You are on page 1of 2

РЕЦЕПТИ ЗА ОСАМЕНОСТ !!!

Цел ден можеш да и бегаш на реалноста и да се залажуваш себе си, но навечер кога ќе си легнеш
таа те стигнува. Kога ќе дојдеш дома, кога ќе ги соблечеш чевлите и уште од врата ќе ја фрлиш
маската на исполнетост, успешност и среќа (за инат на другите) од маскенбалот наречен социјален
живот, остануваш "гол" пред себе си. Во една рака даљинското, во друга телефонот. Вртиш ли
вртиш, а нигде не стигнуваш. Знаеш колку си способен да сакаш и да бидеш сакан кога ќе
погледнеш на другата страна од креветот која најчесто е празна. А знае да биде уште попразна и
тогаш кога физички е исполнета. И секогаш другиот е крив.

Ние луѓето можеме да сториме се. Се качивме на месечината. Го допревме дното на најдлабоките
океани, се качивме на највисоките планини, ја откривме вселената, секојдневно соборуваме
рекорди во некоја област, правиме храбри подвизи и собираме аплаузи. Го разбивме атомот, но
не го разбивме стравот од сакање. Живееме во време каде најмалце се посветува време на
емоциите. Важно е бизнисот да цвета, да се заработи некој денар повеќе. Важно е да
дипломираме, магистрираме, докторираме. Физичкиот комфор и титулите се поважни од
емотивната исполнетост. Важно е да бидеме кул пред другите, лабави. Врвен дострел во
социјалниот живот е ако изградиш имиџ на човек кој "не се замара" и кој нема време за љубов,
кој е толку зафатен и искулиран што нема време за такви будалаштини. А таквиот имиџ ќе ти
донесе популарност у друштво и ладна перница. И од време на време топло месо под јорганот.
Имам впечаток дека кај мажите тој страв е малку поизразен. Се додека има само размена на
телесни течности е ок. Размена на емоции штом започне тогаш алармот за бегство се вклучува.
Побезболно е да избегааш, отколку да останеш. Ако останеш може ќе се заљубиш, а тоа е
преголем товар за слаби карактери. Што има врска. Утре ќе се најде ново мевце за под јорганот.
One night show. А од утре уште поосамен. Најлесно е со алкохол и секс да избегаш од реалноста.
Онаа релност која ти труби во глава дека си сам. Уште полошо е ако тоа бегство ти стане начин на
живот. Се е полесно од соочувањето со самиот себе дека си емотивно неисполнет/а и дека сам/а
си виновен/а за тоа. Тоа важи за секоја генерација. Младите бегаат затоа што не знаат кај тераат
прво самите со себе. А и со розово кошулче и обем на стомак поголем од неговото IQ тешко дека
ќе и се бендиса на некоја. Освен ако е син на богати родители, тогаш може и ќе и се бендиса на
некоја со тазе напумпана уста и подарок цицки од спонзорот. И плус не е модерно да сакаш некој
повеќе од 1 месец. А и белата лепотица на казанче е поубава од се друго. Овие постариве,
најчесто во нефункционални бракови или врски немаат муда ни да раскинат ни да се разведат, а
камо ли пак да се заљубат. Оние стари синглови пак кои уште мислат дека се мангупи и глават у
кафана секој викенд мислат дека уште можат да ебат се што ќе посакаат. Но нивниот уролог не
мисли така. А и што има да се заљубуваат за малце. Си идеш дома после работа како и секој друг
ден во изминатите дваесет и кусур години брак. Децата веќе пораснале и не се замараат со тебе.
Брачниот другар има функција на глинен ќуп во дневна соба. Заедно се појавувате само на слави,
свадби и родендени. Не смееш да се замериш ни со домашното милениче за да не ја загрозиш
тешко стекнатата четврта позиција во хиерархијата на вашето семејство. Не си среќна личност, ама
удобно ти е. Не сакаш промена бидејќи се плашиш од полошо и бидејќи чувствуваш дека немаш
енергија за промени. А ако ништо не промениш, подобро нема да биде. Фикусот во твојот ходник
е весељак во споредба со тебе. Не си даваш можност ни да сакаш повторно, ни да бидеш сакана
личност. Ќе најдеш нешто за една вечер колку да се почувствуваш жив, бидејќи од внатре веќе
одамна си мртов. Ќе си легнеш сам/а или до партнер покрај кој си уште поосамен/а до некое
наредно random sex show, додека длабоко во себе посакуваш да ти се случи љубов. Длабоко во
себе знаеш дека една искрена прегратка вреди повеќе од било каков секс. Знаеш дека да водиш
љубов е далеку повозвишено од било каква размена на флуиди. Ама што има сеа да се замараш
со љубов. Многу напор е тоа. Си ја прифаќаш улогата на одење по линија на помал отпор и си
тераш лабаво. За љубов треба да се вложат време и емоции. Тоа е превисока цена на
денешницава. Попрво би опнале курва која нема да ве замара, отколку да си дозволите да бидете
среќни. А не сте глупи. Знаете да препознаете емоција, но немате капацитет да вратите. Еден ден
ќе ви биде криво дека сте немале храброст, но за љубов потребни се муда среќо. Уште полошо им
е на оние кои не си легнуваат сами, туку имаат постојан партнер покрај кој се поосамени отколку
кога би биле сами. Таквата празнина е полоша од било која. Ама битно имаат некој. Тоа што не се
среќни не им е толку важно. Важно пред другите глумат среќна заедница. Важно сопствената
вредност ја мерат преку имањето партнер. Каков - таков, макар и несреќни. Страв им е нешто да
променат.

Живееме во време на уплашени луѓе. И тоа уплашени од вистинските вредности. Прифаќаме се


што е површно, ја избегнуваме суштината на нештата. Амбалажата е поважна од содржината.
Хигиената на духот ни е на последно место. Инвестирањето во емоции е научна фантастика. Си
легнувате несреќни, со преголема доза на апатичност према сопствените чувства. Се преправате
дека ви е доволно само задоволувањето на физиолошките потреби. Многу познанства, малку
пријатели. Многу секс, малку љубов. Многу средби, а премалку дружба. Многу настани, малку
забава. Се давиме во плиткото. Контрола на емоции, бидејќи во мода е рамнодушноста. Се
претвораме во роботи. Освен кога ќе си легнеме да спиеме. Само тогаш знаеме колку сме среќни.
Исклучоци секогаш постојат, но се поретки СМЕ. Постојат оние кои без срам можат гласно пред
цел свет да кажат дека љубат. Да те фатат за рака и да не им е гајле што се разликуваат од толпата.
Постојат оние едоставни мали луѓе кои имаат храброст да бидат живи, да љубат, а не само да
дишат. Но невидливи се бидејќи малку се. Можеш да ги сретнеш и да не ги препознаеш. Можеш
да ги препознаеш и да избегаш, затоа што можат да те извадат од комфорната зона ако ги
засакаш. А тоа е луксуз кој не сакаш да си го дозволиш ... Не уште еднаш. Можеби некогаш во
некој нареден живот

You might also like