You are on page 1of 2

Религијата и етиката

Во историјата на секој народ, религијата е првата, основна


вредност од која се развива тој самиот. Етиката пак, ја
сметаме за најважниот дел од човековиот живот.
Спознавањето на доброто и злото е суштината на етиката.
Етиката е основа на секоја религија. Според ова, секојa
религија поучува за доброто и ги следи моралните норми.
Етиката ни помага да гo најдеме правецот во животот
(правиот пат).
Етиката ни покажува дека во животот може да се
однесуваме добро, за да се почувствуваме добро, значајно и
корисно.
- Што означува првобитното суштество?
Бог е извор на Добрина, но е и извор на строгост. Бог
нѐ заштитува, но истовремено е и строг кон нас.
Во грчката и римската митологија, боговите не биле
апсолутно добри (кај нив понекогаш се појавувале и
човечки чувства, како на пример завист, љубомора,
потсмев итн.)
Голем број светски религии ја нагласуваат моралната
страна на човекот.
-Треба да се отфрла злото, како нешто некорисно и
неприфатливо. Доброто е спротивност на злото, она
нешто кон кое треба да се стремиме.
-Во етиката постојат морални закони (пишани и
непишани норми). Моралните норми ни помагаат во
регулирањето меѓучовечките односи.

You might also like