You are on page 1of 29

УНИВЕРЗИТЕТ “СВ.

КИРИЛ И МЕТОДИЈ”
ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ
Институт за историја на уметност

Предмет: Социологија на културата


СВЕТСКИ РЕЛИГИИ
-Семинарска работа-

Студент Ментор
Димитриевска Марина Проф. Д-р Антоанела Петковска

Јуни 2016
СКОПЈЕ
ВОВЕД

Во текот на целата историја луѓето се свртувале кон верата, или кон некои други
верувања. Таквите верувања нудат објаснување за непознатите работи во животот на
човекот, во природата и универзумот. Верата за многу луѓе е нешто најважно во
животот, за некои таа е малку повеќе од општествен договор. Има и такви луѓе кои ја
отфрлиле официјалната вера, свртувајќи се кон моралните начела во чие средиште е
човекот.

Религијата се дефинира како верба во нешто натприродно, свето или


божествено, како и моралните кодови, обичаи и институции поврзани со таа верба. Во
најширока смисла, некои го дефинираат поимот како тотална сума на одговори дадени
како објаснување за врската на човештвото со вселената. Низ вековите се имаат
создадено огромен број на религиозни форми, но денес, низ светот доминираат само
неколку големи светски религии. Може да се дефинира и како друштвена појава која
подлежи на некои одредени закони и може да се согледа како духовна поврзаност на
една група на луѓе со некое вишо, свето битие односно со Бог/ Божество.

2
ПОТЕКЛОТО НА ВЕРАТА

Првите вери им помогнале на луѓето да го разберат светот околу себе. Некои


верувања, по преиспитувањето и повторното одгатнување, довеле до појавување на
современите науки: на пример, верувањата во постоењето богови меѓу ѕвездите
воделе кон појавување на астрономијата. Многу вери имале објаснувања за
создавањето на човекот, за тоа што се случува по смртта и што носи несреќа.
Правилата за секојдневниот живот – особено што може да се јаде, со кого може да се
стапи во брак – се смислени за да се зачува здравјето на луѓето и да се создадат здрави
семејни заедници.

Преданијата за предците, пренесувани од едно на друго поколение,


придонесувале за засилување на чувството на поврзаност во самата заедница.

ВЕРИТЕ ВО СВЕТОТ

Повеќето вери се развиле во посебни заедници или меѓу мали групи луѓе
собрани околу некое заедничко верување. Меѓутоа, неколку вери ги примиле
најмоќните луѓе на своето време и ги прошириле многу подалеку. Така, во III век п.н.е.
индискиот владетел Ашока станал будист. Се откажал од војните и во својата земја
вовел правила, што се засновале врз почитувањето на сите облици на живот. Пратил
мисионери и во други земји, вклучувајќи ги Шри Ланка, Мјанмар (Бурма), Кина, па се
до Грција. Христијанството во IV век од н.е. станало официјална религија на Римското
Царство; оттогаш војниците и трговците го ширеле низ целото царство. Почнувајќи од
VII век, муслиманите од Арабискиот Полуостров се прошириле во Јужна Европа,
северна Африка и во Азија.

Со развојот на трговските патишта и откривањето нови територии (како Северна


и Јужна Америка), многу вери се прошириле во целиот свет. Некои групи, како што се
зороастријанците, не ја ширеле својата вера надвор од својата заедница, а други, на
пример христијаните и муслиманите, настојувале да преобратат што повеќе луѓе во
својата вера.

3
ВЕРИТЕ ДЕНЕС

Верите се уште имаат милиони верници. Многу луѓе во западните земји се


откажаа од верата, а други се вратија, како кон нешто што ќе ги води во животот и ќе
им даде сила да се соочат со секојдневието. Најекстремните верници, наречени
фундаменталисти, основаат заедници во кои владеат строги верски закони.
Неколкумина од нив настојуваат со сите средства да ги наметнат своите убедувања во
целиот свет, вклучувајќи го и употребувањето сила, па дури и тероризам.

Многу членови на традиционалните заедници се уште се придржуваат кон


прастарите верувања дека луѓето се во непосредна врска со природата и со светот на
духовите. Тие сметаат дека сето тоа што не окружува, дури и каменот и водата, има
своја душа. Ова верување е анимизам, кој некогаш ги вклучува и обредите на
шаманите. Тоа се луѓе кои воспоставуваат врска со духовите или патуваат во светотна
духовите за, на пример, да ги излекуваат болните.

Потребата за верување и натаму е голема, дури и кај луѓе кои не се следбеници


на организираните вери. Некои се припадници на секти – разграноци на некои вери,
како што се мормоните и Јеховините сведоци, чии верувања произлегуваат од
христијанството. Други се припадници на сосема нови вери, како што се саентологијата
или растафаријанизмот.

Верата некогаш може да биде причина за проблеми. Некои членови на


заедницата, особено жените, некогаш се во многу лоша положба. Нетрпеливоста кон
другите вери може да доведе до судири. Извесен број верници ги отфрлаат научните
поставки; на пример, креационистите ја отфрлаат теоријата за еволуцијата. Поради
овие причини, милиони луѓе се приврзаници на недуховни убедувања. Тие некогаш се
свртуваат кон атеизмот, кој отфрла какво било верување во Господ; кон
агностицизмот, каде се тврди дека не можеме да знаеме дали Господ постои или не;
кон хуманизмот, во кој важи начелото дека моралноста пред се е работа на човечката
одговорност, отколку духовно прашање.

4
СВЕТСКИ РЕЛИГИИ

Сите вери даваат насоки за човечкиот живот и начин на размислување. Нивни


две најважни улоги се да ја определат вредноста и местото на луѓето во светот и да ги
учат луѓето како да се однесуваат кон другите луѓе; таканареченото “златно правило”,
што постои во низа вери и други морални системи, е најјасен пример на тие учења. Се
уште заедничко за многу вери е и еден облик на дисциплина што е содржана во
молитвите и обредите, како и митовите и легендите, чија цел е да забавуваат, но и да
ги објаснат таинствените појави. Обележјата на некоја вера може да продолжат да
постојат и по гаснењето на самата вера; на пример, во западните земји, дури и луѓето
кои пред други не покажуваат знаци на верување, некогаш учествуваат во славењето
на верските празници, како што е Божиќ.

МОРАЛНИ УПАТСТВА

Основен составен дела на верските и неверските морални системи е потребата


да се однесуваме кон другите со почитување. Овој став е јасно покажан во “златното
правило”. Се искажува како: ”Биди кон другите таков како што би сакал другите да
бидат кон тебе” или “Не прави му го на друг тоа што не сакаш другите да ти го прават
тебе”. Ова начело ги наведува луѓето да се стават на местото на некој друг. Целта на
тоа е да се поттикнува обѕирноста, чесноста и довербата, како и да се ограничи
злоупотребувањето на моќта. “Златното правило” првпат се појавило во древните
учења, почнувајќи од конфучијанизмот и хиндуизмот, па до верувањата на
американските Индијанци, а е основно начело во христијанството. Тоа довело до
сфаќањето дека сите луѓе се подеднакво важни и дека секој има право на праведен
однос, полн со почитување. Денес, ова начело е составен дел на Општата декларација
за човековите права на Обединетите нации.

НАЧИНИ НА ОБОЖАВАЊЕ

Во многу вери, групните активности, како што се јавните обреди, свечености и


поклоненија, се важни не само за повторно потврдување на верата, туку и за

5
зацврстување на врските во заедницата. Обредот е повторување на церемонијална
низа од дејства што се извршуваат за време на молитва или верски празници. Некои
луѓе кои дури и не се верници, самите сфаќаат дека постои потреба за одбележување
на посебни настани, како што се венчавањето или давањето име на бебето.
Свечености се одржуваат за верски празници или за да се одбележат некои други
важни датуми, како што е Нова година. Поклонението е патување до светите места:
преку напорот што се вложува при самото патување се става на проба силата на нечија
вера. Потфатите, како што е постоењето, исто така, може да бидат направени како
проверување на преданоста кон верата. Молитвата и медитацијата се облици на
духовна дисциплина кои се повеќе лични. При молитвата му се обраќаме на Господ.
Луѓето обично се молат за да побараат проштавање за своите гревови, да се
заблагодарат за благослов или да ги совладаат духовните проблеми. Медитацијата
подразбира смирување и сосредоточување на умот за ослободување од секојдневните
грижи.

МАГИЈА И ПРОРОКУВАЊЕ

Во древните општества луѓето ја користеле магијата за да воспостават врска со


духовите или за да влијаат врз некои настани, а со пророкување се занимавале за да
дознаат што ги чека во иднина. Магијата има два облици: при првиот облик гатањето
се врши на предмет што бил во допир со личноста или предметите на кои се однесува
магијата, а вториот облик подразбира користење предмети што личат на оној на кого
му се гата. Пророкувањето опфаќа предвидување на иднината од појавите, како што е
движењето на ѕвездите и планетите (астрологија), или методи, како користењето
тарот-карти. Магијата и пророкувањето се уште се користат во традиционалните
заедници, на пример во Сибир, и од луѓе кои имаат неопагански верувања. Меѓутоа,
тие се забранети во некои вери, како што се јудаизмот и христијанството, каде од
верникот се бара да се потчинува на Божјата волја. Луѓето со рационални гледишта,
како што се атеистите, исто така, може да не ги одобруваат. Многу луѓе кои малку се
интересираат за официјалната вера, сепак наоѓаат духовна содржина, или само забава,
во активностите како што е астрологијата.

6
МИТОВИ И ЛЕГЕНДИ

Приказните што се однесуваат на натприродните појави се нарекуваат митови и


легенди. Тие претставуваат начин на кој општествата ги пренесуваат своите начела и
верувања. Некои објаснуваат како е создаден универзумот и од каде потекнува
човекот. Други се занимаваат со видовите карактери. Еден вид е јунак, како што е
Херакле (Херкул), кој прави јуначки дела. Вториот вид е мудар човек, како што е
Ваинамоинен во финската митологија. Третиот вид е итар човек, како што е пајакот
Ананси во западна Африка, кој со својата итрина ги залажува своите непријатели, па
дури и боговите. Во најстарите верувања, учењата за духовноста и за самото општество
може да бидат раскажани како легенди. Митовите може да продолжат да живеат во
светите книги на некои вери. Во келтската легенда, на пример, кралот Артур е поврзан
со приказната за светиот грал, пехар кој, според преданието, го употребувал Исус за
време на последната вечера. Потребата по светиот грал, во средновековното
христијанство, била симбол на стремежот на душата кон чистота. На луѓето и денес им
се омилени приказните што имаат митски теми, од будистичките приказни за Царот на
мајмуните, па до Господарот на прстените.

СВЕТСКИ РЕЛИГИИ

ХРИСТИЈАНСТВО

 Време на основање: I век од н.е.

 Број на следбеници: две милијарди

 Распространетост: Во целиот свет, особено во Европа, Северна и Јужна


Америка, Јужна Африка, Австралија.

Христијаните веруваат дека Исус, Евреин роден во древна Палестина околу 4


година п.н.е., бил син Божји, но и човек во вистинска смисла на тој збор. Исус е дел од

7
светото тројство, составено од Господ, како татко, синот и Светиот дух. Тој ги учел
луѓето да го сакаат Господ и да се грижат за другите, вклучувајќи ги сиромашните,
болните и луѓето отфрлени од општеството. Исус поради своето учење се судрил со
еврејските и римските власти, па бил распнат на крст. Христијаните веруваат дека
воскреснал и дека со својата смрт ги искупил гревовите и човештвото.

Христијанствотое најголема религија во светот. Иако има илјадници облици на


христијанство (деноминации), сепак најмногу има римокатолици (околу 1,2
милијарди), протестанти (360 милиони) и православни христијани (170 милиони).
Православната црква е најстара; основана е во Константинопол (денешен Истанбул), со
седишта во Грција, Русија и Источна Европа.

Римокатоличкото христијанство потекнува од 1054 година од н.е., кога


западниот разгранок на црквата (со седиште во Рим) се одвоил од источниот,
православниот дел. Протестантизмот се развил во XVI век, како некој вид отпор кон
католичката традиција. Се заснова врз сфаќањето дека луѓето се во блиска врска со
Господ, што било во спротивност со хиерархијата на свештениците во католицизмот.
Многу луѓе, особено римокатолиците, ја почитуваат Богодорица, мајката на Исус,
Марија.

Светците, исто така, се предмет на обожавање. Во нивните редови се


апостолите, кои Исус ги избрал да му помогнат во ширењето на неговите пораки;
маченици, кои умреле за своите убедувања; и луѓе кои на христијанството му го
посветиле својот живот.

Христијанската библија е составена од Стар завет (еврејска библија) и Нов


завет, кој е најважната света книга на христијанството. Неговите најважни поглавја се
Евангелијата според Матеј, Марко, Лука и Јован, кој го претставуваат животот и делото
на Исус.

Христијанските празници го одбележуваат споменот на настаните од животот


на Исус; најголемите го одбележуваат неговото раѓање (Божиќ), смртта (Великипеток)
и Воскресението (Велигден). Освен тоа, неделата е ден предвиден за одење во црква.
Припадниците на најстарите христијански цркви, а особено католиците, присуствуваат
на богослужбата и се причестуваат со леб и вино, кои го симболизираат телото и крвта

8
на Исус. Овој обред произлегува од последната вечера на која бил Исус, непосредно
пред својата смрт, заедно со своите апостоли кога ги замолил да земат леб и вино за
спомен од него. Најсвети места се Витлеем, местото на раѓање на Исус, и Ерусалим,
каде умрел. Други центри се Истанбул за православните христијани и Ватикан за
римокатолиците.

Христијанството извршило големо влијание на културата во светот. Во IV век од


н.е. станало официјална религија на Римското Царство. Во текот на наредните 1500
години, се проширило во целиот свет. Во средновековна Европа, центрите каде се
изучувала религијата, исто така, ги зачувале и учењата на древните Грци и Римјани.
Покровителството на државата, во содејство со верата, го инспирирале создавањето на
некои од најдобрите дела во уметноста, музиката, литературата и архитектурата.
Освен тоа, и денешните закони и етика, се засновани врз некои христијански начела.

ИСЛАМ

 Време на основањето: VI век од н.е.

 Број на следбеници: околу 1,2 милијарди

 Распространетост: во целиот свет, особено на Блискиот Исток, во Северна


Африка, Средна и Југоисточна Азија.

Исламот е создаден во VI век од н.е. на Арабискиот Полуостров. Муслиманите


веруваат дека Алах пратил различни пророци, вклучувајќи го и Аврам, Мојсеј и Исус,
да ги учат луѓето на исправен начин на живеење, но нивните напори, главно, не дале
плод. Алах тогаш го избрал последниот и најголем пророк Мухамед, и направил да
доживее низа откровенија. Овие учења се запишувани и така е создаден Коранот.
Бидејќи се смета дека Коранот е вистински божји збор, муслиманите го читаат во
изворен облик, на арапски јазик, дури и кога тој не е нивен мајчин јазик. Муслиманите,
исто така, се повикуваат и на записите наречени хидисима (кажувања на пророкот).

9
Мухамед е роден во Мека околу 570 година од н.е.. Ги доживеал првите
откровенија кога имал околу 40 години. Почнал да проповеда во Мека, но пред
прогоните, бил принуден да побегне во Медина; муслиманскиот календар почнува со
сметање на времето од датумот на неговото бегство или хиџра. Мухамед, на крајот, се
вратил во Мека, а тој град и денес е средиште на исламот. Зборот “ислам” на арапски
јазик значи “покорување” и е одраз на фактот дека Коранот ги учи луѓето да му се
покоруваат на Алах. Верата владее во сите области на животот. Нејзините основни
обележја се познати како Пет столбови. Првиот е шехадет: свечена изјава “Нема друг
Господ освен Алах; Мухамед е негов пророк”. Вториот е салат (молитва). Муслиманите
се молат 5 пати на ден. Тие можат да се молат секаде, но секогаш свртени кон Мека.
Многумина, исто така, присуствуваат на молитвите, кои во петок се одржуваат во
џамиите. Третиот столб е саум (постење) во текот на Рамазан, деветтиот месец во
муслиманската година. Луѓето во текот на денот се воздржуваат од јадење, пушење,
пиење и полови односи. Целодневното постење завршува по заоѓањето на сонцето, со
јадење наречено ифтар, а на крајот на месецот се одржува свеченоста Еид ал-фи-тр.
Четвртиот столб е закат, каде луѓето даваат одреден дел од своите годишни приходи
за добротворни цели. Петтиот столб е хаџ (поклонение во Мека), што секој муслиман
настојува да го направи во животот. Постојат два основни облици на ислам.
Следбениците на доминантниот облик, сунитите, преовладуваат во повеќето
муслимански земји. Шиитите, кои припаѓаат на вториот облик на ислам, главно се
застапени во Иран и Ирак.

Исламот дал голем придонес во светската култура, особено од VIII до XIII век.
Што се однесува на уметноста, најмногу траги оставил во калиграфијата, литературата
и архитектурата. Учените муслимани верувале дека со нивното занимавање со наука
се продлабочува разбирањето на Алах. Го наградиле учењето на древните Грци и
Римјани, придонесувајќи за големиот напредок во областа на математиката, науката и
филозофијата.

БУДИЗАМ

10
 Време на основањето: VI-V век п.н.е.

 Број на следбеници: 360 милиони

 Распространетост: во светот, но главно во Тибет, во Непал, Монголија, Кина,


Јапонија, Шри Ланка и во Југоисточна Азија (официјална религија во Тајланд и
во Бутан)

Будистите се следбеници на учењето на принцот Сидарта Гаутама, или Буда


(“просветлен”). Принцот Сидарта е роден во североисточна Индија околу 560 година
п.н.е.. Доживеал просветлување уште во својата младост. На тој пат ја спознал
конечната вистина дека само со надминување на себичните желби може да се
прекине циклусот на раѓање, живеење и смрт. Дошол и до спознавање на тоа што е
познато како четири возвишени вистини: универзалноста на страдањето, неговите
причини, лекот за страдањето и како да се пронајде, придржувајќи се кон “средниот
пат” на позитивни мисли и морални дела. Буда имал можност да ја достигне
нирваната, состојба во која човекот е ослободен од страдањата и копнежите, но
наместо тоа се вратил и се посветил на подучување на другите за тоа што и самиот го
научил.

По смртта на Буда се појавиле две традиции. Постара е теравадата, која е


главен облик во југоисточна Азија; таа останала верна на трипитаките (три кошници) на
учењето на Буда. Махајана, чии следбеници живеат главно на север и во источна Азија,
се појавила околу 250 година п.н.е., а опфаќа повеќе учења. Таа, исто така го нагласува
значењето на бодисатвата: тоа е оној кој ке го достигне самиот праг на нирваната, но
оттаму ќе се врати за да им помага на другите. Старешина на бодисатвата е
авалокитешвара, кој се смета дека е отелотворение на сомилоста.

Во будизмот умот се вежба за да достигне просветлување, наместо


покажувањето преданост кон боговите. Верниците оддаваат почест на ликот на Буда,
но кон него се однесуваат како кон учител, а не како кон божество.

Луѓето, исто така, принесуваат и цветни дарови, како потсетување на


минливоста на животот; придонесуваат светлина за да ја истераат темнината од умот;
и темјан кој има симболика на постојаниот мирис на спознанијата на Буда.

11
Медиатацијата е уште една важна постапка – смирување на умот, за да се проникне во
суштината. Будистите, исто така, пеат молитви или мантри (само еден збор или
реченица, која се повторува многу пати) за да ги сосредоточат своите мисли.

ХИНДУИЗАМ

 Време на основање: околу 1800 година п.н.е.

 Број на следбеници: околу 800 милиони

 Распространетост: во светот, но најмногу во Индија

Хиндуизам е најстарата религија во светот, која и денес има голем број на


верници. Се смета дека првпат се појавила меѓу луѓето кои биле делод цивилизацијата
во долината на реката Инд, во денешен Пакистан, околу 1800 година п.н.е..
Името”хинду” потекнува од името за реката Инд на санскритски јазик, Сиду. Зборот
“хиндуизам” првпат го споменуваат учените луѓе од Запад во XIX век, мислејќи притоа
на збирот од верски традиции, што постојат на Индискиот Потконтинент.

Хиндуизмот ги усвоил верувањата од многу други вери. Неговите следбеници


немаат исти верувања, но повеќето прифаќаат одредени основни начела.

Во средиштето на оваа вера се наоѓа верувањето во еден возвишен Господ


Браман, “апсолутниот”. Тој се смета за конечна вистина, нешто што постои во се во
универзумот и надвор од времето и просторот. Притоа, Браманот постои и во
човечката душа како атман (јас). Постои верување дека рајот претставува соединување
на Браман и атманот.

Браманот владее со универзумот преку тримурти, или три основни својства, а


тоа се: Брама, создавач; Вишну, заштитник; и Шива, уништувач. Тримурти се појавува
во повеќе милиони облици, како машки и женски божества, кои даваат светлина на

12
различните аспекти на Браманот. Многу луѓе обожаваат едно божество над сите други.
Повеќето го почитуваат Вишну, или еден аватар (инкарнација) на Господ – обично
Кришна или Рама. Некои верници го обожаваат Шива, а други се молат на Божицата
Мајка или на еден од нејзините облици, како Парвати или Кали.

Хиндусите обично го обожаваат своето посебно божество во својот дом, на


семејниот олтар, но понекогаш го посетуваат и во мандир (храм).

Се верува дека секоја душа минува низ самсара, непрекинат круг на смртта и
повторното раѓање. Со секој живот владее кармата: начелото за тоа дали
преовладуваат добрите или лоши дела во еден живот, ја одредува состојбата на
душата во наредниот живот. Ова кружење завршува со мокша, каде душата се
ослободува од самсарата и се соединува со Браман.

Хиндусите можат да заслужат подобар нареден живот преку дарма (“праведен


начин на живеење”). Дармата управува со целиот животен век. Семејствата ја
пренесуваат на своите деца преку правила, примери, верски приказни и митови.
Хиндусите, всушност, зборуваат за својата вера, како за Санатана Дарма (“вечна
дарма”).

Дармата, исто така, подразбира и придржување кон правилата на својата јати


(општествена каста). Кастите градат хиерархија, со брамани на нејзиниот врв и далити
(“недопирливи”) на дното. Системот на касти со закон е укинат во Индија во 1949
година, но се уште е важен за многу луѓе.

ЈУДАИЗАМ

 Време на основање: околу 2000 година п.н.е.

 Број на следбеници: 14 милиони

 Распространетост: секаде во светот, а особено во САД, Израел и Русија.

Јудаизмот е најстара монотеистичка религија (верување само во еден Бог), а


христијанството и исламот произлегуваат од него. Потеклото на Евреите стигнува до

13
Аврам, водач на едно од племињата во Месопотамија (денешен Ирак); неговиот син
Исак; и Јаков, прататко на 12 древни племиња на Израел.

Евреите веруваат дека Господ (Јахве) го избрал нивниот народ. Тие веруваат
дека Господ направил сојуз со нив, ветувајќи им дека ќе им ја даде земјата (Израел),
ако се придржуваат кон неговите закони. Тие закони му се дадени на пророкот Мојсеј,
а се запишани во Тората, која ги опфаќа првите пет книги на Танака (еврејска Библија).
Средишното место во еврејската вера го заземаат 613 закони, во кои пишува за многу
области на секојдневното живеење, почнувајќи од обредите и моралноста, па до
хигиената. Најважни се Десетте заповеди, што ги утврдуваат темелните правила за
општеството.

Домот е средиште на верското живеење. Еврејските семејства на себе ја


преземаат обврската на своите деца да им ја пренесат традицијата, како што е
јадењето кошер храна (храна што се приготвува според еврејскиот закон) и
придржувањето кон сабатот (денот за одмор). Евреите обично чувствуваат меѓусебна
поврзаност, иако постојат разлики во нивните гледишта за верата. Постојат неколку
основни облици на јудаизам, од оној кон кој се придржуваат харедимите
(најортодоксните Евреи), па до либералниот и секуларниот облик.

Во историјата еврејскиот народ бил изложен на прогони. Многу негови


припадници го очекуваат доаѓањето на Месијата (помазаниот крал), кој ќе ги оконча
војните и ќе го воведе Божјото Царство на земјата. Евреите, за разлика од
христијаните, веруваат дека тој се уште не дошол.

И покрај тоа што во светот нема многу Евреи, тие имале големо влијание врз
светската култура. Во видните претставници на овој народ, спаѓаат научникот
Маимонидес (1135-1204), физичарот Алберт Ајнштајн (1879-1955) и многу правници,
политичари, уметници и филантропи.

КИНЕСКИ РЕЛИГИИ

 Време на основање: конфучијанизмот и таоизмот потекнуваат од VI век п.н.е.

14
 Број на следбеници: 225 милиони.

 Распространетост: секаде во светот, главно во Кина и источна Азија.

Верската традиција во Кина претставува збир од четири древни вери. Таа


опфаќа “три патишта”, и тоа: конфучијанизам, таоизам (или даоизам) и будизам (кој во
Кина се проширил во I век од н.е.), заедно со тамошната народна вера.
Конфучијанизмот е етички систем, што го создал Конфуциј, или Кунг Фу Це (551-479
година п.н.е.). Овој систем се заснова врз пет начела: почитување на сите луѓе, љубов
кон семејството, великодушност меѓу пријателите, добредојде за туѓинците и
преданост кон државата. Конфуциј го застапувал учењето дека правилното
однесување кон другите, вклучувајќи го и укажувањето почит кон родителите и
предците, ќе доведе до ред во семејството, а со тоа и во општеството.

Таоизмот е заснован врз записите на Лао Це (Лао Цу) кој живеел во VI век п.н.е..
Овие записи се собрани во книгата Дао Де Јинг. Лао Це создал учење според кое тао
(“патот”) е скриена сила што се движи низ вселената и која ја контролира. Верниците
се обидуваат да се соединат со тао. Тие ја применуваат вештината ву-веи, или
“препуштање на струјата” и не се обидуваат да ги контролираат настаните, ниту да им
се противстават.

Применувањето на ова начело води кон праведно однесување, што создава


мир во човекот и светот околу него. Таоизмот се јавува и во народен облик, што
вклучува обреди за исцелување и егзорцизам, славење и трагање по бесмртноста.

Народната вера и денес е зачувана во вид на празници (особено кинеската Нова


година ) преку употребувањето амајлии и обожавање на предците. Една
традиционална вештина, здружена со народната вера, го создала фенг шуи. Тоа е
постапка на распоредување на градбите и предметите во сообразност со природната
енергија.

Кинезите некогаш го соединуваат моралниот систем на конфучијанизмот со


таоистичкото почитување на природата и будистичките верувања за душата. “Три
патишта” била официјална вера на кинеската држава над 2000 години, се до почетокот
на XX век.

15
Сите овие вери, освен будизмот, го застапуваат сфаќањето дека постојат
животни сили кои ја проникнуваат вселената. Главната сила е чи (или ки), односно
животна енергија, од која е создадено се. Чи во себе има противставени сили на јин
(пасивна енергија) и јанг (активна енергија). Се верува дека е важно да се одржува
рамнотежа меѓу јин и јанг.

СИКИЗАМ

 Време на основање: XV век

 Број на следбеници: 23 милиони

 Распространетост: во целиот свет, но главно во северна Индија

Сиките своето верување го сфаќаат како откровение од Бога (познат како Сат
Гуру, или “вистински учител”) на неговиот ученик Нанак. Зборот Сик значи “ученик”.

Гуру Нанак го застапувал учењето дека сите вери имаат една заедничка
вистина. Ја изнел доктрината за избавување, што се заснова врз непосредниот однос
со Бог, а не на обредите или хиерархијата на свештенството. Го прифатил
хиндуистичкото учење за кармата, но го отфрла системот на касти, верувајќи дека сите
луѓе се еднакви пред Бог. Гуру Нанак го застапувал сфаќањето дека побожното
живеење се заснова врз служењето за општото добро.

Имало 10 гуруа. Последниот, Гобинд Синг, ја основал Калсата (чистата


заедница), за да ги заштити Сиките од прогонувањето, на кое биле изложени од
Мугалите (муслиманските владетели). Од Сиките побарал да носат пет симболи на
приврзаност кон верата: кирпан (сабја), канга (чешел), кес (долга коса), кара (метална
нараквица) и кач (вид панталони). Сиките нив ги носат и денес.

16
Пред својата смрт, гуруто Гобинд Синг го пренел својот авторитет на светата
книга на Сиките, Гуру Грант Саиб. Книгата има мисли од гуруа и некои хиндуистички и
муслимански учители. Таа се смета за гуру и е предмет на обожавање. По еден
примерок од оваа книга се наоѓа во секој гурдвари (верски и општествен центар).

ЗОРОАСТРИЗАМ

 Време на основање: околу XII век п.н.е.

 Број на следбеници: 150 000

 Распространетост: во целиот свет, но најмногу во Иран и Индија.

Зороастризмот е најстара вера, која имала големо влијание врз сите други вери
во светот. Некои негови обележја, особено противставеноста на доброто и злото, го
усвоиле подоцнежните вери, како што е јудаизмот.

Оваа вера ја основал пророкот Заратустра (Зороастер на грчки јазик), кој живеел
во Персија (денешен Иран). Го застапувал учењето дека светот во суштина е добар, но
е заробен во постојаната борба меѓу силите на доброто, во ликот на врховниот Бог
Ахура Мазда и силите на злото, што ги претставува лошиот дух Ангра Маину. Мислите
на Заратустра се запишани во Авеста, света книга на зороастризмот.

Верниците во почетокот биле изложени на прогонувања, но зороастризмот


станал офоцијална вера на Персиското Царство во наредните 1000 години. Кога
муслиманите во VII век од н.е. го покориле Царството, новите прогонувања ги
принудиле некои верници да побараат прибежиште во Индија, каде биле наречени
Парси (Персијци). Следбениците на оваа вера се молат пет пати дневно покрај оган, кој
е симбол на праведноста. Нивните храмови, исто така, се места за молитва, пред
светиот пламен. Верниците сметаат дека нивна обврска е да го помагаат доброто,
преку мисли, зборови и дела. Затоа, многумина даваат свој придонес за заедницата,
преку добротворна работа, подучување и медицина.

17
ЏАИНИЗАМ

 Време на основање: VI век п.н.е.

 Број на следбеници: 4 милиони

 Распространетост: главно во Индија.

Џаинизмот е аскетска вера, основана во источна Индија. Во неа нема Бог


создател. Припадниците на оваа вера, наместо тоа, ги обожаваат учителите, познати
под името тиртанкара (“оној кој гради мостови”) или џина (“оној кој надвладува”).
Учителите се луѓе кои се откажуваат од земните потреби и потоа ги пренесуваат
душите преку ”реката на преминувањето” од еден живот во наредниот. Основач на
џаинизмот бил 24. Џина , Махавира, или “големиот јунак” (540-468 година п.н.е.).
Ахимсата (принцип на ненасилство) е во основата на ова верување, а се верува дека
преку него верниците го прекинуваат циклусот на своето повторно раѓање. Ова учење
има големо влијание и врз припадници на други вери, вклучувајќи го и Ганди.

БАХАИЗАМ

 Време на основање: XIX век

 Број на следбеници: 6 милиони

 Распространетост: во целиот свет, но најмногу во Индија, Африка и Јужна


Америка.

Бахаизмот потекнува од исламот, во Персија во текот на XIX век, но станал вера


за себе. Негови основачи биле Мирза Али Мухамед, наречен Баб (“порта”), кој го
објавил доаѓањето на големиот духовен водач и самиот водач Бахаула (“слава на
Бога”).

Бахаизмот во себе обединува делови од сите стари светски религии. Верниците


се залагаат за рамноправност на половите, за задолжително образование и ред во

18
општеството. Тие сметаат дека нивните верувања претставуваат божествен план што
ќе го обедини светот и ќе донесе мир преку основањето светско законодавно тело и
усвојување еден јазик.

ШИНТОИЗАМ

 Време на основање: IV век п.н.е.

 Број на следбеници: 110 милиони

 Распространетост: Јапонија.

Шинто (пат на Боговите) е најстарата вера во Јапонија. За разлика од повеќето


други вери, таа нема ни основач ни свети книги, иако нејзините основни обележја се
обликувале, почнувајќи од IV век п.н.е. па досега.

Шинтоизмот е сосредоточен на обожавање на камии (духови). Се верува дека


камиите ги населуваат деловите на природата, како што се водите или планините, но и
исклучителните луѓе, како што е Буда или јапонскиот Цар. Иако повеќето шинтоисти
обожаваат земни камии, небесните камии, одговорни за создавањето на светот, се
спомнуваат дури во подоцнежните текстови; најважниот од овие духови е божицата на
сонцето Аматерасу. Шинто светилиштата се домови на камиите. Препознатливи се по
торите, односно вратите што се симбол на границата меѓу светот на луѓето и светот на
камиите.

Шинтоизмот и будизмот во Јапонија се мешаат; јапонците, на пример, можат да


имаат шинто свадба, а будистички погреб.

ТРАДИЦИОНАЛНИ ВЕРУВАЊА

ШАМАНИЗАМ

 Време на основање: веројатно, околу 100 000 години п.н.е.

19
 Број на следбеници: непознат

 Распространетост: во целиот свет, но најмногу во северна Европа, северна


Азија, југоисточна Азија, Африка и двете Америки.

Шаманизмот постои во многу традиционални општества во светот и опфаќа


многу верувања и обичаи. Шаманите, во повеќето култури, сепак извршуваат слични
задачи, како што е лекувањето на болните, предвидување на иднината и решавање на
споровите.

Шаманите дејствуваат како алка меѓу светот на луѓето и светот на духовите. Тие
патуваат во светот на духовите со паѓање во транс, за да го постигнат тоа употребуваат
халуциногени билки или постат, употребуваат тапани или танцуваат. Во светот на
духовите тие, на пример, се советуваат со духовите или починатите, ги спасуваат
заскитаните души на болните луѓе, или го собираат тоа што е потребно за лекување на
болестите. Шаманите често имаат духови помагачи, што обично потекнуваат од
животни, што им даваат дополнителна моќ.

Шаманизмот некогаш се јавува и во современите, урбанизирани општества,


каде некои луѓе го усвоиле како средство за откривање на непознатите работи на
своето постоење.

ВУДУ И СРОДНИ ВЕРУВАЊА

 Време на основање: Вуду е основан во западна Африка околу 4000 години


п.н.е., сродните верувања околу XVIII век од н.е.

 Број на следбеници: 60 милиони

 Распространетост: главно на Хаити, исто така и во делови на западна Африка,


Карибите и Северна и Јужна Америка.

Вуду верувањето има корени во древните верувања на народите во северна


Африка; името потекнува од јазикот на народот Јоруба, од зборот воду што значи
“дух”. Денес е официјална религија само во западноафриканската земја Бенин. Во

20
Јужна и Северна Америка го донесле робовите. На Хаити се одржало до XVIII век и се
прочирило на другите карипски острови и во јужните држави на САД. Во Јужна
Америка и на Куба довело до појавување на умбанда, сандомле и сантерии, односно
верувања кои претставуваат збир на западноафрикански традиции и римокатолички
обреди.

Во основата на вуду е Бог и групите лоа (духови). Некои лоа се поистоветуваат


со христијанските светци: на пример Ерзули (дух на љубовта), е пандан на Богородица.
Секој лоа се препознава по посебното однесување.

Луѓето стапуваат во врска со лоа, за да ја стават неговата моќ во служба на


зачувување на здравјето, среќата и заштита од злото. Во текот на обредите, хунган
(свештеникот) или мамбо (жена свештеник) го викаат лоа; тој потоа го обзема
верникот, кој паѓа во транс. Некогаш се принесуваат животни како жртва за лоа.

Познатата претстава на вуду, со зомби и употребувањето вуду кукли е производ


на филмовите и речиси нема допирни точки со изворните верувања.

АНИМИЗАМ

 Време на основање: веројатно, 100 000 години п.н.е.

 Број на следбеници: непознат

 Распространетост: во целиот свет, во традиционалните староседелски


заедници.

Анимизмот ги обединува можеби најстарите верувања. Денес може да се најде


само во заедниците што ги зачувале најстарите обичаи, како што се Аинуимите во
Јапонија и племињата во североисточна Индија.

Анимизмот, во својот наједноставен облик, претставува верување во светот


дека има духови што се недостапни за нашите сетила, но до нив можеме да дојдеме
на поинакви начини, на пример, преку обредите. Поимот “анимизам”, исто така

21
опфаќа и аниматизам: верување во универзална сила која постои во природата и и
дава некоја моќ, на пример, на лековитите билки им дава лековити својства.

Анимистите обично обожаваат полезни или убави делови од природата, како


дрвја и планини, но се плашат од опасните сили за кои сметаат дека се грабливи
животни.

Луѓето некогаш изведуваат обреди или носат амајлии, за да ги смилуваат


добрите духови, како што се боговите на плодноста, или да се заштитат од лошите
сили, како што се духовите што носат болест.

Анимизмот луѓето ги поттикнува да ја почитуваат природната средина и да


размислуваат за последиците од своите дела. Така, еден анимист, кога има намера да
убие животно или да исече дрво, обично претходно бара одобрување од нивните
духови.

ВЕРУВАЊА НА АВСТРАЛИСКИТЕ АБОРИЏИНИ

 Време на основање: околу 40 000 години п.н.е.

 Број на следбеници: непознат

 Распространетост: Австралија

Се верува дека Абориџините од Австралија и од блиските острови имаат една


од најстарите култури во светот – стара најмалку 40 000 години. Во текот на неколку
илјади години тие развиле сложена, истенчена духовност насочена кон нивното
опкружување. Има неколку стотици групи, секоја со свои митови и обреди, но кај сите
е застапена срцевината на верата.

Основна особеност на верата на Абориџините е состојбата наречена Сонување.


Таа состојба е вечна. Таа го опфаќа почетокот на времето кога духот на Предците
шетал по Земјата; таа продолжува и денес како вечно присутна духовна рамнина на
постоењето.

22
Земјата била пуста кога се појавиле Предците. Патувале преку неа, давајќи и
облик со својот лов, битки, логорување и танци. Тие ги создале и ѕвездите,
предметите, луѓето, растенијата и животните. Откако ја завршиле својата задача, некои
од нив потонале во Земјата и станале свети облици на природата.

Секоја група Абориџини ги зачувала песните во кои се зборува како е создадено


нивното парче земја на кое живеат и кои се однесуваат на делата на нивните Предци
поврзани со таа област. Песните на другите области се надоврзуваат една на друга,
создавајќи една целосна песна. Повеќе такви целосни песни во низа, градат мрежа
преку цела Австралија. Со толкувањето на овие песни луѓето можат да го следат
трагите во природата (пејзажот), дури и во за нив непознати области.

НЕОПАГАНСКИ ВЕРУВАЊА

 Време на основање: XVIII – XX век

 Број на следбеници: од 1 до 4 милиони

 Распространетост: главно во Европа и Северна Америка

Неопаганизмот претставува современо обновување на европските пагански


(претхристијански) верувања за кои се зголемува интересирањето, почнувајќи од 60-
тите години на XX век, особено меѓу Европејците кои се обидуваат на тој начин да го
повратат своето културно наследство. /главни облици на неопаганизмот се Вика,
Друиди (друидизам) и Асатра (нордиски паганизам).

Името Вика потекнува од староанглискиот јазик и значи “вештерка” или


“волшебник”. Се смета дека тоа верување е создадено меѓу древните Келти во VII век
п.н.е., а повторно заживува во Велика Британија во 40 –тите години на XX век.
Виканските следбеници го обожаваат врховниот Бог и Божица.

Нивното дејствување опфаќа бела магија и обреди сосредоточени на


природните циклуси на Земјата. Друидизмот потекнува од Келтите; обновен е во текот
на XVIII век. Друидите ги почитуваат дрвјата, пред се дабот и имелата. Тие

23
практикуваат пророштво што се заснова врз писмото огам во кое секоја буква
претставува некоја мудрост поврзана со одреден вид дрво. Друидите ги одбележуваат
краткодневицата, долгодневицата, амнодневицата и другите периоди во годината, со
изведување верски обреди на древните споменици, како што е Стоунхенџ.

Асатра е прифатена како вера во почетокот на 70-тите години на XX век. Таа има
своја збирка проза и поезија во облик на Еда на (старите нордиски митови), и свои
божества (Тор, Один и Фреја). Следбениците се собираат во групи, наречени Братства
за да оддадат почест на своите предци и да ги прослават годишните времиња. Тие се
занимаваат со пророкување.

СОВРЕМЕНИ ВЕРУВАЊА

НОВИ ВЕРИ

 Време на основање: XX век

 Број на следбеници: непознат

 Распространетост: некои, како саентологијата, во целиот свет; други, како Као


Даи (каодаизам) само во некои земји.

Во текот на XX век во целиот свет се појавија различни нови системи на


верувања. Некои ги измешаа идеите од постојните вери, а други се засновани врз
изворни облици на духовност и филозофија.

Еден пример на комбиниран систем е Као Даи, со следбеници во Виетнам. Тој


соединува делови од многу религии со духовни откритија усвоени од основачите во
20-тите години на XX век. Втор пример е Фалун Дафа (Фалун Гонг), основан во Кина во
1992 година. Иако тоа не е во вистинска смисла систем на верување, Фалун Дафа е
духовна дисциплина што се заснова врз таоистички и будистички концепти.

Некои системи имаат духовни верувања измешани со филозофски и политички


идеи. На пример, саентологијата опфаќа и источна духовна традиција и елементи од

24
Фројдовата теорија. Растафаријанството го соединува христијанството со
национализмот во Јамајка.

Неколку верски системи се наполно оригинални. Еден таков систем е Еканкар,


основан во 1965 година. Заснован е врз верувањето во Бог (наречен Сугмад) и ја
содржи идејата дека душите можат да патуваат низ различни области на постоењето.

СЕКТИ ВО РАМКИТЕ НА ГЛАВНИТЕ ВЕРИ

 Време на основање: различно време во текот на историјата

 Број на следбеници: од неколку илјади до неколку милиони

 Распространетост: во целиот свет.

Сите поважни вери имаат и разграноци наречени секти. Овие верски групи ги
имаат повеќето начела на главната вера, но се придржуваат и кон некои единствени
верувања.

Многу секти претставуваат поткатегории на вероисповедта (главни, веќе


постојни облици на верата). Христијанството, на пример, е составено од православна,
римокатоличка и протестантска вероисповед, од кои секоја има илјадници секти. Еден
пример за христијанска секта е Друштвото на пријателите (квекери) што се
сосредоточува на директната врска со Бога што се заснова повеќе на молитва во
тишина, а помалку на обредна и верска хиерархија. Сектите постоеле во текот на
целата историја. Некои, како сектата Зурван во рамките на зороастризмот, се
исчезнати. Некои веќе не постојат, но нивните идеи продолжиле да живеат: на
пример, фарисеите, еврејска секта од пред 2000 години, одамна исчезнала, но
нејзините идеи подоцна го инспирирале рабинскиот јудаизам. Други секти, како
исмаилизмот во рамките на шиитскиот ислам, се уште се активни. Некои секти се
развивале во прифатливи деноминации (вероисповеди) или дури во нови вери: на
пример, бахаизмот или бахајската вера, што произлегла од исламот, денес е посебна
вера. Неколку секти денес се популарни во светот, пред се Харе Кришна, што

25
произлегува од хиндуизмот. Сектите можат да имаат и свои разграноци. На пример,
мормонизмот има потсекти кои се уште ја практикуваат полигамијата, иако главната
црква таа практика ја прекинала.

Верските секти се одвојуваат по тоа што се уште се слични со изворната вера и


што ги задржале нејзините основни верувања. Ниту една христијанска секта, на
пример, не го оспорува значењето на Исус Христос. Некои групи имаат обичаи што се
повеќе својствени за култовите, како што е строгиот надзор над животите на своите
следбеници инасилните методи на придобивање свои членови. Секта што предизвика
критики поради таквото дејствување е Унификационата црква (Мунова секта).

НЕРЕЛИГИОЗНИ ВЕРУВАЊА

ХУМАНИЗАМ

 Време на основање: XVIII-XIX век

 Број на следбеници: 3 милиони

 Распространетост: во целиот свет.

Хуманизмот претставува верување дека “човекот е мерило за сите нешта”. Овој


систем во средиштето на животот го става разумот пред верата, а човечноста пред
какви било богови. Повеќето хуманисти се секуларни (нерелигиозни), но некои Евреи
и христијани го усвоиле хуманистичкиот систем на етика.

Некои од идеите што се темел на хуманизмот, постојат со векови. Античките


грчки филозофи ги доведувале под сомневање многу аспекти на живеењето,
вклучувајќи ја и улогата на боговите. Во Кина, Конфуциј го развил моралниот систем
што се заснова врз почитувањето и обврските кон другите. Многу подоцна, големо
влијание имал и логичкиот, рационален начин на размислување, што произлегувал од
европските интелектуалци, како што е англискиот филозоф Френсис Бекон (1561-1626),
а се засновал повеќе на разумот, а помалку на верата.

26
Хуманизмот во својот денешен облик се појавил во XVIII и XIX век. Во тоа време,
напредокот на научната мисла, како Дарвиновата теорија за еволуцијата,
претставувале предизвик за религиозната доктрина. Освен тоа, многу луѓе се
прашувале зошто проблемите, како сиромаштијата и угнетувањето, се уште постоеле
во општества чии етички вредности се засновани врз верски учења.

Во текот на XX век, верата во многу земји се издвои од политиката и јавниот


сектор (особено образованието) се повеќе станува секуларен. Масовните медиуми,
како радиото и телевизијата, и поголемите можности за патување, им овозможија на
луѓето да дознаат за постоењето на различните системи на верувања во целиот свет.

Денес се поголем број луѓе чувствуваат дека верата не мора да има врска со
моралноста, и го осудуваат тоа што сметаат дека се негативни аспекти на верата, како
догматизмот и нетолерантноста кон начините на живеење на другите луѓе.

Современите хуманисти, во чии редови се наоѓаат ценети мислители, често


отворено ги поддржуваат социјалните реформи, пацифизмот, човековите права и
законите за заштита на приватноста.

АТЕИЗАМ И АГНОСТИЦИЗАМ

 Време на основање: западните варијанти потекнуваат од XIX век

 Број на следбеници: непознат

 Распространетост: во целиот свет.

Ни атеизмот ни агностицизмот не се целосни системи на верувања бидејќи


немаат основна филозофија, ниту од своите членови бараат посебен начин на
живеење. Овие облици на мислење, едноставно, покажуваат отсуство на вера во
божества, или ги оспоруваат.

Атеизмот обично се дели на “умерен” и “силен”. Умерените атеисти не веруваат


едноставно зашто во себе немаат чувство за вера. Големите атеисти изведуваат
заклучок од постојните докази дека Господ не постои.

27
Неверувањето постои со векови. На пример, будизмот и џаинизмот се наречени
атеистички религии бидејќи не го поддржуваат верувањето во богови. Западниот
атеизам, како движење наспроти верата, се создал во XIX век и бил широко прифатен
од интелектуалците. Во XX век, атеизмот стана официјален систем на верување во
комунистичките држави, како СССР, Кина и Албанија.

Агностиците заземаат став дека постоењето на Господ не може ниту да се


потврди ниту да се оспори и дека тоа е надвор од човечкото сфаќање на нештата. Тие,
исто така, веруваат дека никој не треба да тврди нешто што не може да биде
потврдено со рационално испитување.

КОРИСТЕНА ЛИТЕРАТУРА

1. ЕНЦИКЛОПЕДИЈА Човек/ (превод Лавинија Шувака). – Скопје: Младинска книга, 2007 година

2. www.christianity.com

3. www.religioustolerance.org

4. www.religionfacts.com

28
29

You might also like