You are on page 1of 4

Христијанство 

— монотеистичка религија заснована врз животот,


учењата и делата на Исус Христос, според раскажувањата
во Новиот завет.

Со 2,5 милијарди верници, христијанството е


најраспространетата религија. По потеклото, таа е сродна
со јудаизмот, со кој дели религиозни текстови и својата рана
историја; поточно, заеднички за двете религии се Хебрејската
Библија, која во христијански контекст е позната како Стар завет.
Христијанството се смета за аврамска религија, заедно
со јудаизмот и исламот.

Во светото христијанско писмо, поимот „христијански“, а така и


„христијанство“ најпрвин се посведочило во Дела 11:26: „Цела
година се среќавале во црквата и учеле многу луѓе. И кај
Антиохија учениците на Исус биле наречени христијани“ (Гр.
χριστιανους, од Христос Гр. Χριστός, што значи „миропомазаниот“).

Во рамките на христијанството постојат разни групи со разни


верувања кои прилично се разликуваат од култура до култура и од
место до место. Од времето на реформацијата, христијанството се
дели на три главни гранки:

 Католицизам: Римокатоличката црква, најголемата од сите —


во која се вбројуваат неколку Источно Католички заедници —
како и помали заедници (како на пр. Старокатолици), со повеќе
од една милијарда крстени членови.
 Источно Христијанство: Источно Православни
цркви, Асирската црква и Православните цркви, со вкупно
членство од 240 милиони крстени членови.
 Протестантство: Разни називи и групи
како Англиканци, Лутеранци, Реформисти, Евангелисти, Харизма
тици, Презвитеријанци, Баптисти, Методисти, Анабаптисти и Пен
текостици. Најстарата од овие групи се одвоила од
Римокатоличката црква во XVI век со протестантската
реформација. Подоцнежните групи се оформиле како
одвојувања од постарите. Некои протестанти едноставно се
декларираат како христијани или преродени христијани. Други,
особено во англиканството и неолутеранизмот, се декларираат
како „и католици и протестанти“. Вкупно во светот ги има 500
милиони.

Други цркви кои се самонарекуваат „христијански“, но се


оддалечуваат од горенаведената класификација бројат 275
милиони членови. Овие се африканските домородечки цркви со 110
милиони членови (проценките прилично варираат), Мормони) со
повеќе од 12 милиони членови, Јеховини Сведоци со 6,6 милиони
членови и други групи. Основоположниците на овие групи сите
првобитно биле протестанти.

Овие генерални поделби не подразбираат едногласност. Напротив,


некои гранки се соочуваат со огромни внатрешни несогласувања,
додека во други случаи постојат симпатии помеѓу две различни
групи. И покрај тоа, ова е стандарден преглед на разликите,
особено според погледи

Ова е верувањето дека Бог е единствено и вечно битие кое се


состои од три засебни, вечни и неделиви личности: Отецот, Синот
(Исус) и Светиот Дух.
 Спасител: Најголемиот дел од христијаните го сметаат Исус
за месија чие раѓање било пророчено во Стариот завет.
 Исус Христос како Бог: Ова е верувањето дека Исус е и
наполно Бог (боженствен) и наполно човек: две природи во една
личност, опишани во Халкидонската вероисповед. Како човек, се
верува дека Исус бил смртен; Страдал од болките и
искушенијата на смртниот човек. Значајно е дека Тој можел да
умре. Бидејќи бил боженствен, Тој можел да продолжи да живее.
 Распетие и воскресение: Ова е верувањето дека Исус умрел
на Крстот, воскреснал и се воздигнал во Небесите по
обраќањето на неговите ученици и апостолите.
 Исус Христос и спасението: Ова е верувањето
дека спасение од „грев и смрт“ се достигнува преку ликот и
делото на Исус. Протестантите, католиците и православните
нудат објаснение за тоа како изгледа спасението. Најголемиот
број на христијани го толкуваат спасението како можност за влез
во рајот (и избегнување на пеколот) по смртта, иако некои
теолози не се согласуваат. Прашањето: „кој ќе е спасен“ веќе
долго претставува темна мистерија за многу теолози, иако
најголемиот број на протестанти сметаат дека прифаќањето на
Исус како Господ и Спасител е релативно прост проблем.
 Второ доаѓање: Ова е верувањето во „општо восресение“, во
кое сите луѓе што било кога живеле ќе станат од мртвите
на крајот на светот за да им биде судено од Исус кога ќе се
врати.
 Задгробен живот: Христијанските гледишта за задгробниот
живот обично подразбираат рај и (донекаде не толку
често) пекол, со тоа што Католицизмот додава и меѓуваријанта
- чистилиште. Освен за чистилиштето (чии жители ќе влезат во
рајот по нивното прочистување), овие „царства“ обично се
сметаат за вечни. Меѓутоа, кај православните постои дебата на
оваа тема. Генерално нејасно е дали задгробниот живот почнува
непосредно по смртта или по судниот ден; и дали овој задгробен
живот подразбира физичко воскресение (и претворање во
духовен облик). Најголемиот број на христијани сметаат дека
свеста и душата продолжуваат да живеат по смртта,
иако Јеховините сведоци, меѓу другите, велат дека
добросторителите се прераѓаат одново, додека злосторнизите
воскреснуваат на судниот ден.

You might also like