You are on page 1of 5

РЕЛИГИЈА

Граѓанско образование
ШТО Е
РЕЛИГИЈА?
Религија, спорен поим што некогаш се користи
како синоним за вера, се определува како верба во
нешто натприродно, свето или божествено, како и
моралните кодови, обичаи и установи поврзани со
таа верба. Во најширока смисла, некои го
определуваат поимот како целосна сума на
одговори дадени како објаснување за врската на
човештвото со вселената. Низ вековите се имаат
создадено огромен број на религиозни форми, но
денес, низ светот доминираат само неколку големи
светски религии. може да се дефинира и као
друшвена појава која подлежи на некои одредени
закони,и може да се согледа како духовна
поврзаност на една група на луѓе со некое вишо,
свето битие односно со Бог/ Божество.
ПОТЕКЛО НА РЕЛИГИЈАТА
Постојат три основни групи на теории на религијата:

Религијата е изум на една (обично владеачката, привилегираната) група на луѓе како средство за заштита, и ваквиот облик на
религија според оваа теорија се јавува во првобитната човекова заедница како последица на човечкото увидување дека многу
работи во природата се случуваат без негова волја, и дека човекот како човечко суштество не може да влијае на тие појави ниту
пак да ги измени или контролира колку и да се труди, а во ваквите појави најчесто спаѓаат: поплавите, сушите, грмежите,
громовите и сл. Според горенаведената теорија, човекот дошол до идеја за постоење на виша сила која влијае на истото. и на то ј
начин настанале првите облици на богови кои симболизирале единствена моќ кои суверено владеат со човековото постоење.
Човекот настојувал да им оддаде чест со молитва и жртвување што е одлика на природните религии: анимизам, фетишизам,
тотемизам, браманизам, будизам, конфуцијанство и мухамеданство.
Според втората група на теории, религијата е трајна егзистенцијална одлика на човекот, а според оваа теорија човекот е во
комуникација со бог уште од своето постоење, кои во текот на историјата привремено го изгубил пагајќи во паганство кое
повторно се воспоставува со Откровението Божјо - откривање односно јавување во светот, и како Откриени религии' се сметаат
јудаизмот и христијанство.
Според третата група на теорија, религијата е човечка склоност према суеверија која произлегла од недоволното познавање на
вистинската природа на нештата.
Ерих Фром смета дека на почетокот од човечката историја, иако бил исфрлен од првобитното единство со природата, човекот
продолжил да се држи до тие примитивни врски, т.е. преку врските со природата човекот ја обезбедувал својата сигурност. Токму
примитивните религии, во кои човекот сочувствува со растенијата и со животните, го отсликуваат неговиот стремеж да го одржи
единството со природата. Оттука, во првобитните религии, животното е преобликувано во тотем, човекот носи животински маски
при религиските свечености, а човекот го обожува животното како Бог. Во подоцнежните фази од историскиот развој, кога се
развиле занаетчиската и уметничката вештина, кога човекот повеќе не бил зависен од даровите на природата, тој ги преобратил
производите на својата рака во божества. Во оваа фаза, човекот ги обожавал предметите изработени од глина, сребро или злато.
На тој начин, човекот ги проектирал своите сили и способности во предметите што ги изработил, т.е. своите творби ги обожавал во
отуѓен облик. Најпосле, во уште подоцнежната фаза, човекот им дал на божествата човечки лик, а тоа се случило која тој станал
уште посвесен за себе, т.е. кога открил дека тој самиот е највисокото и најблагородно „нешто“ во светот. Во оваа фаза,
обожувањето на антропоморфниот бог има две димензии: едната се однесува на женската или машката природа на боговите, а
втората на степенот на зрелоста кој го достигнал човекот. Во оваа фаза од историскиот развој, најпрвин постоела матријархална
фаза на религијата во која највисокото божество е мајката, а дури потоа се развила патријархалната фаза во која се појавил
богот-татко.
ПОДЕЛБА НА
РЕЛИГИИТЕ
Постојат два вида на религија: политеистички религии и
монотеистички религии. За политеистичките религии
(грчки: poli - повеќе, многу и theos - бог) карактеристично е
верувањето во повеќе богови, различни божества кои
владеат во различни сектори на природно и човечко
делување. Политеизмот е карактеристичен за старите,
природни, пагански религии, и тие се повеќе ритуални,
обредни отколку теориски. Тие не тежнеат кон ширење за
разлика од монотеистичките. Најзначајни стари религии
религии се: египетска религија, старогрчка религија,
римска религија, одинизам, а и речиси сите народи на
територијата на Европа пред да го прифатат
Христијанството исповедале различни пагански, природни,
политеистички религии, кои денеска се исчезнати, со
исклучок на хиндуизмот и племенските религии на тлото на
Африка.
БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО!

Ученик: Давид Лебанов


Се надеваме дека ви се Ментор: Стефанија
допадна Темелковска
презентацијата! Графички дизајн: Марко
Гавриловски

You might also like