You are on page 1of 3

50 животни лекции на жена која поминала низ пеколот за да дојде до бајка на јаве:

„Не штедете ништо за посебни прилики. Денес е посебна прилика. Животот не е


секогаш фер, но е добар“
Реџина стана позната на 45-годишна возраст, кога нејзината колумна „45 лекции на кои
ме научи животот“ стана светски позната, по што напиша дури шест книги и стана еден од
најбараните светски гуруа и мотиватори. Таа вели дека една од нејзините омилени лекции
во животот, која повторно и повторно се покажува како вистинита, е прилично
едноставна: „Најдоброто допрва доаѓа“.
А ние ви пренесуваме уште 50 кратки, но моќни цитати од лекциите на оваа
авторка кои ја туркаа напред и во најтемните времиња:
*Животот не е фер, но сепак е добар.
*Кога се сомневате, само направете уште еден мал чекор напред.
*Животот е премногу краток за да губите време мразејќи некого.
*Не се сфаќајте премногу сериозно. Никој друг не го прави тоа.
*Отплаќајте ги вашите кредитни картички секој месец.
*Не мора да победувате во секоја дебата. Се согласувам, да не се согласувам.
*Плачете со некого. Тоа е повеќе лековито отколку да плачете сами.
*Во ред е да се лутиш на Бога. Тој може да се справи и да го разбере тоа.
*Штедете за старите денови, почнувајќи од првата плата.
*Кога станува збор за чоколадо, отпорот е залуден.
*Помирете се со вашето минато, за да не ја расипете сегашноста.
*Во ред е да дозволите вашите деца да ве видат како плачете.
*Не го споредувајте својот живот со туѓ. Немате поим како изгледа она низ што поминале
тие.
*Ако врската мора да биде тајна, вие не треба да бидете во неа.
*Сè може да се смени додека да трепнеш. Но, не грижете се, Бог никогаш не трепнува.
*Животот е премногу краток за долги епизоди на жалење. Биди зафатен со животот или
биди зафатен со умирање.
*Можете да поминете низ секоја ситуација ако останете присутни во моментот.
*Писателот пишува. Ако сакате да бидете писател, пишете.
*Никогаш не е доцна за среќно детство.
*Кога станува збор за барање на она што го сакате во животот, не прифаќајте не како
одговор.
*Запалете свеќи, користете убава постелнина, носете елегантна долна облека. Не ги
чувајте за посебни прилики. Денес е посебна прилика.
*Бидете ексцентрични сега, не чекајте на старост да носите виолетова боја.
*Најважниот полов орган е мозокот.
*Никој не е задолжен за вашата среќа освен вие.
*Подгответе се добро, а потоа - како ќе биде, така нека биде.
*Дочекајте ја секоја таканаречена катастрофа во вашиот живот со зборовите: „Дали ова ќе
биде важно за пет години?
*Простете им на сите.
*Секогаш избирајте го животот.
*Што другите луѓе мислат за вас не е ваша работа.
*Времето лечи речиси сè. Дајте му време на времето.
*Без разлика колку е добра или лоша ситуацијата, таа ќе се промени.
*Вашата работа нема да се грижи за вас кога сте болни. Вашите пријатели ќе се грижат.
Одржувајте контакт.
*Верувај во чуда.
*Бог те сака затоа што е Бог, а не поради нешто што си направил или не.
*Сè што не те убива навистина те прави посилен.
*Стареењето ја победува алтернативата - да умреш додека си млад.
*Вашите деца имаат само едно детство, нека биде незаборавно.
*Прочитајте ги псалмите. Тие ја покриваат секоја човечка емоција.
*Излегувај секој ден. Чудата ве очекуваат насекаде.
*Ако ги фрливме нашите проблеми врз толпата и ги земаме нивните проблеми, ќе си ги
грабневме нашите назад.
*Не го осудувајте својот живот. Покажете се‘ и искористете се‘ што можете сега.
*Ослободете се од се‘ што не е корисно, убаво или радосно.
*Сè што е важно на крајот е дека сте сакале.
*Зависта е губење време. Веќе имате се‘ што ви треба.
*Најдоброто допрва треба да дојде.
*Земете длабок здив, тоа го смирува умот.
*Без разлика како се чувствувате, станете, средете се и појавете се.
*Ако не прашаш, не добиваш.
*Допринесувајте.
*Животот не доаѓа со машна, но сепак е подарок!

You might also like