You are on page 1of 10

Мајка Тереза

Живот и дело
Скопјанката Гонџа Агнес Бојаџиу е родена
на 26 август 1910. Нејзината куќа се
наоѓала на местото на плоштадот
Македонија во Скопје. Таа потекнува од
хумано смејство кое сметало дека треба да
се помогне на секој кој му треба помош.
На 18 годишна возраст, носена од желбата
да стане мисионерка, таа го напушта својот
дом во Скопје и решава да замине во
Даблин, Ирска. Таму го добила името Мајка
Тереза. Потоа ја продолжила својата мисија
во Калкута, Индија. Работела како учителка,
но исто така била и директор на тамошното
училиште „St. Mary`s school“.
Во 1946 година го добила тој вдахновен
Божји повик да им помага на сиромашните
и на болните. Исто така, во однос на своите
хумани дела, Мајка Тереза е
идентификувана со Исус Христос. Особено
поради нејзината порака:
„Светот не е гладен за леб, туку уште
повеќе за љубов„
Прашање: Што мислите за животот на
Мајка Тереза?
Добитничка на многубројни награди

Мајка Тереза е добитничка на многу награди


и признанија од страна на индиските,
американските претседатели итн. Како
најзначајни награди се издвојуваат:
Наградата за мир од страна на Папата Јован
Павле VI, доделена на 6 јануари 1971 година
и Нобеловата награда за мир, која Мајка
Тереза ја добива на 10 декември 1979 година.
Последните денови
Мајка Тереза умира во Калкута во септември
1997 година, со најголеми почести. Успеала
навистина да привлече внимание поради
нејзината хуманост и несебична љубов. На
нејзината надгробна плоча стои следниот
епитаф:
„Сакајте се еден со друг, како што ве сакав
јас“
Во нас треба да постои должност да
правиме добро секогаш, секаде и секому!
Молитвата на Мајка Тереза
„Човекот е неразумно, себично суштетсво“. Не е
важно, сакај го!
„Ако правиш добро ќе ти речат дека го правиш од
саможиви цели.“ Не е важно. Прави добро!
„При остварувањето на своите цели ќе сретнеш
лажни пријатели и јавни непријатели.“ Не е важно,
остварувај ги своите цели!
„Доброто што го правиш ќе биде заборавено утре.“
Не е важно, продолжи да правиш добро!
„Заради чесноста и искреноста ќе бидеш ранлив“.
Не е важно, биди чесен и искрен!
„Она што си го создавал со години може да биде
разурнато во еден миг.“ Не е важно создавај!
„Ако им помагаш на луѓето, можеш да минеш
лошо.“ Не е важно, помагај им!
„Му го даваш на светот најдоброто, а тој ќе ти
возврати со удари.“ Не е важно, давај го
најдоброто од себе!

прашање: Како би ја искоментирале молитвата


на Мајка Тереза? Дали Ви се допадна?

You might also like