Professional Documents
Culture Documents
Значењата На Најчестите Симболи Што Се Појавуваат При Гледање На Кафе
Значењата На Најчестите Симболи Што Се Појавуваат При Гледање На Кафе
Обичајот да се гледа на кафе за прв пат се појавил во Отоманската империја, но од таму со тек на
време се раширил низ целиот свет. Постојат многу различни интерпретации на симболите, како и
правила за тоа како треба да се одвива гледањето на кафе. Но, има и неколку општоприфатени
значења на оние симболи кои најчесто се појавуваат во нашите шолји.
И покрај тоа што може секој ден да се гледа на кафе, се верува дека е најдобро тоа да
биде во вторник и петок, како и да се избегнува недела и деновите на верските празници.
Исто така се верува и дека е подобро да се гледа претпладне отколку попладне.
Никогаш не додавајте дополнителна количина кафе, вода или талог во вашата шолја пред
гледањето. Исто така не ја вртете шолјата повеќе пати, со цел да имате повеќе фигури во
неа. Најправилно е да ја поклопите со тацната и потоа во еден потег да ја превртите.
Откако ќе го сторите тоа, почекајте барем 10 минути да се исуши талогот, пред да почнете
со гледањето.
Само на една личност ѝ е дозволено да гледа во шолјата, и истата треба сама да го заврши
гледањето до крај.
Ангел – Среќна случка во вашиот дом, принова, ненадеен финансиски успех, наследство.
Бик – Доколку личноста е женско, некој нападно ѝ се додворува и не знае како „да го откачи“,
додека пак ако личноста на која ѝ се гледа е машко – не губете го времето со девојка која не е
слободна.
Жена – Доколку е во горниот дел од шолјата, среќа. Ако се наоѓа во долниот дел, претставува
љубомора.
Клуч – Ќе ви помогне постар господин во работата што неодамна сте ја започнале. Успешно
разрешување на некој проблем.
Коњ – Ви престојат големи љубовни авантури. Добивка, пријателство, искрена љубов, верност.
Лав – Ќе ја здобиете довербата на некоја угледна личност. Пазете се од луѓе што многу лесно
ветуваат.
Мачка – Кавга во фамилијата поради пари. Ќе запознаете многу интересна личност. Имате некое
лажно пријателство за кое не сте свесни.
Мост – Ќе барате помош од истиот пријател кој го барал тоа од вас во минатото. Брз успех и
исполнување на желба.
Значењата на броевите
4 – Разговор.
7 – Нова љубов (ако седмицата е без црта), обновување на стара љубовна врска која ќе заврши на
истиот начин (ако седмицата е со црта).
Д – Себичност.
Е – Самодоверба.
З – Темпераментност.
Ѕ – Оргиналност.
Н – Благородност.
О – Егоист.
П – Умереност.
У – Тврдоглавост.