СЀ СО МЕРА НЕКА ВИ
БИДЕ, СО МЕРА ЗАРАБОТУВАЈТЕ, СО МЕРА ТРОШЕТЕ, СО МЕРА ЖИВЕЈТЕ И
УМРЕТЕ, СЀ СО МЕРА.
7) Собирајте, но не грабајте
Собирајте, но не грабајте. Купувајте, но не одземајте. Скржавецот и ограбувачот не прават
големо богатство, а и оние што прават ќе им биде ограбено. И покрај тоа што треба да
гледате дукатот што излегува од кај вас да биде што поизлижан и полесен, а оној што ви
доаѓа не е сѐ во изгледот, дека тежината не потекнува само од златото, туку и од оловото,
и дека парите треба да се пробаат со забите, а не со очите. Зашто во Епир е кажано: КАКО
ШТО ВО ВОЈНАТА НЕМА СИГУРНА ПОБЕДА, НИ ВО ТРГОВИЈАТА НЕМА
СИГУРНА ДОБИВКА, И КАКО ШТО ВО ВОЈНАТА СТРАТЕГОТ ПОБЕДАТА ЈА ИМА
НА УМ, А НЕ БРОЈОТ НА НЕГОВАТА ВОЈСКА, И ВО ТРГОВИЈАТА ПРОФИТОТ
НЕМА ДА ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ВЛОЖЕНИТЕ ДУКАТИ ТУКУ ОД ТОА КОЛКУ
МУДРОСТ СИ ВЛОЖИЛ ВО ШПЕКУЛАЦИЈАТА (ЗДЕЛКАТА).
9) Живејте со мнозинството
Придржувајте се кон родниот закон. Почитувајте ги своите обичаи. Вршете ги обредите.
Мајчиниот јазик не заборавајте го. Но внимавајте, своите закони на другите на нос исто да
не им ги навирате, кон што сте склони. Зашто тој закон е за нас, а не за други. Огледајте се
на Евреите. Ако вашите обичаи ви пречат во трговијата и во прометот, оставете ги дома.
На улица, на агора (плоштад), во дуќанот, банката, на судот и во црквата зборувајте,
живејте и однесувајте се сообразно на мнозинството. Зашто уште во Епир е речено:
ЗАКОНОТ ВЛАДЕЕ СО СРЦЕТО, НО ИНТЕРЕСОТ СО УМОТ.