You are on page 1of 5

History of Art

Акварел – Стил на сликање со користење на водени бои – Aquarelle

Акватинт – Процес за резбање во метал – Aquatint


Асамблаж – Вајарска техника кој подразбира колажирањена различни предмети и
создавање тродемензионални композиции од тие предмети – Assemblage
Барок – Се појавил кон крајот на XVII век. Сликарството во барокот го развивал
односот на светлината и сенките и тежнеел кон развивање на динамика и
патетика која се потенцирала со силна гестикулација и динамика во потезите. Во
Барокот скулптурите се одликуваат со вознемиреност, буен волумен, и длабока
моделација поради која се појавува контрастот на светлината и сенките. По
тематиката, најчесто се обработуваат теми од христијанството, но чести се и
портретските скулптури како и надгробните скулптури.- Baroque

Гравирање – Техника на претставување некаква слика на тврда, рамна површина,


со создавање вдлабнатини во неа – Engraving
Градација – Визуелна техника на постпено преминување од една нијанса во друга,
или од една боја во друга – Gradation
Длето – Алатка која се користи за гравирање или сечење во дрво. Длетото има
накосен врв и се турка или рачно или со помош на чекан за отстранување на дел од
дрвената површина – Chisel

Дрворез, резба – Метода на релјефно сликање врз дрво – Woodcut

Еклектицизам –Еклектицизмот е вид на помешан стил во ликовната уметност. Се


карактеризира со позајмување на повеќе стилови од различни извори, кој потоа ги
комбинира – Eclecticism

Екоршѐ – Фигура која е насликана, нацртана или извајана, а ги покажува само


мускулите на телото без кожа – Écorché

Експресионизам - Експресионизмот тежнее кон изразување на внатрешните


напнатости, екстатичности, визионерството. Во ликовната уметност се
забележува посебно акцентирање на боите, а како претходник во слиакрството се
смета Ван Гог – Expressionism

Енкаустика – Стара техника на сликање со употреба на боја која се меша со стопен


восок – Encaustic

Избелување – техника за избелдување на бојата на сликата со внимателно


нанесување вода – Blanching
Импресионизам – Уметнички правец кој настанал во сликарството во Франција.
Главна карактеристика е сликањето во природа и бележење на моментите во
сликите – Impressionism

Класицизам – Во уметноста, класицизмот претставува изаразување почит кон


класичната антика. Класичната уметност се одликува со формалност и
воздржаност –Classicism

Колаж – Сликарска техника во која се користи лепење на различни материјали на


сликарска подлога – Collage
Кубизам – Сликарски правец кој настанал во Франција. Произлезе е од тезата дека
сѐ што постои во природата може ликовно да биде претставено со основните
форми, најчесто коцката. Кубизмот е фокусиран на проблемот на „објектот“, кој
треба да се реконструира – Cubism

Линиографија – вештина на цртање без да се крене моливот, пенкалото или


четката која се користи – Lineography
Литографија – Техника со која сликата се нанесува врз камен со мрсно мастило во
темна боја. Потоа каменот целосно се натопува во вода, при што водата
останува само на мрсните делови. Потоа каменот се поминува со валјак натопен
во боја и се добива крајната слика – Lithography

Маниризам - Правец во историјата на уметноста кој се јавува на преминот од


висока ренесанса во барок. Маниризмот се карактеризира со отстранување до
хармоничниот ред кој владеел во ренесансната уметност. Овој правец тежи кон
алегорија, енигматичност, обележување и особености. –Mannerism

Минимализам – Уметничко движење кое се базира на создавање слики, предмети и


скулптури чија вредност е исклучиво од естетски карактер. Минималистите го
ограничиле своето делување на манипулација со елемтите како што се бојата,
тоновите, облиците, линиите и текстурите – Minimalism
Модерна уметност – Период од крајот на XIX век сѐ до седумдесеттите години на
ХХ век.Карактеристични тенденции во развојот на модерната уметност се
индивидуализмот, субјективизмот, модернизмот и експериментирањето - Modern
Art

Монограм – Комбинација од букви, обично иницијали од нечие име, или скратен


потпис – Monogram

Надреализам - Делата на надреализмот го вклучуваат елементот на


изненаденост, неочекувани јукстапозиции и апсурдното; сепак, голем број на
уметници надреалисти, ја гледаат својата работа како израз на филозофско
движење најпрво и најмногу, со делата како артефакти – Surrealism
Неоипмресионизам - Mодернистички правец во сликарството што го вовеле
француските и белгиските сликари кои (покрај идејата за набљудување на
природата) водат сметка и за резултатите од т.н. научно експериментирање.
Неоимпресионистите ставаат на платното чисти бои и ги нанесуваат во вид на
точки, цртички или ситни дамки. Neo-impressionism

Неокласицизам – Уметнички правец кој ја возвишува уметноста на Античка Грција


и Рим и се надоврзува со стариот класицизам. Типични особини се гаење на
формите, стилско единство, точност и прецизност во изразувањето,
композициска урамнотежност, со потенцирање на значењето на интелектот. –
Neoclassicism

Отстранување – Уметничка техника која ги приморува гледачите да видат познат


предмет на непознат или чуден начин – Defamiliarization
Пастел – стапче од обоен восок, дрвен јаглен, креда или друг материјал кое се
користи за пишување, цртање, боење и други методи на илустрирање – Crayon

Патина – Промена на бојата и текстурите кои настануваат на површината на


бронзата или некој друг метал. Се појавува поради оксидација или некој друг
хемиски процес и обично има зеленкаста боја – Patina
Перспективно смалување – Техника која се користи за да се создаде илузија дека
некој предмет се намалува во далечината или позадината – Foreshortening

Пирогравирање – Вештина на декорирање дрво или друг материјал со горење –


Pyrography
Пластење бои – Техника во сликарството во која бојата се нанесува на платното
во дебели слоеви - Impasto
Поентилизам – Сликарска техника која настанала во Франција во која примарните и
комплеметарните бои се нанесуваат на сликарската површина со кратки потези
(точки) една до друга, за во окото на набљудувачот да создаде илузија на целина во
формата – Pointillism

Позлатување – терминот покрива поголем број на техники на украсување преку


нанесување тенки златни ливчиња или прав на површината на дрво, камен, кожа,
керамика, стакло, хартија илиметал – Gilding
Полирање – Керамичка постпка за рамнење на површината, со користење на
цврста површина како на пример: дрвена или коскена лопатка, мазни камења или
пластика – Burnishing
Поп арт - уметнички правец настанат во 60-тите години од 20-иот век, како
современа уметност која корени наоѓа во дадаизмот и кубизмот. Во превод би
значело популарна уметност, парафразирајќи ја сеприсутната култура од
секојдевието, во облик на уметност, менувајќи ги границите на дотогаш
небитното и баналното - Pop Art
Постимпресионизам – Уметнички стил инспириран од импресионистичките
теории. Преставниците на постимпресионизмот се стремеле кон враќање на
враќање на структуралната организација во пиктурална форма, нагласување на
декоративната организација на композцијата и свесно претерување во изгледот
на природата поради презентирање на емоционалниот однос кон моделот - Post-
impressionism

Реализам - Реализам во ликовната уметност е стилски правец кој тежнее да ја


прикаже стварноста, а трае од половината до крајот на 19-от век. Реализмот се
залага за објективност и уверливост во приказите и опишување на фактите на
стварноста и ја открива законитоста на општеството – Realism

Ренесанса – Ренесанса  е културно движење кое, во главно, го опфаќа периодот од


XIV до XVII век. Во уметноста, религијата е најчеста тема. Новост е појавувањето
на некои нови жанрови, како што се портретот, пејзажот и мртвата природа -
Renaissance

Реставрација – процес за вракање на старо или оштетено уметничко дело во


оригиналната состојба – Restoration

Ретуширање – Повторно нанесување на боја на места кои избледеле или ја изгубиле


бојата – Retouching

Рококо – Уметнички стил, поточно завршен облик на барокот. За разлика од


барокот, стилот рококо е префинет. Го одлкуваат сликовитост и раскош на
декоративните елементи и нежност на боите и формите – Rococo

Романтизам - Романтизмот се јавува како реакција на класицизмот кој на својата


поетика и ја забранувал полната слобода на индивидуалното творештво.
Романтичарите најпрво ја нагласуваат слободата и мечтите, а изворите на
своите теми ги бараат првенствено во легендите и историските настани и,
неретко, во народната поетика. Тоа вреди и за романтичарските сликари, кои
посебно внимание придаваат на обликување на композицијата и патетичниот
израз, нагласен колорит и воочливо контрастирање – Romanticism

Сецесија (Арт Нуво) – Последен уметнички универзален правец кој успеал да внесе
сопствен уметнички печат. Овој правец највеќе се одразил во архитектурата,
сликарството и вајарството, но оставил и јасен печат во декоративната и
применета уметност. За главни знаци на сецесијата се сметаат орнаментите и
употребата на необични бои - Art Nouveau

Симболизам – Симболизмот е движење чија цел е да претстави работи кои не


можат да се опишат рационално, односно треба да се наслика нешто или опише
нешто незамисливо и да допре во битта на стварноста. За тоа допринесува
симболот преку кој треба да се открие тајната скриена во внатрешноста на
работите – Symbolism

Современа уметност – Под современа уметност се подразбира уметноста која ја


создаваат и перцепираат современиците и како што не постои цврста рамка за
„современо“, така не постои правило за нејзината присутност и временска
ограниченост - Contemporary Art
Сфумато – Сликарска техника со која бавно или непрестано се губат облиците и
постојано се мешаат сенките и светлата. Се карактеризира со отсуство на нагли
премини и нагли граници меѓу делови од сликата – Sfumato

Тонализам – Уметнички стил во кој најзастапени се пејзажите нагласени со магла.


Во овој стил, најчесто доминираат неутрални нијанси на сива, кафена и сина боја –
Tonalism

Футуризам – правец во уметноста кој претставува радикална варијанта на


експресионизмот. Овој правец е заснован на ритамот и тенденциите на
модерната, машинска цивилизација: на енергијата и лудата смелост, дрскост и
побуна, на брзината од тркачкиот автомобил и авионот, на убавината и занесот
на борбата, на пламенот на војната итн. – Futurism

Шрафирање – Техника на сенчање која се користи во сликањето и цртањето,


кадешто сенките се создаваат со серија на тенки линии кои се најчесто паралелни
– Hatching

Арсов Томи

23080

You might also like