You are on page 1of 6

Програма за слободен изборен предмет

ООУ: Блаже Конески – Скопје


НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА СЛОБОДЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ

СЛОБОДЕН ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ: СЛИКАЊЕ, ЦРТАЊЕ,


ВАЈАРСТВО

ПОВРЗАНОСТ СО НАЦИОНАЛНИТЕ СТАНДАРДИ

Ученикот/ученичката знае и/или умее:


-ги изразува сопствените идеи, искуства и емоции, користејќи уметнички или други
форми на креативно изразување (индивидуални или колективни),
-да манифестира познавање на сопствената култура и на различните начини на
нејзино изразување преку литературата и визуелните уметности,
-развива критички однос кон различните продукти на уметноста кој е битен за
развивање на индивидуалните и општествените естетски вредности.
-прави процена на сопствените способности и постигања (вклучувајќи ги силните и
слабите страни) и врз основа на тоа да ги определува приоритетите кои ќе му/ѝ
овозможат развој и напредување;
-си постави цели за учење и сопствен развој и да работи на надминување на
предизвиците кои се јавуваат на патот кон нивно остварување;
-сопствените постигања и добросостојба во најголема мера зависат од трудот кој
самиот/самата го вложува и од резултатите кои самиот/самата ги постигнува;
-секоја постапка која ја презема има последици по него/неа и/или по
неговата/нејзината околина;
-иницијативноста, упорноста, истрајноста и одговорноста се важни за спроведување
на задачите, остварување на целите и надминување на предизвиците во
секојдневните ситуацииинтеракцијата со другите е двонасочна
– како што има право од другите да бара да му/ѝ биде овозможено задоволување на
сопствените интереси и потреби, така има и одговорност да им даде простор на
другите да ги задоволат сопствените интереси и потреби;
-барањето повратна информација и прифаќањето конструктивна критика водат кон
личен напредок на индивидуален и социјален план;
-секој граѓанин треба да презема одговорност за промените во природата
предизвикани од активностите на човекот;
-работната етика, културната чувствителност и односот кон другите се значајни за
креирање и одржување позитивна работна клима

ПЛАН ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА СЛОБОДНИОТ ИЗБОРЕН ПРЕДМЕТ

Број ПОДРАЧЈЕ Вкупно

1. Цртање 14
2. Сликање 14
3. Моделирање – вајарство 8
Вкупно 36 часа

Изработиле: Актив на четврто одделение


Програма за слободен изборен предмет
ООУ: Блаже Конески – Скопје

РЕЗУЛТАТИ ОД УЧЕЊЕТО

- користење нови поими и термини од ликовната уметност;


- користи разни ликовни материјали и да ги усовршува техниките за цртање,
сликање, обликување во просторот, моделирање и градење, графика, визуелни
комуникации и д;
- ги изразува самостојно и слободно своите сознанија, чувства, доживувања и
впечатоци, мисли и фаназија со помош на ликовниот јазик и творештво;
- ја развива способноста за аналитичко набљудување и да забележува слични и
разновидни форми во природата и ликовните дела;
- забележува богатство на линии и нивниот сооднос, како и ги применува;
- ги проширува сознанијата за боите и нивните основни колористички односи;
- ги развива способностите за проценка на просторот (надворешен, внатрешен,
природен, функционален);
- се оспособи да компонира ликовни елементи (линија, форма, боја, волумен,
површина) и да формира естетска целина;
- се поттикнува да направи избор на идеја, активност и соодветни средства и да
состави ликовна творба;
- се поттикнува вербално да објаснува ученичка ликовна творба или уметничко
дело;
- се поттикнува на сопствена естетска проценка;
- прави разлика на уметнички дела од разлини ликовни подрачја (цртеж, слика,
скулптура, графика, архитектура);
- ги применува стекнатите знаења и вештини за ликовно изразување, како и да ги
негува хигиено-техничките и работните навики;
- гради позитивен однос кон културното наследство од различни етнички
заедници;
- ги препознава визуелните медиуми и средства и нивната функција;
- умее да ја користи компјутерската техника за ликовно изразување;
- преку ликовно творештво се ослободува од стрес.

ТЕМА 1: ЦРТАЊЕ
Да се развијат следните знаења/вештини, ставови, вредности
- ја развива перцепцијата и да увидува разлики во природниот простор (езеро –
планина, ливада – улица);
- набљудува и препознава функционален простор (училница, соба, кутија, торба
и сл.);
- воочува и споредува целина и детали;
- развива поголема визуелна осетливост;
- воочува ритам во природата и да го применува во цртежот;
- забележува светло и сенка и со сенчање да ја преставува сенката на
предметите;
- ја развива креативноста и умешноста во изразувањето со користење на линии
со различен карактер и густина;

Изработиле: Актив на четврто одделение


Програма за слободен изборен предмет
ООУ: Блаже Конески – Скопје
- забележува визуелно и тактилно разлики на текстура во природата (мазно-
рапаво, тврдо-меко, бодливо...);
- претставува со цртање видови текстури;
- препознава сличности кај разнородни и разлики кај истородни облици;
- користи креативно и да комбинира линии, светло – сенка и текстура;
- користи ритам и контраст на линии и облици во својот ликовен израз;
- перцепира разновидност на облици, форми, големини, симетрија и асиметрија
во природата;
- стекнува елементарни знаења за симетријата и истата да ја применува во
цртежот
- ги усовршува вештините за употреба на тушот;
- стекнува нови знаења и вештини преку совладување на нови техники и постапки
– лавиран туш, бајц;
- се оспособува за визуелното и тактилното помнење и истото да го користи за
креативно изразување и компонирање во ликовна целина;
 ја користи фантазијата за ликовно изразување на слушаната музика (од
акустични во ликовен симбол);
 набљудува уметнички дела (цртежи) и стекнува основни сфаќања за
уметничкиот простор;
 го открива и анализира богатството на линии (испреплетеност, контраст, ритам,
текстура и др.) на цртежи на познати уметници.

Содржини и поими (секоја содржина Примери за активности


се обработува по два часа) 14 часа
Цртање: Линија – видови линии – Опис на собата, цртање, презентација на
„Мојата соба“ цртежите
Цртање: Линија – ритам на плоштина – Разгледување слики на интернет,
„Куќа ѕидана со цигла или камен Селска карактеристики на селска куќа,
куќа“ сличности и разлики со модерните
домови, цртање по одреден пример или
сеќавање од посета кај баба и дедо
Цртање: Симетрија „Пеперутка“ техника Повторување за симетрија, примери на
- фломастери симетрични предмети, цртање пеперутки
со различни шари
Цртање: Простор – сооднос на простор и Разговор за листопадни и зимзелени
облик; Мотив – Шишарки на зимзелено дрвја, прошетка во блискиот парк,
дрво; Техника – туш цртање шишарки

Цртање: Текстура – „Кора од старо дрво“ Собирање на кори од дрвја, споредба,


разгледување на слики, прошетка во
училишен двор, цртање на кората од
дрвото
Цртање: Линија – ритам на форми и Прошетка во блискиот парк,
линии – „Дрворед, ограда“ техника – туш разгледување на слики од дрворед,
ограда и слични форми во околината,
цртање со техника туш
Цртање – Пролет техника фломастер Разговор за природата во пролет,

Изработиле: Актив на четврто одделение


Програма за слободен изборен предмет
ООУ: Блаже Конески – Скопје
прошетки низ нашиот училишен двор,
разговор за пролетен излет, цртање со
фломастери

ТЕМА 2: СЛИКАЊЕ
Да се развијат следните знаења/вештини, ставови, вредности
- знае да ги користи соодветно подлогите, приборот и сликарските материјали;
- воочува односи на бои и тонови како и да создава представа за колористички
појави во природата и уметничките дела;
- ги забележува боите и тоновите во непосредната околина и со сликање да ги
претставува;
- воочува и препознава ахроматски и хроматски бои;
- препознава и применува при сликањето комплементарен контраст на бои;
- ги препознава и применува комплементарните парови: зелено-црвено, жолто-
виолетово, портокалово-сино;
- стекнува елементарни знаења за мешањето на ахроматските бои и добивање
на тонови со различна валерска вредност;
- стекнува нови знаења преку совладување на нови техники и постапки – лавиран
туш, бајц;
- ги комбинира креативно боите со форми, текстури;
- ги изразува своите емоции преку контраст: светло-темно или комплементарен
колорит;
- комбинира креативно форми, бои, ритам, големини;
- истражува и експериментира со ликовните техники и елементи;
- се оспособува да комбинира линеарен цртеж и текстура и на истиот да
интервенира со акварелни бои или гваш.

Содржини и поими (секоја содржина Примери за активности


се обработува по два часа) 14 часа
Сликање: Хроматски бои – „Овошје во Повторување за хроматски бои, спектар
чинија“ на бои и сл. разгледување на дела од
познати уметници кои сликале мртва
природа
Сликање: Ахроматски бои – „Град, Повторување за ахроматски бои,
загаденост во градот“ разговор за загадувањето, следење на
резултатите од загадувањето во Скопје,
сликање на мојот загаден град
Сликање: Градација на бои и тонови Прошетка во блискиот парк,
„Крошни на дрвја“ - гваш разгледување на дрвјата и нивните
крошни, сликање со техника гваж,
градација на бои и тонови
Сликање: Боја – топол и ладен колорит - Игра на снег или разговор за игрите на
„Деца на снег“ техника – гваж снег, сликање на дечиња кои играат на

Изработиле: Актив на четврто одделение


Програма за слободен изборен предмет
ООУ: Блаже Конески – Скопје
снег
Сликање: Боја – локална боја (боја каква Прошетка во природа доколку има
што е во природата) – „Градинар во можност или разгледување на слики од
градина со цвеќе“ техника – темперни природата, сликање на градинар кој
работи во градина.
бои

Сликање: „Пролет во мојот крај“техника Прошетка во блиската околина,


– темперни бои разгледување на промените во
природата во пролет, сликање на
пролетта со темперни бои
Сликање: Облик сооднос на повеќе Разговор за летниот распуст и
ликовни елементи – „На летување“ подготовка за летото, сликање летување
техника – темперни бои со помош на техника темпера

ТЕМА: 3 ВАЈАРСТВО – ОБЛИКУВАЊЕ, МОДЕЛИРАЊЕ


Да се развијат следните знаења/вештини, ставови, вредности
- умее фокусирано да набљудува, истражува и воочува визуелни разлики и
волумени на истородни и на ранородни форми;
- се оспособува да ја забележува тридимензионалноста на предметите во
просторот;
- се поттикнува да обликува тридимензионална фигура;
- диференцира (разликува) различни пропорции: големо-мало, цело-детал;
- ги усовршува и користи при моделирањето разните постапки на работа;
- воочува и препознава и да користи симетрија или асиметрија;
- ја усовршува умешноста за користење материјали за тридимензионално
обликување и при обликувањето да применува разни постапки (кинење,
лепење, составување, врзување, превиткување и др,;
- составува ликовна целина – асамблаж од предмети од разновидни материјали
(дрво, хартија, пластика);
- забележува елементарни ликовни карактеристики на релјеф, скулптура;
- умее да разликува релјеф и полна пластика;
- се запознава со различните скулптури во секојдневниот живот.

Содржини и поими (секоја содржина Примери за активности


се обработува по два часа) 8 часа
Обликување во просторот, моделирање: Повторување за домашни животни,
Волумен – волумен во просторот – дете зошто човекот ги припитомил, која е
и користа од нив... изработка на дете,
животно, кобила и ждребе - скулптура животно, кобила и ждребе од пластелин

Обликување во просторот, моделирање: Прошетка до блиската крстосница,

Изработиле: Актив на четврто одделение


Програма за слободен изборен предмет
ООУ: Блаже Конески – Скопје
Симетрија и асиметрија „Автомобили“ набљудување на различни видови
техника – глинамол автомобили, големини, форми,
движење, насока и сл
Моделирање на автомобил по желба
според набљудувањето
Обликување во просторот, моделирање: Разговор за празникот на жената,
Композиција во простор – асамблаж – изработка на подарок за мама, (вазна,
„Компонирање на готови предмети“ кошничка, срце, букет и сл.) изработка на
творби од пластелин
техника – пластелин

Обликување во просторот, моделирање: Повторување за 3Д форми, разлика со


Композиција – Геометриско тело и 2Д формите и сл. обликување на
слободен волумен – „Човек седнат на геометриско тело и слободен волумен
( пр.човек и коцка), техника глинамол
коцка“ техника – глинамол

Изработиле: Актив на четврто одделение

You might also like